Оф бре жено...знам како ти е..јас поминав низ тој жар боса... Од спонтаниот треба за 40-тина дена да ти дојде циклус..мене првиот пат ми дојде точно на 40-от ден...Кај тебе е малце рано (ако крварењето ти почнало на 16.11) за тоа да е циклус,но можно е чим те болат јајниците... Јави му се утре на докторот чисто кажи му да знае,па тој најточно ке ти каже,може и да те види.. Но место за паника нема...
Torch испитувањата, всушност ни покажуваат дали постои некоја инфекција внатре после спонтаниот (toxoplasma,citomegalovirus,herpes,rubela)...пожелно е да се направи. Се испитува преку брис,исто како за ПАП што ни земаат брисеви... Ако не ти го предложил матичниот доктор,можеш да си побараш сама ,нека ти земе брисеви и однеси ги во Институт за јавно здравје(со упат од матичниот,се разбира)
Не сум барала сеуште на нет, ќе пробам прво да ги најдам во аптека овде каде што живеам (не сум во МК), па после ќе му ја мислам. Се надевам дека нема да трае ситуацијава во нашиве аптеки уште долго, не можат да остават на милост и немилост еден куп трудници и жени кои се во процес на ин витро, а кои задолжително мора да ги примаат.
Клексаните ги купував од Аптека Бисер во Аеродром,баш во трговскиот Бисер,секојпат имаа,сега незнам,веќе 2 недели како ги прекинав,ама проверете,може имаат залихи Тел:070 292 488
@Adams , за АМХ, во Штип нема реагенс, барем ми кажаа тогаш пред отприлика 6 месеци, дека не ги донесуваат во сите клиники сите реагенси. Тогаш дознав од др. За ивф дека имало во Тетово, ама мене не ми се исплатеше да се малтретирам па си испитав приватно во хемолаб 3500. Инаку на кл.биохемија обично има, ама пред малку погоре или во поддршка прочитав дека сега немало.
На првиот спонтан со киретажа пред 1год нормално ми дојде циклусот сега организмов се менува ке се јавам чисто на раат да сум!вас во борн што ве советуваа после спонтан?
Така е, најубаво види со др, раат да си... Уште не сум отишла во Борн...за некој ден ке одам,чисто да знае др. Трајковски до кај сум.... ама поучена од првиот пат (и двата спонтани се исчистив природно) ќе си направам Торч... На прегледи на ГАК одам, бев на 3.12 сѐ беше во ред, сега на 17.12 ке одам пак и од таму ке земам упат за Торч...
Имате ли замрзнати ембриони? Ист др не водидобро е што немаш киретажа тоа уште повеке болии кога ке се сетам,јас торч после хистероскопија ке испитам!покрај торч јас би сакала и нк клетки во софија да испитам,ама др.Тајковски рече не!ке се среди ке ни биде трета среќа!сега од витамини што пиете? Јас само метил фолат!
Амх постојано се менува, а како поминува времето и се трошат резервите, се очекува постепено да се намалува, така што нема определен период колку важи. Ако имаш веќе направено амх и резултатот ти е за во фонд, подобро парати го тој направениот, отколку да правиш нов.
До сега немам правено незнам затоа прашувам дали има важност. Пример ако испитам сега а документи пратам покасно за неколку месеци нема да има проблем
Браво, вакви успешни приказни се надеж и верба за сите нас што сме во процесот... Со лесно низ периодот што следува имај школска бременост
Не сум сигурна, ама мислам дека не. Амх приложив по предлог на др за ивф, да не ми бараат случајно ради возраста. А инаку хормоните ми беа во ред. Мислам и дека амх никаде не го пишува дека мора да се достави во редовната документација. За важноста можеби е најдобро во фонд да прашаш. Ако си под 35 не мора амх да доставуваш, ама прашај го и докторот ако се мислиш.
Пред два месеци поднесов за ваучер без да доставам АМХ иако сум над 40години и ваучерот ми беше одобрен.
Каде се дефицитарни? Не смее да се остане без клексан/фраксипарин. Тоа не е лек кој претежно го користат трудниците. Сега ради ковидот можда во некој аптеки моментално снемало, ама за брзо ќе се реши. Не кревајте паника. Кај нас баш вчера правеле требовање за нервно одд. Уредно си ја добиле месечната нарачка.
Скоро во сите нема. Јас најдов од по 0.2 едвај некако, па ќе се боцкам по 2 пати. Баш е за паника, затоа што има за болниците а нема во аптеки. Се надевам за некој ден ќе се среди.
Ако навистина нема, слободно обратете се во локалната болница, итна помош..со извештај од специјалист МОРА да ве боцнат. Јас денес ќе реагирам т.е ќе напишам меил и на министерот. Прочитав и во друга тема сега дека почнале да стануваат дефицититарни. Кај нас во секоја аптека има. Ако некоја навистина не може да се снајде,слободно нека ме конрактира да и купам