Мене првата на Гак ми беше со анестезија(кратка),втората во приватна клиника без анестезија..не беше болно само малку непријатно чувство додека ја полнат матката со раствор(вода) што ли е ,си влегува со камерчето гледа се..за во Систина немам искуство.
При стимулации за ифв во Јули ми се појави полип,после 2 циклуса хистероскопијата беше за полипот ама полипот веќе го немаше...само скречинг направија..ова беше Август и во Октомври веќе трансфер.(Двете хистероскопии ми беа за полип кој исчезнуваше кога ќе стигнев до хистероскопија ).
https://www.adiva.hr/zdravlje/zensk...bulante-histeroskopija-bez-bola-i-anestezije/ Вака и мене докторот ми објасни за офис хистероскопија.
Здраво женички. Долго време сум на фемина но не пишувам веќе неколку години а редовно ве читам.Накратко мојата историја е 10 години во брак едно неуспешно инвитро во Грција.сега заради короната сакам да правам овде на приватно. имав одлучено да пробам во систина кај доктор Слободан или Попович но се двоумам. посебно одкога прочитав тоа што и се случило на женичката на која и згрешиле кога ги оплодувале јајце клетките. Сега ми е страв да не ми се случи и мене нешто такво.што би ми предложиле вие?дали и во таа новата клиника може да се случи такво нешто.ми кажуваат да во нјуборн имале многу успешни инвитра.Секој совет ми ке ми значи многу.
Еве јас ќе ти одговорам прва. Немој некои случаи да те премислат само нека бидат за памет повеќе (бар за мене) односно, закажи си и консултација со ембриологот и поразговарај. Договорете се што може да се очекува и што ќе се прави конкретно во вашиот случај..за и против.. Докторите се добри и ваму и таму, секој има различен успех секаде, најубаво е да се видиш со тие што ги мислиш и каде ќе посакаш направи. Ти посакувам успех
Уште кога го имав прочитано тој пост прво што напишав беше дека не треба да се верува во се што ќе се прочита на форум. Потоа дискусијата продолжи во друга насока па баталив. Јас лично не верувам дека доктор од таква реномирана болница може да се јави на пациент и да каже - погрешив , тоа е тоа. Првиот ден и јас се подисплашив и реагирав бурно и си окркав стрес. Но се смирив откако разговарав со докторот Затоа ќе ти препорачам све што ќе прочиташ на интернет да земаш со резерва. Избери си доктор и терај. Довербата во докторот е многууу битна. За избор на доктор не можам да ти сугерирам, ниту па за избор на клиника. Сум била буквално во сите клиники, секаде имам направено ивф. Веќе не мрдам од Систина па што и да слушнам/прочитам. Инаку јас сум си кај Поповиќ, а за ембриолозите во Систина имам само пофални зборови. До неоплодување верувам дека може да дојде секаде и секогаш. Но такво понашање од страна на докторите/ембриолозите не верувам дека постои. Со среќа што и да одлучиш. П.с ваучери немаш користено?
Ми бараат 4 инсеминации за ваучер затоа ке одам приватно.и мојот маж најмногу сака во систина да правиме.попович ни се допадна и нас ама многу се зафркава некако а доктор Слободан ни се стори посериозен и постручен.
Епа тогаш терај Систина. И да, др Поповиќ е помаабетџија, а Лазеревски не зборува многу. Работи и молчи Но така не се мери стручноста на докторот. Добро, а која е причината заради која ќе правиш ивф? Штом ти бараат 4иуи значи имаш проодни канали и немате проблем со машкиот материјал. Не те прашувам од радозналост туку само гласно си размислувам зошто не пробате бар една иуи.
Мила моја Твинс, добрино, поддршко жалам за твојата загуба што и да ти напишам нема да ти ја намали болката, а искрено останав и без зборови од тага. Ќе те замолам за себе а и за тие околу тебе што те сакаат да собереш сили и уште похрабро да зачекориш кон посакуваната цел. Сѐ е од Господ, тој не заборава добри души како тебе. Те гушкам, биди силна
Не се плаши, оди и собирај си документи, секаде се почитуваат препораки. Истите се како за секое ивф, без разлика за прво или второ дете.
Фала ти драга за поддршката и искрените желби за понатаму... Полека но сигурно чекорам напред,душава уште ме боли,но мозокот не ми дозволува болката да ме завие,така да можам слободно да кажам дека ова ми беше уште еден (се надевам последен) успешно положен тест кој секојпат го добивам од Тој горе дека и овојпат не паднав во искушението што се вика тага, разочарување ,депресија... Богами положив..одам понатаму, стабилно и похрабро со главата горе ,водена од моето животно мото дека СÈ СЕ СЛУЧУВА СО ПРИЧИНА... Поздрав драга,ти посакувам успех и среќа за се што ќе правиш и очекуваш во иднина!!!❤❤
И јас исто на колку испити имам паднато млада ппчнав со 28 години стасав до 35 помлада бев резхлтати лоши е тоа е господова работа искушение да се борам но уште не се предавам но ова чеканје ме убива да стасам до целта да фатам дете во прегратка болката е огромна помислата дека бог ни дава надеж јас верувам баш кога најмалце очекуваме...
Само верба и позитивна мисла.Јас на 27 се омажив,малку подоцна почнавме со таа тема,па дури во 39год.успев.Радост голема.Господ е Голем ќе даде среќа секаде каде треба
Да да радостт најголема верба ама бог дава надеж осекам близу сум до целта па ке издржам уште некој месец верувам во бог во себе и докторот иако понекогаш се секирам ке стасам до 36 години!ама ке биде како треба да бидее
Sakam da znam in vitro vo sistina, kolku ve fatila baska vaucher, znaci dopolnitelni troskovi, prvoto vo new born go imame napraveno ama neuspesno, dodatni troskovi ako se sekjam negde 100 evra, sakam da znam vo sistina kolki e toj pausal baska vaucherot, znaci samo vo sistina bez tie dodarnite hormoni i gelovo sto se zimat se do testot