Честиткиии Која разлика со Систина. Јас платив 49.500, за 1 ембрион, 1 година, а секоја наредна година 200 евра Малце им диши главата, ама тоа е. Одсекогаш приватните болници се богателе на маката на народот.
На муабетот за замрзнување, тукушто се роди бебе од дониран ембрион замрзнат 27 години. https://www.instagram.com/p/CIUOR46BQq_/ Мислам дека нема, барем во Охрид.
Девојчиња, дали дијагностичка хистероскопија се прави со анестезија? Конкретно за Систина сакам да слушнам мислења од некој кој има правено. Јас имам правено пред 2 год одприлика, во Чаир. Тогаш ми отстрануваа септум. И скречинг имам правено еднаш без анестезија. Сега сакам уште дијагностичка да направам , за секој случај. Ама не ми е јасно баш како иде. Си размислувам може ли да влезе докторот со камерата ( без анесрезија) , да ја види состојбата , па ако има потреба тогаш да ми стават анестезија и да работи тоа што ќе работи , а ако е све во ред да ми направи само скречинг, на живо?
Девојки дали некоја примала цикло прогинова во бременоста(само белите таблети)? Ме интересира до која недела се примаат?
Пред 2 години кога прашував беше на пола цена од замрзнување на ембриони. Логично би било да е 200 евра сега. Во ценовникот им пишува дека е 25.000 ден но за 5 год. Исто така во ценовникот им пишува замрзнување на ембриони дека е 43.000 ден за 5 год. Ама јави им се. Ќе ти кажат најточно
Бубче јас имам правено дијагностичка хистероскопија, ама во Ремедика кај Димитров. Траеше негде 30 мин со анестезија. Незнам дали би ти правеле без анестезија. После тоа имав огромни болки , 5 саати бев на интензивна, а ништо не ми извадија тука само дијагностичка и скречинг
Јас правев дијагностичка во Њуборн односно требаше да биде дијагностичка но заврши како оперативна.Со целосна анестезија беше.Знаеш јас колку се плашам од анестезииама ова ми беше најлесното искуство.Како за 1 минута да заврши се
@IRBBB Во Битола одам кај др. Костурски.. Има приватна лабараторија и прави прегледи. Работи како еднокринолог.. Основач бил на нуклеарна медицина во Битола.. Можеш на интернет да најдиш број и да зборниш со него.