Епа добро штом има причина во ред, слушај си го докторот секако. Ти посакувам брзо да ти поминат деновите и позитивна бета
За прв ваучер е така ко што пишуваш но за втор ваучер само 1нов спермограм бараат... Пс.Сите што прашавте дали да лежите за циркулацијата е најдобро да се раздвижувате сеа не да пешачите ама не да сте во кревет 24ч...освен ако доктор смета поинаку,сите сме различни
@LunaGrey Мила, многу ми е жал. Немам соодветни зборови за да те утешам, знам колку е тешко. Но знај, млада си, имаш оваријални резерви. Имаш време да одмориш, да собереш сили, имаш време за друго мислење ако сакаш, имаш време да истражиш кој е проблемот, можеби дури и да пробаш во странство. Верувам дека по некое време ќе најдеш сила за да пробаш пак. Знам дека си уморна од се', но рано е за откажување. Бар овде сме чуле за еден куп среќни приказни, се надевам дека наскоро ќе ни ја раскажеш и твојата.
Храбри жени, Само да ве поздравам и да ви дадам надеж и воља за оваа огромна битка која секоја од вас ја води: денес наполнив 44 години, а моето (прво) малечко 12 недели во моето меше. Храбро и позитивно идни мамички! ПС Не можам да не ја гледам групата од време на време, затоа што не би била овде каде сум без сите информации, емоции и сила кои ги најдов овде
Среќен роденден храбра лавице, знам дека успеа за кратко време, но со интензивни обиди. Со лесно до крај
Да пробаш тука дали имаат? https://www.facebook.com/powerbody.mk/ јас кога прашував имаа.Од кој град си? Во Струмица во Мартини поликлиниката во нивната аптека Мартини фарм мислам дека имаа...https://instagram.com/poliklinikamartini?igshid=1vd8s5qminua0 ама незнам дали вршат достава.
ајде една ама вредна да биде, да си го добиеш најубавиот подарок во новата година со лесно утре и со позитивна мисла. Каде правиш трансфер?
Девојки дали знаете колку чини скречинг во Ремедика, како изгледа постапката и дали се прави со анестезија? Дали после скречинг сте имале успешен резултат?
Јас правев во јануари... 20 000 беше,со анестезија да,после интервенцијата си полежеш 2часа и потоа дома те пуштат.Имав успешен тренафер да...еве бебка мрда...35недела сум
Не го знаев ова,два нови поднесовме вториот пат. Колку што памтам не е ни напоменато во формуларот за документи.
Мислам има спом ато ама ме ме држи за збор или од таму или од темава сум дознала дека за 2ор треба само 1 ваучер а за првиот 2 со разлика мин.месец дена...важно да ри одобрат др не е важно