Здраво девојки споделете искуство дали постои одредена количина на течност што треба да се испие за ембрио трансвер после првото утринско празнење на бешиката поздрав
@brm_brm браво другарка! Честито од срце, секој миг да си уживаш во бременоста и се да ти поминува лесно! Дали можеш да споделиш ако не ти е тешко, како се одвиваше подготовката за трансферот, што терапија примаше, од кој ден... Спомнуваш некои инекции за ендометриум, ПРП... Плиз ако не ти е тешко да споделиш повеќе инфо. Можеш и во темата за трансфер да напишеш ако модераторите сметаат дека не е дискусијава за тука.
Мој совет немој многу,напиј се една чашка па ако треба таму ќе се напиеш пак,зошто јас едвај издржав а испив 2.3 чаши .Со лесно
Е така, пофали си се и овде Да црпиме сила сите. Од вакви приказни и борба ко твојава ми се враќа надежта . Уште еднаш, Со лесно другарка до крај
Бидејќи нарачував два пати, еднаш за 20 дена и вториот па скоро 30 дена, ама беше тоа некоја акција за блек фрајдеј и претпоставувам заради многу нарачки доцнеа. Како и да е супер атиоксидант е, и баш исплатливо и да се чека. Кај нас ги нема од 12мг. Јас не ги пиев, само мм.
Да ти кажам право, јас си мочам баш пред трансферот. Викаат полна бешика треба ама јас нема шанса да трпам и им викам во клиника извињавајте ама јас одам во вц Ако ептен не можеш да држиш ко мене немој да пиеш мн течност, 3,4 голтки.
Браво, браво. Супер мила честиткии успеа ете упорните успеваат, многу се израдував ти посакувам лесна бременост и сакам сите да успеат..
Здраво, Ке направам инвитро во систина приватно,бидејки ми е прво инвитро дали некој знае да ми каже дали во цената за ИВФ во систина се вклучени и инекциите Гонал Ф пен? Прво инвитро ми е и не сум многу информирана.Ми рекоа дека ке ме кошта од прилика 3000 евра, јас треба да примам 5 инекции но не знам дали во цената се вклучени и инекциите?
Мила јас прво би рекла без лапаро и хистеро, без испитани мутации без витамин д, инсулин скриен шекер, да се види дали има воспаление некое во матка, кариотип за двата партнери да се испита прогрестерон пред враќање на ембриончето некако без овие работи сме на ризик до неуспех... За мене беа проблем мутациите сега примав клексани за жал касно ги испитав мутациите се изнамачив предходно со биохемиски но добро вредеше сега сум 8 ма недела само да биде се во ред до крај.. а и овие докториве некако не ни кажуваат премногу за испитувања јас се сама на своја рака испитав но вредеше..
Не се вклучени инекциите, секоја постапка ја плаќаш поединечно: хормони, пункција, трансфер, а инекции можеш од кај нив или од друго место. Цените во мк секаде се исти.
Aaaиии жено,што збориш?? Ма браво...леле какво изненадување...аааиии се наежив кога прочитав❤❤❤ Уживај сега мила,не мисли ама баш на ништо..едноставно препушти се на среќата ,гали меше ... Имај си најлесна бременост!!!
E Bravoos za nasokava ... Da doktorive nedavaat sto da se ispituva ... eve mene nishto ne me nasochyvaat na ispituvanje , se e ok , ama ne e verojatno ... Pa ne e ni ok da se pravat 6-7 invitra do uspeeh ... Stresovi se ogromni ... Ke ve molam da me nasochite za mutacii i kariotip kade ste ipistuvale ??? Sto treba za toa da se napravi ???
@brm_brm Milichka chestitki i ovde,ti posakuvam samo ubavini i lesna kako pesna bremenost Uspeavme i ajde da povlecheme noga za site,siiitee da izlezat od ovaa tema.Patot e tezok i trnliv site toa go znaeme,no samo upornost i istrajnost i uspehot ke dojde.Gospod e golem
Значи не треба од еднаш све да се плати? А дали знаеш колу е цената за пункцијата и трансферот и дали морам хормоните да ги испитувам кај нив или може и на друго место?
Мила за мутации во ману ти е најдобро да направиш брзо де завршува ти треба упат од матичен генеколог со шифра вродена тромбофилија, а за кариотип сега незнам поточно јас испитав на детска клиника но сега не испитуваат за возрасни таму само за деца, прашај ја матичната за каде може да ти издади упат за кариотип валда знае а за маж ти од општ лекар ке треба и давјцата да имате упат