Фаа ви на сите на одговорите јас купив 20 клексани ми дадоа и сметка и сметкопотврда пошто од денес е извештајот а од утре матичната ке ми издаде рецепт и ке ги докупам проблем беше што матичната се разболела и е на боледување а нејзината замена работела до 16 ч ама јас касно стигнав со извештајот од др Јани и денес неможеше да ми издади рецепт а од утре ке ги докупам клексните и ке имам рецепт белки ке ми ги рефундираат не е ферски доколку направат проблем.. А не ми е јасно од матичен ми велат не ги купувај без рецепт мора да се совпаѓаат датите а се јавив во фонд пред неколку недели ми кажаа дека ми треба сметкопотведа фискална извештај од специјалист и потврда дека кај се примени клексаните и трансакциска сметка цела се побркав веке а морам да примам секој ден по две на 12 ч значи трошок во еден месец ми се 30 000 горе доле
И мене ми викаат не купувај без рецепт, ама изгледа кај мене и тебе не се информирани и само паники ни прават,еве другите си завршувале работа и немале проблем со фондот ако се издаде рецепт на крај на боцкање. Така да верувам нема да прават проблем во ФЗО
Соборци јас почнав протокол. Се боцкам со декапетрил во абдомен. Имам болки во абдомен и главоболка но краток период. Искуства?
Само ќе те прашам (ако сакаш и во лп пиши) дали имаше проблем ако си од Ск да најдеш по аптекиве клексани?
Моментално се дефектура поради Ковидот, се надевам чекаат нова пратка увоз, оти хаос е. Нема за никакви пациенти. Тешко се наоѓаат. Ако неможете да најдете, консултирајте се да ви променат во Фраксипирин 0,6.
И јас се боцкам со Декапетрил веќе седум дена. Немам никаков проблем. Печат малку кога се ставаат ама брзо поминува. Со среќа
Здраво девојки ме интересира дали некоја е во постапка во плодност дали ви побарале тест за корона и ако го бараат во која фаза од постапката поздрав
Со каков протокол беше? Колку инјекции потроши? Мојот совет е доколку можеш финансиски, да го покриеш трошокот и ваучерот да не го активираат. Пробајте по 1-2 циклуси со друга (послаба) стимулација. Штом ти одобриле ваучер со твои јајце клетки, мое мислење е да не се откажуваш и да пробаш уште еднаш-два пати. Имав јас слична ситуација пред неколку години. Со силна стимулација ниту еден фоликул не се ни појави и откако ми ги прекинаа инјекциите, се појави едно фоликулче кое почна да расте (за жал беше празен). Не е проблемот секогаш во годините, верувај. Мора да се начека вистинскиот циклус и вистинската ј. клетка.
Женички, некоја сега најтазе што има добиено ваучер за колку време од прилика ги одобруваат од поднесувањето на документите ?
Јас поднесов на 5.10 а ми го потпишаа на 11.11. но си го подигнав од кај нив зошто имам проблем со поштата во нашето место
Здраво лавици. Јас само да ве известам од денес почнувам со стимулации, со Бемфола. Со лесно на сите што сме во процедура и секако со плод да вроди
Два последователни прегледи и докторот ми зборува само за донација. АМХ 0,1. Преглед само преку стомак. Имам чувство дека се откажува од мене. Што мислите, дали е време за промена на др.?