На домашна адреса стигнува картонче за пратка која треба лично да ја подигнеш, со кое одиш во пошта и го подигнуваш ваучерот(ако си од СК,во главната пошта кај железничка) Јас така го земав првиот ваучер...а за вториот си отидов директно кај нив(кај мајка Тереза) и ми го дадоа.... Значи ваучерот на врата не стигнува,не се секирај,нема да ти залута никаде... евентуално само картончето ако поштарот не ти го забатали некаде...
Кај мене двата ваучери стигнаа директно на домашна адреса ниту еднаш не беа со картонче но на него имаше печат за лично ... ко препорачано Важно нема шанси да залута ваучер
@priness5 @Adams kakо бе на врата? Па тоа е личен документ...а што ако живеам во поголема заедница и не сакам никој да знае дека ке правам ивф,како ке ја заштитам мојата приватност? Што ако еве 3 пати доаѓа поштар и не сум дома,нели лично треба да го подигнеш...кога ке ме најде? Не знаат кај тераат искрено...едни на врата,едни во пошта...не знам... И вториот ваучер кога го земав од таму таа во моментот спремаше едно 20 картончиња и збореше на тел да пратат поштар да ги достави на адреса картончињата... Kако и да е,тоа е препорачан документ, нема шанси да залута...ама треба да си дома да го чекаш... Ех..нашето чудесно здраваство...
Ти посакувам успех до крај....иначе и јас со интралипидна инфузија кај Мите имам успех,а целата сум крш.Ќе даде Господ златен кај сите и нема откажување до крајна цел.
Така фино еднаш мм го зема а еднаш ме виде поштарот дека идам накај дома го остаи во сандачето и си го земав... (до душа и сами живееме ако не бев дома веројарно ќе имаше картонче) само знам дека дента ми кажаа одобрен ќе ги пракаат утредента ми стигна дома (за Ск )
Така на врата...Ако не си дома би требало да има картонче во сандаче како и за други препорачани писма. Да како и да е нема шанси да залута. Мене ми стигна истиот ден кога се јавив дека е одобрен
Девојчиња можеби сум малку офф топик ама пак тука ќе си најдам одговор, пред некое време некоја од Вас спомна за клиника во Турција и наведе еден доктор Чемчелик, почнав да го следам на инстаграм ама сите постови се на турски и не разбирам, за жал Ако на некоја и е позната клиниката и докторот молам за инфо во л.п.
Hellllllpppppppp Во вторникот имав трансфер со замрзнати. Др.ми препишал 3x200mg утрогестан А јас заслепена не знам како ми влегло во глава 3x 400mg. Значи јас веке една недела ставам 3x400mg... Премногу е? И сега ја зезнав работава така? Ја барав сестрата др.бил во гужва па чекам утеха. Ах, само да се нервирам.
Уф, голема доза е. Баш види што ќе ти каже докторот. Иако сите примаме различни дози прогестерон. Белким не си направила нешто страшно. Друга прогестеронска подршка примаш?
Не. Само утрогестан. Пролутех примив ден пред трансфер. Како можев една цела недела да не погледнам. Гуска сум
Ајде не се нервирај. Не би требало да ти направи проблем. Еее има жени кои примаат и 3 пати дневно утрогестан, и пролутекс секој ден и п.депо на 4-5 дена. Зборни со докторот како да продолжиш. Немој па да не чини сега нагло да ја намалиш дозата
Јас ставав по 4 на ден и плус пролутекс секој ден боцкав. Не би требало да има штета од прогестерон, немој да си правиш стресови.
Сакам за те прашам за интралипидната инфузија кај ја примаше, колку плати и какво ти е искуството со неа
Не се секирај, ништо лошо не си направила, само си се заштитила повеќе.Јас примав утрогестан 2×400, пролутекс секој 2 ден и прогестерон депо секој 4ти ден.Мојата доза е многу поголема од твојата.Нема штета од повеќе прогестерон посебно после трансфер и во рана бременост.