На 05.12 примив од 10 000 IU и намерно се тестирав после трансферот за да ја видам таа фамозна втора цртка,оваа недела веќе ја немаше.
Сепак си примила голема доза.Не се секирај за негативниот тест, премногу е рано за морула да покаже на 4ти ден.Барем да почекаш до 10ти ден за да направиш пак тест.
Девојки знам дека сум off topic, но во групава онлајн козметика не ми одговори никој, а ве читам многу нарачувате од таму. Пратка oд iherb ми стои дека е во Скопје од 1ви декември. А уште ми ја нема. Да се грижам или тоа е пракса кај нас, во пошта да поседи 2-3 недели?
Лавици. Имам едно прашање. Како да проверам дали сум имала овулација? Прочитав нешто но некако не ми е баш јасно,дали е можно фоликулот да си достигне потребна големина и да не настане овулација? Мене матичниот кога ме гледа на ехо секогаш ми вели дека е пукнат фоликулот.
еве јас одев на секој 2-ри ден од 11 па се до 18-ти ден. Пукнал негде после 16-иот ден. Денес земав резултат од прогестеронот на 22-ри ден и се покажа дека сепак немало овулација. Јас проверив прогестерон на 22-ри ден и така знам дали сум имала или не. Тоа бил начинот кажа гинеколот
Дали имаш редовни циклуси и која големина беше достигнат фолекулот најмногу? 21 ден ми е во недела па ке направам во понеделник.
Метил фолатот од Бугарија е од 400 mcg. Има 90 таблетки и кошта 11 и нешто лева ( околу 350 ден). Онаа на Now е од 1000 mcg и на ихерб кошта 11 усд + 4 усд шипинг ( околу 750 ден). Значи 2 ипол кутивчиња од бугарската е исто што и една од Now. Зборот ми е дека поисплатливо е да се нарача од оваа на now. Се разбира доколку имате време да чекате 3 недели да стигне пратката. И јас порано купував од Бугарија ама сега веќе тешко да се најде некој да ти ја донесе
Незнам дали испитуваат во Недела ми се пага 21 ден. Да направам во Понеделник на 28.12. ке ми биде 22 ден од циклус? Или да чекам нареден циклус?
Мене завчера пишуваше дека е стигната и синоќа ми јавија дека е во пошта да одам да си ја земам, јави се прашај си да си ја земеш
Девојки, ќе испитувам утре сабајле инсулин, ама смеам ли да се напијам еутирокс со малку вода? Впрочем ќе испитувам и тсх, смеам ли да го испијам еутироксот?