Нигде не ми предложиле, викам да испитам што може поише, освен тие две Ера и Пгд што мислам дека не ги прават кај нас. И ако ги нудат, тогаш ги праќаат надвор и се многу скапи. А не ми е само тоа, јас сум со донор. Колку пари имам дадено, ако треба да ги правам тие две испитувања, ќе банкротирам. Тој што е со ваучер и свои јк можда може да си дозволи. Викам може зашто е све скапо, испитувања, терапија, витамини. Ние си знаеме. Затоа тука прашувам уште што можам да испитам.
Едно прашање околу овој Ера тестот. Ништо немам читано на таа тема и не ми е јасно ништо. Пред да почнам да се занимавам со него дали некоја знае возможно ли е тоа испитување да се прави пример во Плодност а трансфер да се прави во Систина?
Може ли да споделите искуство со др.Лазаревски и др. Трајковски од Њу. Борн? Се мислам помеѓу 2цата и читав разни искуства но ме интересира некоја од вас која што била скоро кај некој од нив. Кај Трајковски многу ли се чека за закажување консултација? Има ли можност за закажување сега пред празници за консултација или да чекам здравје Јануари?
Јас имам позитивно искуство кај др Владимир(не би го менувала)и го препорачувам,темелен,посветен,достапен и тој,а и целиот персонал...мислам ако се јавиш во понеделник можеш да закажеш за следните 3,4 дена...што и да одлучиш со среќа
Јас сум била и кај двајцата имам позитивно мислење и за двајцата закажи си и кај двајцата па донеси одлука, зависи пред се од твојот проблем, вреди да почекаш не брзај од искуство.
Мене2200€ сума исплатена во борн инекции од приштина 550€ и башка терапија после трансвер... 1700€ е трансвер 400€ мрзнење ембриони индивидуално е кај секоја пациентка колку инекции ке прими рачунај околу 3000€
За тие што прашуваат, ЕРА тестот е 1100еур во Плодност, тоа е последна информација која ми ја дадоа од таму, во таа цена влегува и транспортот. Како што читав, низ Европа цената на овој тест се движи од 800-1200еур, а најмногу на цената влијае транспортот. Како што ми објаснија ембриолозите, ЕРА е патентиран од Igenomix Валенсија и таму се испраќа примерокот. Тие во Европа имаат центри уште во Лондон и Венеција, така што во било која земја да се прави ЕРА примерокот се испраќа таму оти не може било кој да го прави тестот. Така што ако е добро земен примерокот од ендометриумот, сеедно е дали ќе го правиме кај нас или во некоја друга држава. Јас одлучив да го направам, еве сум со три неуспешни трансфери зад себе без имплантација, пункции веќе не ни бројам колку имам направено. Досега неуспехот се припишуваше на неквалитетни ембриони, ама веќе после 3 трансфери почнуваат да се сомневаат и на нерецептивна матка. Последниот неуспешен трансфер ми е сега скоро правен, да се соберам малку психички и финансиски за некој месец ќе го направам тестот, па ќе споделам искуство. Досега не сум прочитала на темава некој да го има правено и да каже искуства, а гледам многу членки прашуваат. Имам уште еден замрзнат ембрион, ако е неквалитетен џабе ми е ЕРА, ама барем ќе знам за евентуални понатамошни постапки. Те разбирам потполно за трошоците. Тие со донирани ј.к, па и тие со ниско АМХ на кои не даваат ваучер се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Ми се плаче кога ќе помислам колку пари сме дале, а успех нема. Уште ЕРА ќе направам, и толку. Ни сила, ни пари повеќе. Најдобро да се јавиш во Плодност да прашаш ако си заинтересирана. Тестот се изведува така што те спремаат како да ќе правиш трансфер со замрзнати, и на денот кога би го правеле трансферот со биопсија земаат примерок од ендометриум и го праќаат на испитување. По истата шема прават трансфер некој од наредните циклуси. Би требало целата шема на спремање за трансфер да ја пратат во друга клиника и таму само формално да се изведе трансферот, а не знам тоа колку е изводливо. Ама којзнае, прашај си.
