Ане во соте аптеки ги имаш,фолатот е околу 1600 денари, јас нарачав од ихерб ќе стигнат во јануари, ама за да не чекаш земи ги од кај нас од аптека
За во Систина можам да ти кажам цени за ивф на природен циклус на приватно без ваучер: - Пункција, 16.500 - Трансфер, 43.600. - Хормони еднаш или два пати ќе испитуваш, еден хормон е 980 денари_ или на друго место можеш да си проверуваш хормони, во договор со докторот. - Стоп инекција, овитрел 2032 денари._ ова од аптека си купуваш. И плус терапија си плаќаш за после трансфер, витамини, хормонска подршка итд... Гуд лак. Ова за пролактинот малку ме замисли. Знам дека висок пролактин е пречка за овулација, а од каде излезе и дека е причина за спонтан ...малу ми е чудно.
Ова за пролактинот малку ме замисли. Знам дека висок пролактин е пречка за овулација, а од каде излезе и дека е причина за спонтан....ти го потврди некој? Мене обично после трансфер ми го укинуваат достинексот кој го пијам за пролактинот.
Веќе не знам во што да верувам, може не знаеа што е па посочија на пролактин бидејќи беше 21 пред бременост и веднаш после спонтан беше 43, се друго беше во ред тсх ми беше 2.5, а следниот месец после спонтан тсх ми беше 0.05. Хормони испитувам секој месец а може и 2 пати месечно. И специјалисти за неплодност сметаа дека МОЖЕ од пролактинот да е спонтан, нилпј не потврди. Јас само еднаш поев достинекс, а веќе 4 месеци а сум на бромергон, бидејќи достинекс не се прима во бременост, а бромергонот ќе го пијам до 13 недела кога ќе забременам.
Се мислев дали во приватна порака или овде да пишам ама ајде нека биде јавно дека некогаш и јас сама не можам да си разјаснам, во иста ситуација сме , јас амх 0.151 од пред месец дена на клиничка биохемија, предходниот 0.6 а мене година и пол наназад ми сугерираат донирани буквално замолувам за на спонтан циклус не ми успеало, да не спомнувам имиња на доктори ама ќе кажам дека само во плодност не сум пробала обидувај се се што мислиш, следи си твоја интуиција, инаку на преглед имам по еден два фоликули ама ете “ од не знам каде “ велат дека шансите за спонтано и шансите за со ивф ми се исти, да не речам невозможно, инаку сум на возраст од 45 ама сеуште се надевам дека ќе успеам со свои Среќно другарче ❤️
Да но пред бременост требало да биде најмногу 10, за кога ќе се зголеми да не биде 43, туку 20. Од кога завременив одев само кај матична а после спонтан др.Лидија од Промедика и др. Трајковски од њу борн кажаа дека МОЖЕ да е од тоа, а МОЖЕ и лош сперматозоид или јајце клетка. Не потврдија ништо.
Достинекс се укинува се продолжува со бромергон до 13та недела. Ова ако претходно сте пиеле подолго терапија.
Ги видов цените на iherb и се доста поефтини, Др. Ми рече одма да почнам да пијам не е битно фирмата битно биле витамините, и сега се чека да добијам и одма почнувам со терапија за инвитро. Само незнам дали ќе треба подолг период да ги пијам, ако треба ќе си ги нарачам од таму, ама за сега ќе морам да земам
на iherb имаш и 25% за нови клиенти ако искористиш код (New Customers - Save 25%) јас денес нарачав метил кобаламин б12 и метилфолат и ми искочија 19долари. Кај нас ги плаќав 1200 метил кобаламинот и околу 1700 метил фолната...
Девојки, дали може матичен гинеколог да издаде рецепти за клексан или мора тоа да биде трансфузиолог? Само да дополнам дека не се работи за рефундација, единствено ми треба рецепт за да можам да купам клексан во аптека овде кај што живеам, без рецепт не ги издаваат, а ги признаваат нашите рецепти.
Може било каков доктор да ти препише клексани за на приватно да си ги купиш. Знам за Грција , еден пациент од овде земаше рецепта од невролог за да си ги купи во Грција. Мислам само дека општ матичен не може да препише.