Фала ти, душа си. Средив сега за сега, ако треба за понатака ќе те имам на ум. Многу е стресна моменталнава ситуација со клексаните во Скопје, и матичниов истото ми го кажа на телефон дека никаде нема, се надевам ќе се среди, нејќам покрај се да треба и за тоа да се секираме.
Цетротиде има во апотеките во Сиситина и во Ремедика и се по 2610ден. Иако имам купено и во Виола на Водњанска,само со нарачка однаоред еден ден.
@kateto123 Нема големо временско ограничување,почни што побрзо и редовно пиј ги без исклучоци,ако други кочници во процесот немаш ќе почнете со процесот во прва прилика.
Планирам да проверам инсулинска резистенција, шеќер и андрогени хормони. Тестирате ли нешто друго освен тестостерон и андростендион? Можеби DHEA и масти? И кога се тестираат овие хормони, мора ли на трет ден? Каде освен на клиника можак да го тестирам ова на државно? Во нормални услови е хаос на ендокринологија, сега ич не ми се пика по тие тесни ходници.
Тоа се генерално испитувањата. - Андрогени хормони: тестостерон, андростендион и DHEA-S - на трет ден - Останати хормони: ФСХ, ЛХ, ПРЛ, ТСХ, Ф4 - на трет ден - Метаболизам на масти: HDL, LDL, триглицериди + ККС - Витамин Д - Резистенција на инсулин + метаболизам на шеќер На државна ова последново испитување го прават само на ендокринологија што сега веќе не е можно бидејќи имаше пишано членка дека клиниката моментално функционира како ковид центар, во приватна лабораторија е околу 2000-2500 ден.
Која цена се во Косово? Имате ли некој контакт преку кој може да се порача за да не се оди до таму? Фала
Можеби останатите може да се испитаат на друго место? Клиничка биохемија? Можеби надвор од клиника? За ова ми се чини треба упат од интернист, барем за мастите и вит. Д и шеќер... А Витаминот Д како е поврзан со се' ова?
Комплет крвна слика со масти и гликемија можеш во било која приватна лабораторија која има договор со фондот и за која упат може да ти даде матичен лекар. Јас во Авицена обично правам. Хормони на Клиничка биохемија и витамин Д исто таму ако начекаш да имаат реагенси, ама тоа многу ретко се случува, речиси никогаш немаат. Приватно е околу 1500 ден. Ниско ниво на витамин Д е многу често кај жени со ПЦОС дијагноза и е поврзано со многу метаболички компликации кои се асоцираат со состојбата. Недостик на витамин Д не само што придонесува кон слаба минерализација на коски, туку е фактор во повеќе хронични дијагнози како дијабетс, срцева болест, хипертензија и сл. Затоа пожелно е и тој да се испита бидејќи ако е низок треба да се прима терапија.
Девојки едно прашање во врска со метил фолната и метил кобаламин, за оние кои имаат мутација на MTHFR. Дали некој од докторите овие витамини ви ги препорачува долгорочно за примање...и понатака во животот, или се важни само во постапката ivf и во периодот бременост/доење?
Зависи дали си хомозигот или хетерозигот. Ако си хетерозигот нема потреба да се пијат долгорочно. Ама ако си хомозигот тогаш добро е да се пие метилфолат без разлика на бременост. Б12 кобаламин мислам дека нема потреба секој ден (кога не се планира бременост) Од мое скромно познавање од тоа што имам истражувано.