Мислам дека сме кај истиот др. И мене исто ми рече дека немало потреба, но јас пиев инозитол и ми се симна од 12,6 на <2 за еден месец. Сменив и исхрана, протеини и зеленчук. Немаш штета од инозитол, но ти одлучи си. Д3 е ок.
Се консултирав сега и со докторката за штитната што ме води. Сепак ќе пијам фертилимин, а ќе ги оставам метформинот.
За инсулинот немам многу искуство, но да висок е.Јас кога испитував ми рекоа дека би требало да биде најмногу до 6-7.
Од после видов дека сум погрешила. 2 од 500 пијам во моментот. Обично пиев од 1000ка со продолжено но сега вакви ми се најдоа дома.
Сега видов дека ти дале фертилимин наместо метформин. Висок е инсулинот, со тие вредности јас би рекла дека си за 3х500. Мојот од 750 е исто со продолжено дејство. АМА, мораш да пазиш и на исхрана - благо НЕ, бели пецива НЕ, бел ориз и компир НЕ, и најважно - соразмерен однос на комплексни јаглени хидрати/протеини/зеленчук во оброците. Мене на гладно инсулинот никогаш не ми бил повисок од 5, а на испитување за резистенција испадна дека имам хиперинсулинемија со задоцнета појава, после 2 саати.
Чаре, да го складираш пекачот за леб и пакетчињата да ги подариш Ќе ти се симне од мио инозитолот маци ама исхраната е сепак најважна од се. Ајде можеш ти
Земав Цетротиде од Косово (Феризај), 33 евра е една инекција. Ако му треба на некој број од аптеката нека ми пише
Може не ми е на место постов ама инвитро ептен рана бременост сум а маж ми е позитивен на ковид и мислам дека сум и јас зошто качив тт 37 па се спушти и сега се осеќам само топло, а 36.5 е. Има ли некоја паталка, страв ми е мн кога ќе ми текне низ се што поминав за да видам ептен бледа 2ра цртка на тест и до крај на ден да качам тт
Не се секирај, таа температура е нормална за рана бременост.Не мора да значи дека е ковид.Те разбирам како ти е, и маж ми е со температура, се надевам дека не е ковид.И јас сум бремена со инвитро и ептен ми е страв.Но знам дека имаше членки кои беа исто во рана бременост со ковид, па добро поминаа.Сигурно ќе ти пишат кога ќе видат.Само изолирај се најмногу што можеш и се ќе биде добро.
Ти благодарам многу... јас изгледа ептен испаничив а темп ми спадна ама од паникљ изгледа ми се качи притисок и пулс, 120 со 90 и 120 пулспа се надевам сега тоа да го спуштам ноќва да ја поминам па утре ќе тестирам ддимери иако поради ивф ми беа високи и примам клексани
Не се секирај, имам пријателка која е во рана бременост, имаше ковид и помина добро. И ти ќе бидеш супер, само без стресови Иначе и мене плановите за жал ми се поместија за во новата, и јас сум трети ден позитивна Ама како и да е само да врви со лесно па се ќе биде
Друшке а баш те мислев. Ништо ајде со помин нека е,како викат секое лошо за добро е.Јака си ти, ќе го издршиш и ова срање,па од нова ,јово на ново што би се рекло,со успех во се'
Со лесно нека е ајде ќе си поминеш на редот како тргнало ретко кој нема да фати. Само со лесно да е кај сите
Оооо Крис а јас се прашував до кај си што си и те чекав да пишеш, ајде лесно да помине па потоа со позитивен тест ама за бременост ❤️