Мила, исплачи се денес, земи си време и одмори. Баш ми е жал, но верувај дека еден ден сите ќе успееме. Знај дека најтешките битки се даваат на најсилните војници. Те гушкам
Бес разочарување еве јас со 6 трансвери 2 бремености изгубени па уште се борам,одмори сега за извесен период ке ти се врати желбата,тоа што не убива не прави посилни!
@LunaGrey ти секогаш си ни подршка на сите девојки овде и нема туку така да се откажеш. Ќе поминеш, низ се ќе поминеш само затвори ги очите и замисли го крајот на ова а тоа е еден нов почеток, нов живот во твоите раце а сега одмори, собери сила и ова нека те води низ секој ден и бори се Сите ние овде сме борци за бебе и нема туку така да се откажеме не за џабе сме жени а тие никогаш не се откажуваат се борат до последна сила! А верувам сите ние овде силата за бебче никогаш нема да ја изгубиме.
Денес ми се јавија утре трансфер само едно ембрионче останато ок и трансферот ке биде утре со тродневен ембрион искуство како мене има ли некоја од вас.
Многу ми е жал... Сега ти е тешко и се осеќаш безнадежно и разочарано,сите сме поминале низ тоа,ќе ти помине и наредниот пат ќе е успешно,Господ го чува најдоброто за нас
Драга...научивме дека неуспехот и разочарувањето стана дел од нашиот живот...но како се зголемуваат неуспесите,учиме да чекориме понатаму уште похрабри и со уште поголема желба за бебе...почнуваме да гриземе се пред себе се додека не дојдеме со целта...како лавици. Имаме време драга, имаме и снага и трпение и време да го допреме ,да го помирисаме,да го почувствуваме зборот МАЈКА... Затоа...со главата горе, со насмевка на лицето да ја испратиме оваа година,зошто следната КЕ БИДЕ НАША!!!❤❤
Ќе помине...време лечи се. Ќе видиш ќе дојде ден ќе бидеш спремна пак. Јас после секој неуспешен обид викав веќе не одам,готово. Но, со време избледува тоа. Исплачи се, дај си време на душата да се залечи, и после тераме пак.
Не знаев дека си правела втор трансфер.Лани баш истиот период го поминав истото со првиот трансфер.Вториот трансфер ми беше во јуни и заврши со биохемиска баш исто како кај тебе.Знам дека ти е тешко, но нека ти биде ова уште поголем поголем мотив за понатаму.Сум пишувала многу пати, и пак ќе напишам, штом имало биохемиска, следниот пат шансите се најголеми за успех.Штом јас успеав ќе успееш и ти.Само задолжително направи си скречинг и хистероскопија.Тешко е многу, но верувај дека ќе биде, јас секогаш мислев дека никогаш нема да успеам, па успеав.Ќе видиш каква среќа те очекува, само без откажување.Немаш причина да веруваш дека нема да успееш.А и кај ист доктор сме, верувај во него, ќе направи се за следниот пат да биде успешно
Кај мене исто на ехо не се гледаат полицистични јајници, но покачените машки хормони и други резултати кои ги глрдаше ендокринолог искочи дека имам и сега сум под терапија. Ако си го проверила хормонот AMH тој исто така укажува дали си или не си, amh ти покажува на оваријалната резерва на јајниците. Јас сега сум под терапија и ги средувам хормоните, така што најди добар ендокринолог и ќе се реши се
Ајде дајбоже да се оплодат и другите и успешно да си растат во меше Инаку не се секирај штом ти ја дале таа доза еатрофем не е многу, има девојки и повисоки дози што примаат Позитивна мисла и чекаме убави вести
Ајде сигурно добро ќе напредуваат оплодените, позитивна мисла и ќе те известат ембриолозите со позитивни вести, сигурна сум
Одмори се, собери сила и напред со крената глава во нова борба! Ти си тука една од оние кои секогаш има совет за сите во секоја ситуација, да сподели искуство и подаде рака. Си ни покажала дека поддршката и сигурноста дека си на правиот пат е најважна, така и сега за тебе... знаеш дека правиш се што ќе кажат докторите и дека само едно делче од мозаикот недостасува за да биде се комплетно Следниот пат ќе биде успешно и ќе си станеш мајка многу скоро, со бебче во раце, не губи надеж...борбата продолжува
Мила знам како се чувствуваш и колку боли душата при секој неуспех и сакам да знаеш дека тоа е нормално и дека скоро сите во некои моменти имаме повеќенод еднаш кажано не можам веќе да издржам но верувај дека сега ти е потребно време за самата себеси и за една две недели ќе застанеш повторно на свои нозе и тоа уште похрабра од претходно и верувај трета среќичка те чека да собереш сила и да биде во твоето меше и после во твоите раце.Ти ја пуштам цела среќа и никогаш не се откажувај ние сме жени лавици,учиме како да живееме со болката и похрабри тргнуваме повторно за да си го оствариме својот сон
Mila boli,mnogu boli znam... No nema otkazuvanje,bolkata ne pravi posilni. Eve me mene so vonmaterichna so 3operacii,so spontan vo vtor trimestar no ne se otkazav,(prodolziv da se boram)a nema ni ti.Ke dojdat i ubavi denovi,na uspeh i visoka beta.Verba,samo trpenie i istrajnost i ke si se naredat kockite. Te gushkam silno,isplaci se olesni si na dushata i prodolzi so borbata ushte pocvrsto.