Prasuvam bidejki zena mi pred dve meseci koga napravi laparaskopija ni rekoa deka ke cini 77 000 denari, a na kraj plativ 87 000 denari,
Женски дали од хормонскиот статус каде пролактинот e 543 (118-555 е граница) и TSH е 3,4 може да бидат проблем за да се прави ин витро? Секако ќе се консултирам со докторот, но ме интересираат вашите искуства. Поздрав
Може да се прави ивф ама прво да ти дадат терапија. И двата хормони ти се на горна граница, за месец дена ќе ги регулираш
Значи ништо не платив плус...освен витамини/суплементи што ни даде докторот на двајцата. И после за смрзнување плативме 49.500, ни остана само еден ембрион, тоа не го покрива фондот, и цената е иста без разлика колку ембриони имаш (ова е опционално, не мора да го направиш/платиш). Да напоменам, ми стигнаа фостимони по број колку што одат преку фонд, дури и останаа, па не докупував приватно. Инаку на почеток ми кажаа зависи како ќе иде растот на фоликули, може ќе треба да докупам.
Фала ти. А естрадиолот ми е 0,19 (0,05 - 0,7) тоа во фоликуларна фаза (на 3ти ден од циклус),мислам дека е покачен. Ова на што влијае дали знаеш?
Здраво на сите! Се спремаме за нашето прво ивф и тоа со донирани ј.к. Би сакала да чујам од вас позитивни искуства на оваа тема. Колку толку да добијам надеж затоа што навистина не е едноставна ситуацијата да се соочиш со ваков проблем на едвај 30 години. Инаку освен намалената резерва и јас и сопругот сме комплетно здрави и затоа некако се надеваме дека наскоро ќе успееме Ви благодарам на сите што пишувате тука, што давате поддршка кога е најпотребна. Лавици сте сите!
Среќно Бахена, за каде се одлучивте ? Тука сме за поддршка а за совет тие што поминале низ процесот, јас уште не сум почнала Те гушкам
Колку ти е амх, за да пробаш со природен модифициран циклус? Викаш дека ти е прво па сепак да пробаш барем вака.
Кога веќе сте се одлучиле за донација би ти препорачала надвор од државава...не дека и тука нема успеси ама сепак те советувам убаво да размислиш бидејќи многу е скапо а немаш никаква гаранција.Ти посакувам среќа и успех од прва.
Баш ми е жал, и јас одам со донирани, две Ивф неуспешни, се надевам третото ќе биде успешно следново лето. Што имаш испитано до сега?
Гаранција нема ни на другиот крај од светот да отидеш. И милион евра да искешираш , за жал никаде нема гаранција дека ќе успееш. А и цените се скоро па исти секаде