Девојки пишав и во темата за имсеминација ама немам одговор а тука сте поактивни, дали со дијагноза олигоастенозооспермија е можна успешна исеминација? Колку % треба да има за да има успешна исеминација?
Се зависи од тоа дали ќе треба да докупиш фостимон или не... јас докупив 10 , значи уште 14000 плус , и перапијата што ти ја даваат после трансфер сам си ја купуваш се зависи што ќе ти препишат
Девојки, само за инфо,бев вчера на ГАК, работат и во недела. И немаат реагенси за АМХ и Кортизол. Позз и убав ден
Девојки да се пофалам неможам без вас, денес си бев на преглед и си го видов точкичето мое правилно е наместено со жолто ќесе др. рече е сега може да се честита супер е се на 14 контрола за срценцето. Желба ми е голема сите да се видеме како мајки на здрави живи бебенца. Ве гушкам сите до една бидетњ во борбата за да дојдете до успехот
Здраво...трошоците се индивидуални и зависат од тоа како ке реагираш на стимулацијата и дали ке треба да докупуваш инекции покрај оние што ти следуваат од фондот. Јас на пример доплатив(во Њуборн) 7.732 ден.(2 хормони,1 мериоферт, 2 овитрел-стоп инекција, и инфузијата после трансфер.) Но,многу пари влечат терапиите пред и по трансфер... Башка јас примав и + 5 ком цетротиде кои ги набавив од Косово,а во нашите клиники се поскапи Се вкупно, со замрзнување 2 ембриона (=24 150 ден),со докупувањето инекции,со терапиите(клексани,кринон гел,пролутекс,прогест.депо,витамини,суплементи .....) мене ме чинеше околу 1.200 евра покрај ваучерот....тука спаѓа и терапијата после позитивна бета која во Борн ја препорачуваат наредни 2 недели истата како и после трансфер...(барем кај мене беше така) Секоја клиника дава различна терапија и стимулација,но и во иста клиника терапиите и стимулациите не се исти за секоја пациентка... Не можеш да знаеш однапред колку ке те чини на крај...стимулациите ти ги даваат постепено ,според резултатите од хормоните и сл... И да го прашаш докторот колку ке те чини,нема да знае да ти каже однапред... Среќно!!!
Еве едно инфо и од мене во врска со клексаните... Кој е во постапка за поднесување во фонд,може да поднесе и со извештај од специјалист гин.од ГАК да не чекате термини за на трансфузиолог... Јас поднесов со извештај од ГАК (валда може и спец.гин. и од Чаир) пред околу 2,5 недели и еве денес ми ги рефундирале средствата... Поздрав,убаво попладне❤❤
Јас после првиот спонтан испитав..и сега истото ке го направам...Треба да се направат сите испитувања по предлог од докторот...не се тие испитувања за џабе,знаат зошто не праќаат... Мачно е ,ама мораме....
Јас пиев овунорм,а сопругот профертил...кај нас имаше успех...успешна бременост и 4 замрзнати...а и годинки си имам...ти посак6вам успех...
И јас правев кај истиот доктор во ремедика и јас бев со целосна и кога се разбудив ме болеше некое време вадев мал септум по после два спонтани.....сепак се работи внатре,не знам дали ќе може без анестезија...дали ќе се нафатат....аме сепак консултирај се....јас мислам ако е само за камерче може да се издржи,ама ако има зафат отстранување септум,тоа сигурно боли....со лесно
Здраво девојчиња, испитав што ми рече др, уште за генетските немам резултати, ама прошлата год немав мутирани гени кога испитував на Трансфузиологија. До сега: глукоза 5.40 (3.5 - 6.1), инсулин 6.14 (3 - 25), ТСХ 2.34 (0.35 - 5.5), ФТ4 14.52 (11.5 - 22.7), ФТ3 5.69 (2.8 - 6.5), Андростенедион 5.01 (1 - 11.5), ДХЕА 74.9 (35 - 430), ПРЛ 36.1 (1.9 - 25). Гледа некој проблем со имплантација, освен ПРЛ кој секогаш ми е таков? За Анти тг и анти тпо ми рекоа преку интернист, а за ПРЛ да одам кај ендокринолог, така? Исто сакам и д вит да испитам. Поздрав и фала!
Генетски мутации колку што знам не се менуваат. Пролактинот да, мораш да го спуштиш, мене ми одредуваше доза гинекологот за инвитро. Доста е битен за имплантација. Витамин д обавезно да провериш. Антителата мислам дека немаш потреба, во нормала ти се хормоните, и да има измени нив ќе ги средуваш со терапија.