Девојки денеска бидна и мојата пункција, од 5 јк само 3 биле добри другите 2 празни... Така ми кажаа. Од искуство има ли некоја надеж? Цело време сум во мисла ќе биде или нема да биде.... Уфффф ама се тешки овие моменти
И кај мене пред некој ден извадија 5 јк од кои едната не беше добра. Ама другите 4 се оплодија и ги замрзнавме ембрионите . Ќе биде се во ред, мисли позитивно
Е како нема. Едно ембрионче треба за бебе. Одмори си сега, мисли си на нешто убаво и спремај се за трансфер. Уффф што убаво ви е на вас кои за празниците ќе си галите мешиња Пуштам среќичка на сите
Има има како нема. Исто имав 5 ј.к 3 празни 2 оплодени една не правилна делба. Остана една и еве дома сега трча и лудува. Девојките овде знаат јас колку се туфкаф и секирав ама се заврши во најдобар ред. Еве сега ќе спремаме документи за 2-ро така без грижа се ќе биде во ред
И една е доволна не му ја мисли. Башка имаш три. Кај мене третото ивф беше фијсако, сите фоликили беа празни...еве колку за утеха. Дај боже сите три да се оплодат.
Точно, кога почнав со консултации, второ на листа беше предлог за хистеро под знак прашалник. Но на 4д ехо кое ми беше потребно за поднесување во фонд, се виде како некое вдлабнување и така др. одлучи дека сепак ќе треба
Препорачливо е NK cells да се испитаат во средна лутеална фаза од циклус. Кога точно и дали воопшто треба сега пред закажана хистероскопија, мора да се консултираш со твојот доктор. Докторот се согласи да испиташ? Пошо ретки се тие др шо го бараат ова испитување. Дополнително, имај предвид дека РамусЛаб испитуваат само периферни NK cells (преку крв) кои ги праќаат во матичната лаб во Софија. Не испитуваат утерини NK cells (со биопсија на матка), кои даваат слика за состојбата со NK cells во ендометриумот. Мој совет, пред да испиташ, зборувај си со докторот.
Докторот рече нема потреба да испитам НК клетки,мислит проблем е резот на матката сантим ипол што сум сечена пред неколку години мислит матката немат доволно лизгавост за да растит плодот,па ке чекам што ке покаже хистеро,да ми објаснија дека преку крв испитуваат не со биопсија...ме убива ова чеканје али то е то
И вториот трансфер ми е неуспешен. Имав бледа цртка на 6тиот ден после трансфер ама за жал на тоа остана само. Не знам дали ќе можам да поминам повторно низ ова, веројатно не. Се надевам дека ќе дојде некогаш денот кога нема да живеам со ваква болка а и истото го посакувам за сите вас. Повеќе среќа од мене да имате.
Навистина ми е жал мила Тешко е, боли многу, но ти не си жена што се откажува. Ќе се исплачеш, ќе застанеш силно на нозе и ќе продолжиш. Никогаш немој да мислиш дека нема да успееш. Ќе се бориш и еден ден ќе дојде среќичката во раце. Сигурна сум во тоа. Сите ќе не огрее сонце кога тогаш. Те гушкам многу
Многу ми е жал мила!! Земи си време колку ти треба, но сигурна сум дека ќе собереш сила за понатака! Те гушкам силно
Поддршка од сите нас кое го поминуваме истото. Истагувај, и понатаму прави како што ќе се чувствуваш. Сила мора да собереме кога -тогаш
Ако се откажуваш од втор пат, сети се на некои кои имаат по 7-8 трансфери до успехот. Одмори и собери сила за следниот пат. И нема откажување! Си знаеш.
Гушки мила, нема откажување. Ете за утеха сум имала и јас 7 трансфери скоро сите неуспешни, само еден заврши со биохемиска. Ама ќе успееме ќе видиш