Офф бе мила незнам што да ти кажам знсм колку боли, многу ми е жал знам тука си голема подржшка за сите но мораш да си силна, одмори се психички раздвижувај се работи нешто што бар малку ке те исполни и ке мораш еден ден со сета сила да го најдеш проблемот разговарај што би можело да биде проблем имал ли се испитано што би било пречка за имплатација мораш да си упорна, мора да успееш стабилизирај се и те чекам да напиеш за новата борба те гушкам.
Здраво, Те молам објасни на што конкретно мислеш " Имаш ли се испитано што би било пречка за имплатација" ? Дали постојат некои испитувања со кои би можело да се потврти што е причината? Јас имам 2 неуспешни инвитра и досега докторот не ми е спомнал за никакви дополнителни испитувања. Во моментот спремам документи за трето инвитро па би била благодарна доколку ми дадете некои насоки.... Фала ви! Поздрав
Ендометриумот ми беше совршен, а и хормоните ми беа сите во ред, башка декапептил депо примив, во менопауза ме ставија. Терапијата ми беше ептен појачана, со се можно бев покриена и ендокринилог и докторот ме следеа,секој ден боцкав пролутекс и клексан и ставав по 4 утрогестана. Следно би ми било лапаро-хистероскопија, иако на 4д и хсг снимка имам матка како од учебник. Џабе ќе си ја мачам душава да барам одговор, нема одговор. Уште тој зафат ми останува да го направам, све друго живо имам испитано. Фала ви на сите што ми пишавте и ми дадовте утеха, ми значеше многу.
Викаат дека и со скречинг се зголемуваат шансите за подобро вгнездување на ембриончето. Дали имаш направено?
Мила иста терапија сме имале и јас примив и 2 депо. Нема одговор...одиме понатаму и ќе се бодриме немој да се збогуваш со нас
Луничке,можеби едноставно ембриончињата не биле добри,и кај мене мислам тоа беше проблемот... имаш уште замрзнати?
@LunaGrey никако разочарување, многу добро знам како ти е,... бев шест пати во исчекување на успех, не сакам како мене да се измачиш. Но, сепак господ мислам дека за сите нас има план и кога треба да биде ќе биде. Од пред извесно време, пишам бришам на групава и од неверување дека јас конечно успев, никако да споделам. И уште ми е неверно, но да женчиња мои, сега имав успешен криотрансфер на еден ембрион. Си го видов тоа мало како чука на ултра звук. Еве сега пишувам и не ми се верува дека успеав. Секој чекор понатака е борба, наша борба што мора да ја добиеме. Откажување нема, а разочарувањето е најголемо затоа што не зависи од нас, но затоа ние сме борци. Овој пат, правев скречинг, интралипидна инфузија, прп на матка, инекции за ендометриум, ....комплетно ол инклузив што нуди систина. За мене ивановски е цар. Не се откажа од мене, а и јас од него. Се молам само се да биде добро понатака. Овој пат бев релакс, си одмарав по дома претежно, но бев спремна на се, а највеќе на неуспех....некако научив да се носам со него. И излезе дека сега е моментот, сега се споиле коцките да успеам. Молам бога да биде како што треба. Затоа женчиња, нема откажување, не зависи исходот од нас, но мора да бидеме упорни.
Немам веќе мила... според Др ембрионите и двата изгледале стварно на мн добри ама секако тоа не може да се знае нели 100%... Може да е тоа, не знам. Ми извадија 17 јајце клетки ако ни една од тие не ми била добра на 30 години, е страшно.
Браво лавице, браво храбрице. Со лесно и со убаво да си ја износиш бременоста. Секогаш упорноста се исплат. Уживај и гали меше сега
Дали некоја ги има користено БиоАстин? Колку сте задоволни и каде можам да ги најдам, овде кај нас никаде ги нема. Како оди нарачувањето од iherb, гледам ги има од 4, 6 и 12 мг. Од колку мг сте користеле вие? @LunaGrey баш ми е жал, следното ќе биде. Те @brm_brm ти честитам, конечно успеа! Да имаш школска бременост!
Многу се израдував мила Се ќе биде во ред, гали мешко и уживај. Оваа Нова година со бебушка во меше, наредна со бебуш во раце ќе си ја чекате
Јас ги нарачував од Iherb сега есента од 12мг за мм, и се многу поевтини од кај нас. Кај нас застапник е Тримекс. Отвараш профил за најава со маил, и исто иде нарачката како од али експрес ако си нарачувала.Само во делот на шипинг немој да бираш дхл, бидејќи многу е скапо, туку одбери си обична пошта_имаш две.