Скроз се согласувам. Многу се припотресувате. Како да имам позитивен тест ако цело време лежам и мислам дали ќе биде или не? Не знам кој доктор уште така советува. Јас со двата трансфери одма станав и си продолжив нормално да си функционирам, по првиот трансфер, втор ден од трансфер бев на театар и тоа на комедија со смеење до солзи, со вториот одмарав два дена за време на имплантацијата зошто како што е нормално имав малку кафеав исцедок, тоа беше 7миот ден некаде. И двата трансфери беа успешни. Извинете ама кожа ми се ежи кога ќе прочитам мора лежење за позитивен тест... НЕ, туку мора да си го слушаме телото. Секако без напорни активности и нагли движења.
Да, првите 3 дена ок е да се припазува, не мора да не се стане од кревет, не е тоа никаква гаранција. Секако не во есктреми со кревање тешко или трчање. Јас ден пред позитивен тест го искачив ескалаторот во Капитол кој не работеше
Епа и јас да се пофалам, пред малку ја примив првата инекција за инвитро. Од цела возбуда не прашав што инекција е ама мислам дека на Б.... нешто беше хахаха. Ми кажаа дека ќе треба и друга да примам од сабота, ама таа ја имало во Косово за поефтина цена, а тука биле околу 2800 ден. Па ме интересира ако некоја има искуство со набавка од Косово да ми каже како се нарачува и добиваат
Бемфола најверојатно, ако си во ЊуБорн според сликата Јас од таму и cetrotide ја земав. Со среќа и со вака оптимистичко расположение да си тераш
Преку фондот сум, и да во Борн ќе правам . Ви благодарам женски господ на сите да дава среќа па и на мене. Мораме да бидеме расположени за најубавиот момент во животот на една жена се спремаме. Ќе замолам ако некоја имала искуство со купување во Косово да сподели како да дојдам до тие инекции
Здраво мила, значи ние две ќе се дружиме Ти пишав лп, ти дадов контакт од Косово. Епа ајде да ја размрдаме и расположиме темата. Па дај Боже за најубавиот Христијански празник - Божиќ да трепка листата на високи бети. Со лесно и со среќа нека е
Ти благодарам од се срце и на тебе и на сите женски, редовно го читам форумов и тука има доста јаки женски.. лавици. Господ е голем сите ќе не израдува
Vo pravo ste i vie no jas od drugi pricini nemozam da se dvizam. Invalid sum trebase da napomnam.mene doktorot mi rece da lezam osven za jadenje normalno da si jadam.povece supi i tecnosti i ovosje
Храбри лавици издржете ја секоја примена инекција секое разочарување на овој трнлив пат затоа што се вреди за моментот кога ке си го гушнете бебенцето Мојот јунак се роди во 38 недела со царски после 16 год брак и 4 ивф постапки Кој ме прочитал знае дека имавме тежок машки фактор скоро азоспермија и јас имам пцос Не се откажувајте Бог знае кога е време за вашето бебенце Ве гушкам сите и се молам за пто побрзо да ви се наполнат рацете❤❤❤❤❤
Четврти ден после трансфер на морула,не издржав и направив self clear test се појави многу многу бледа линија,само за споредба до пред два дена се тестирав секој ден за да видам дали ми е елиминиран choriomon -от од телово.Последниот тест беше негативен. Дали имам бујна фантазија или е можно толку рано да се случува нешто?
@LunaGrey ти ми остана во сеќавање, а и другите кои пиете фертимилин, ќе ве замолам ако може да ми кажете каков е соодносот на мио и хиро инозитол во една таблета? Не можев да најдам податок или ми се протнал, а не можам да ги купам од мк. Фала
Соборки мои, една консултација со вас. Што можам наеднаш да испитам на клиничка биохемија и со еден упат (пр.од интернист)- можам ли Б12, Вит.Д, инсулин? Торч? За торч не знам преку крв испитуваат ли и со упат сигурно од гин.? Тие не сум ги испитувала до сега а ќе одам по друга работа во Скопје па да видам дали нешто може да завршам? Инаку сега добив прв циклус по спонтаниот, па не би испитувала др хормони мислам дека е рано. @Bubce38 , мислам скоро пиша, те молам потсети ме, или другите ако сте информирани. Ако имате и предлог плус освен редовни хормони што може да испитам таму.. Пр, за статус на тироидна ,освен тсх, како се викаат анти- тела, дсли и тие може таму да се испитаат?
Прерано е, првите пет дена телото сеуште ина бета хцг во крвта од инекцијата кој се добива на трансфер. Почекај уште некој ден, рано е и за ембриончето ти посакувам среќа
Преку ТОРЧ се испитуваат инфекции, тоа се микробиолошки испитувања, не биохемиски, и можеш само на Институт за микробиологија (ИЈЗ). Антитела на тироида се Anti-TPO и Anti-TG и се испитуваат на Ендокринологија или Имунологија. Останатите - Б12, фолна, Д3, хомоцистеин, сите хормони вклучително и инсулин можеш со упат на интернист да ги испиташ на КБ.
Најверојатно си во право,избрзав,направив уште еден тест денес покасно,негативен беше.Ме буни само зошто пред два дена беше јако негативен истиот тест.
Од колку единици прими хоримон и пред колку време?Според ова што го пишуваш мене ми личи дека успешно се фатило.Ајде Дај Боже да биде со успех.За два дена направи си пак тест и ако е барем малку потемна цртката значи тоа е тоа