Сега ме прати докторот во МАНУ за генетски, поопширно било. Ќе видам за вит д на државно кој може да ми даде упат. Фала најмногу!
Не сум примала, матичниот рече нема проблем со 30 - 35, ама му кажав на докторот за Ивф, затоа испитав пак.
Чудно како таму каде што си правела ивф не ти кажале дека треба терапија за ваков прл. Колку што паметам ти си со 2 неуспешни трансфери и тоа со донирани, требало да се реагира до сега за него
Кога го прашав докторот сега дали е тоа проблем, рече дека може да е проблем за спонтан, као демек не за имплантација. Може некогаш да промакне нешто, ама мислам дека не е толкав проблем. Сепак, ќе го средам. Фала Бубче!
Баш ради тоа мора терапија, јас со среден пролактин пиев терапија до 13 та недела. Подобро на време да се среди.
Ова испаѓа дека спонтан е помалку страшно од неуспешна имплантација Тебе навистина не ти е нешто многу висок, ама не го оставај таков. Барем тоа може да се среди со мала доза. Ајде, Во новата година цакум пакум ќе бидеш и мешко ќе се наполни
А бе цело време под стрес и под хормони, ништо чудно што имам проблем. Ама морам и да ослабам, до сега не можев ради Ивф и терапијата, ама од сега ќе морам. И шеќерот ми се покачил и тироидната. Морам да си најдам издувен вентил. Да се преселам на планина и да планинарам. И воздухот влијае, и коронава сега, се затворивме дома. Ајде биче боље. Ти се надевам си добра. Фала многу и среќна нова и за тебе!
Да може, после епидемијата дозволија рефундација од гинеколог специјалист, за трудници нема веќе одење на трансфузиолог не дава системот...освен со друга шифра. Јас 6 месеци така рефундирам, ама има проблем со купување на клексани сега Веќе неколку дена ги нема во скоро сите аптеки во Скопје, сите ги набавуваат последните резерви од внатрешноста. До кога и што е проблемот неофицијално - од нема увоз, нема по магацини, се чуваат за болните од ковид па се до ќе се зголемува цената.
Вит Д-матичен гинеколог до Гак-асистирана, од таму креираат на клиничка биохемија и веднаш продолжуваш на земање крв.
После спонтанот крварев од 16 до 22 обилно сите денови зборам за ноември,денес ми се појави кафеав исцедок и има огромна болка во јајнициве,а на 3 декември бев на контрола ми ја виде матката рече ок е!од каде сега ова кафеав исцедок што мислите?паника ме фака дали да се јавувам утре!?
Девојки да ве прашам за Амх дали на државно испитуваат во секој град или мора да се оди до Скопје на Гак? И уште нешто дали и тој резултат важи исто 6 месеци како останатите? Нешто наслушнав дека тешко давале сега ваучери и барале и Амх а и јас не е лошо да си проверам пошто првото ивф имав многу мал на ј.к само 2
Да мачно си се исплакав денес па ми олесна,мене освен хистероскопија др ништо не даде дополнително што да испитам според мојава историја,дали и ниско серумско железо има влијание само тоа мислам овие денови и секогаш имам болки во карлица и железово од кога знам за себе ми е ниско!па имам време ке се ангажирам од сл.година со нови сили!