Одиш на прикачи фајл, па choose фајл и имаш директно од камера да сликаш или од датотека(веќе сликната),само не смее да е мн.голема.Проба така?
Девојки бев на ендокринолог, кај др.Стефанка во Ремедика и морам да ви кажам дека првиот впечаток што ми го остави е темелна и концизна, детално ми ги разгледа сите резултати. Единствена докторка досега, која ми ги поврза MTHRF, PCOS, инсулемијата и покачените машки хормони како фактор за неуспешно забременување. Од терапија ми даде да примам Siofor од 850мг. и Spironolacton 100mg. Исто така ми кажа сите хормони и инсулин да проверам повторно на 3ден. На ендокринологија кога ми ги гледаа резултатите ми кажаа дека Anti tpo со вредност 66 (со референтна вредност до 60) не е некое значајно покачување...а tsh на истото испитување ми беше 1,20. Докторкава смета дека е некој индикатор за хашимото и за тоа не ми даде сеште терапија ќе ги чекаме резултатите од новите испитувања... Исто претходно ми кажаа дека покачените машки хормони не влијаат на ивф... Од една страна се израдував што ете конечно темелно ќе пристапам кон проблемот и се надевам за брзо време ќе ги доведам резултатите во нормала...а од друга страна се нервирам што порано не сум стапила во контакт со ендокринолог кој ќе ме насочи и немало да губиме време и слично... дали од искуство брзо сте ги средиле хормоните со ваква терапија?
Девојки, пак јас со нови резултати. Ќе ги прикачам двата листа за да не објаснувам од претходно. Што значи ако се покачени Анти Тг? Мада кај мене се минимално. Иначе, си издејствував селен 1х1, вит д 6 капки/ден и Достинекс пола апче неделно. Доволно е? Уште да ги видам генетските остана. Фала многу, имајте убава вечер.
Женчиња јас два - три пати ја нарачувам оваа метилитана фолна од iherb на life extension. Е сега приметувам дека не пишува methylfolate, туку methyltetrahydrofolic acid. Тоа е исто? Метилирана?активна форма? Едит: напред пишува метилфолат, ама назад метилтетрахидрофолок ацид.
Девојки да ве прашам, дали кога користите Фемибион1 може да се користи и Метил фолирана 1000 или многу е во таа комбинација на две фолни?
Благодарам драга, ти посакувам се најдобро и лесна бременост, јас за ин витро се спремам па затоа прашувам да не направам беља, за мутации незнам дали имам ќе испитувам следна недела
И јас сум со ин витро фолната ја пијам уште пред пункција,а со фемибионот почнав пред трансферот.Ти посакувам среќа и што поскоро да се израдуваш
Тестов е правен на 5ти ден од свеж трансфер на морула и 8 клеточен ембрион. Поминати беа 11 дена од стоп инекција 10 000 iu .Што мислите прерано е ?
Од тоа што знам, мислам дека е потребно од 10 до 14 дена за да се исфрли од организмот.Се надевам кај тебе е веќе исфрлена.А тестот пред овој ти беше баш негативен? Без воопшто бледа втора линија?
На четврти ден правев тест едвај се гледаше линија побледа од оваа, два дена пред тоа негативен беше комплетно. Влијае и колку дилуирана ми била урината.
Секогаш истиот тест го користиш? Ако е така, тогаш ова ми личи на позитивен знак со оглед дека претходниот тест ти бил баш негативен.Ајде верувам дека ќе биде убава вест
Никогаш до сега не сум видела позитивен тест,овој пат сакав да следам кога ќе исчезне линијата од стоп инекцијата. Исчезна веќе на вториот ден после трансферот ама можеби ете тестот сеуште фаќа некои мали концентрации,рано е за радости,не научив по толку обиди мирно да чекам.