Не ми се плаче, ами плачам. После се прибирам кога маж ми ќе викне дека идам со глава у ѕид и тоа јако. Затоа сакав да посвоиме, ама он нејќе. Има 1000 зашто 1000 затоа во ова нашево, и баш си викам ако треба да испитам и ембрион и матка, за тие пари ќе направам уште едно Ивф на приватно. Не знам што е попаметно, ама еве сега ќе чекам мај за да аплицирам за последниот ваучер. А што ако испадне дека ембрионот не е добар, а те спремаат за Ивф. Што ако испадне дека матката не е рецептивна или денот е промашен. Нема да има трансфер. Некако исто ми доаѓа. Само гласно размислувам, не те предомислувам никако. Ајде со среќа во новата година!
Дали имаш испитано број на клетки убијци? Ако тој ти е голем, тие го исфрлаат ембрионот уште веднаш и спречуваат имплантација. Има и такво испитување, ама не знам дали се прави во Мк. Во секој случај ако се работи за тоа, тогаш интралипид треба да помогне - се зема 2 недели пред трансфер и потоа на секои 2 недели до 12та недела. Во странство за вакви случаи жените покрај интралипид исто така пијат и кравји колострум, кој го има истото дејство како интралипидот + земаат превентивно кортизол. Ако имаш некое автоимуно заболување како ендометриоза, шансите да се работи за зголемен број на овие клетки е голем. Колку што знам, може оваа терапија да се зема и превентивно, без испитувања, ама за тоа најубаво е да се консултираш со твојот доктор.
Здраво, пак јас, еве ги моите генетски за тромбофилија. Знае некој да ги толкува? Се боцкав со клексани пред ивф некој ден, за време и после до бета. Можда ќе треба порано да почнам следниот пат. Фала ви девојки, среќно на сите!
Здраво девојки,ви посакувам убава вечер на сите. Се надевам нема да ви пречи ќе пишам овде ,затоа што сте најактивни и најупатени во многу работи. Ќе ви ги пишам вредностите од хормони,направени на 4ден од циклус(немав можност на 3ден). Лх - 7.79 Фсх - 5.53 Прл - 21 ( спуштен со 1 таблетка Достинекс,претходно ми бил 50). Естрадиол - 75 Тсх - 1.58 Фт4 - 16 И од 3 ден од циклус почнав со Кломифен 2тбл дневно. Ако може кажете ми што мислите и од што би можело да е ЛХ покачено ? И уште нешто,почнав Кломифен,и купив и тестови за овулација,дали е паметно да ги правам,по завршување на Кломифен? Какви се вашите искуства? Дали некоја додека примала стимулација и се тестирала за овулација?
Здраво Би сакала да ве прашам за документи за фондот дали ви кажуваше што треба да се прават докторот што треба да ви прави инвитро ? Скроз сум изгубена фалаа ви
Не. Мене матичниот гинеколог ми кажа, и на страната на фондот ги има објавено. Јас кога поднесував, немав уште одлучено кај кој доктор ќе го правам ивф. Еве подоле постирав што сум пишала претходно, не знаев како да го вметнам во истиов пост
Ти благодарам за одговорот. Би сакала да ве прашам какви процедури се ХСГ и ИНСУМЕНЦИТЕ Дали се потребни и тие?
Хсг или хистеросалпинографија е проверување на проодност на тубите -јајцеводите. Прегледот е налик вагинално ехо, само што плус контраст ставаат, вбризгуваат, и те снимаат на рентген од горе. Не боли, 2 мин е цела процедура. Во зависност од резултатите ќе ти кажат дали и колку инсеминации треба. Зависи и од возраст, спермограм и мн други работи. Мене 4 ми бараа, на некој со непроодни или тешки машки фактор ни една. Прашај ги докториве сигурно ќе те упатат.