А прават дијагностичка на Гак? Мислам само оперативна дека прават. Јас сакав Систина, али еве, докторот смета дека нема потреба сега. Инаку имам правено пред повеќе од 2 год, во Чаир. Тогаш имав септум
ако немам ПЦОС ама имам неурамнотежени хормони за забременување дали овие апчиња ќе ми помогнат? Уствари како се утврдува дали имам ПСОЦ? ендокринологот ми вика резултатите укажувале дека имам а гинекологот е дециден дека нема ништо од тоа
ти благодарам ќе ги нарачам денес. Фача за инфото за фемибионот. Ќе ги земам и нив.... те молам објасни ми дали ми треба инофолик комби?
Уффф не знам тоа. Инсулин имаш проверено? Гликоза? Те читам дека еден др вели дека си со ПЦОС, друг вели немаш. Амх имаш испитано?
јас како што гледам Келп-т имаат повеќе јод или сум грешка? они содрѓат 225 мцг а фемибионот 150, е сега бидејќи јас сум со хипотироидизам може и важна е количината на јодот или?
Д3 може да се зема? кпив јас ама внатре пишуваше за жени кои планираат бременост или се бремени да не земаат на своја рака туку да се консултираат со лекар, па не ни почнав да ги земам.
помогнете ми кои келп капсули да ги нарачам од https://www.iherb.com/c/kelp?swkw=kelp&sr=4 имам хипотироидизам па не знам кои ќе ми дојдат најдобро
Здраво на сите, денес правев пункција ми извадија 7 јк од кои 4 се со добар квалитет, претходно Др тврдеше дека има над 30 јк ама тоа е, сега ме интересира затоа што ми предложи да примам уште терапија и за некој ден повторно пункција но јас не се сложив има ли некој вакво искуство. Сега почнав со терапија за трансвер амп.пролутех многу се скапи знаете ли каде се поевтини и крионн гел . ♥️
Ако си со хашимото не смееш јод. Ендокринолог ти препорача? Тогаш сигурно и точна доза ти дал па барем по тоа да се водиш.
Во Плодност си? Тие мислам практикуваат два пати пункција. Пролутексот не можеш да ги најдеш поефтино,толку се секаде,560 ден парче а и кринонот исто така мислам 169 ден парче беа.
Во Плодност имаа позитивно искуство со овие двојни пункции,барем од тимот на Плодност што имаа објаснувано,не се сеќавам некоја на форумов да споделила такво искуство.
Prolutex јас поефтино ги зимав од Грција беа мислам 42 евра кутивче а Кринон 38 евра кутија. Кринонот беа само со друго има а ист состав.
Кај мене нешто многу не сменија, на почетокот имав неколку редовни циклуси и потоа ништо.На хормонските испитувања ЛХ секогаш ми беше повисок од ФСХ што значело дека нема овулација а и на преглед јајниците биле со повеќе фоликули така ми поставија дијагноза ПЦОС.
Еве јас ке се пријавам за дијагностичка хистеро и лапароскопија на ГАК кај Тофоски... Убаво ми објасни докторот дека пред да почнам со прво ивф,мора да се исконтролира све внатре-туби, миоми,полипи,цисти кои можат да бидат скриени зад / под јајници кои на вагинално ехо не се гледаат.... Кај мене немаше ништо такво,ама откривме десна непроодна туба...а пред тоа (1година) на хсг двете проодни... И не згреши човекот што ми предложи дијагностичка...бар дознав дека освен тубата непроодна,немам друг проблем... Значи,не мора да имаме проблем за да направиме хистеро... Најтопла препорака за тој доктор...❤ Инаку платив некаде околу 2.500 ден,две вечери лежев таму