Јас во октомври поднесов со 1 нов спермограм, бидејки стариот беше правен пред скоро година дена. Мм реши да направи да не случајно бараат да доставиме и да се оддолжи одобрувањето.
Поднесував за трет ваучер, една копија од претходен спермограм не постар од 1 година, и еден нов Така исто правев и за втор ваучер
На чист природен циклус сакаш да идеш? Предложи му на докторот на модифициран да идете. Плодност е баш скапа пункцијата и евентуалното оплодување. Не се исплаќа 600-700 евра да дадеш само за пункција на скроз природен ц. Ова е само мој предлог Јас ќе си почекам најверојатно со моето ивф. Планирав јануари као, ама пусто ТСХ многу споро ми паѓа. Енос до 17 ми е дојдено, денес испитував. Ќе ме стават на појака терапија за да го доведеме до 0. Имајте убави празници и да ја започнеме годинава со многууу позитивни тестови
Кога ги даваш оригиналите во фонд си носиш и фотокопии од истите. Таму ти ставаат печат- веродостојност на оригиналот
Јас кога ги поднесував документите жената од архива се симна во ходникот кај информации и само ми ги зема документите, ни печати имаше со неа ни ништо и бројчето немаше да ми го каже ако не ја прашав...
И сега немаш ти фотокопии? Ќе ти ги бараат тие документи и во болницата каде ќе правиш. Можда Не сите, но инфективни скрининзи, чисти брисеви, крвна слика...бараат и они за во досието
Имам копии ама без печат... Еден комплет оставив за во картон кај матичниот гинеколог и еден комплет имам за мене сочувано
Хепатит и хив, хормони, пап и микробиолошки треба да не ти се постари од 6 месеци и јас оригинал ги пратив, спермограм пратив оригинал, а останатото копии. Зашто нели од првиот ти ги задржуваат оригиналите а на копиите ти ставаат печат
И јас си носев копии ама предавањето документи се одвиваше во ходник и таа немаше земено ни печат ни ништо со неа...
Девојки, едно прашање што ме мачи, би ве замолила за одговор вас што сте моментално трудни или сте истерале бременост со ин витро. Колку од вас после позитивен тест се вратиле на работа и продолжуваат да функционираат и живеат нормално до пороѓај, со сите обврски? Што е во ваше искуство најголема индикација за патолошка бременост во ин витро? Антикоагуланта терапија и самата ин витро постапка и слично ваљда не е доволна причина да се мирува и да не се оди на работа? Конкретно ме интересираат што повеќе примери каде после бременост со ин витро сте добиле зелено светло од доктор да продолжите нормално да одите на работа и да ги извршувате сите обврски?
Се изнервирав вчера кога ми јави др.Билјана дека ми фали документ за ТСХ и дополнително е вратен предметот за тоа. Не знам како можевме таква глупост да направиме, кога ги правев хормоните во Биотек имаше пакет од 5 хормони што се потребни но, наместо ТСХ имаа тестостерон во пакетот и воопшто не обрнав внимание на тоа двете на Т и си мислев тоа е тоа... Денес го направив ТСХ и дополнително ќе го испратам, не знам само дали да очекувам да ми пристигне дома одговорот дека ми фали документ ... Така требало да биде, да почекам уште некое време за ваучерот од глупост
Мила мислам дека тоа е индивидуално и секако во консултација со докторот.Јас во моментов користам мерки за ослободување од работа за бремени но и да не немаше мерки јас секако немаше да одам бидејќи работам во друг град и секојдневно патував по 4 часа дневно со автобус и секако јас цел ден повраќам од 5 до 17 недела веќе сум а уште повраќам и не би функционирала.Сега и со ковидов е комплицирана работата.Но ако е нормална бременост без разлика на антикоагулантната терапија и тоа што е по пат на инвитро не гледам причина да не може да се оди на работа,секско ако се е во ред и не е физичка работа
Јас сум ептен тазе, сеуште не сум била на прва контрола, препорачано ми е да седам дома, со зборовите дека сега се формира плодот и треба да се пазиме, поготово и ради коронава.. Да се движам секако, да не се крева тешко..Мислам дека да не беше коронава, немаше до толку да препорачуваат да седиме дома. Јас кажав дека работата не ми е тешка воопшто и дека ако е во ред да одам, но не добив потврден одговор на тоа.
Со самото тоа што сум со инвитро и клексани не значи дека не треба да одам на работа. Е сега, поради ковидов работам од дома цело време, и не можев да замислам да седам на стол 8 саати и пат натаму наваму. Една индикација за повеќе одмор и неизвршување тешки работи по дома ми беше скратен цервикс, и се покажа дека имаше влијание, веќе сум 38 полни недели. Не побарав патолошка затоа што ок ми беше работа од дома. Така да ако немаш скратен цервикс, проблем со постелката или некоја сериозна индикација, не верувам дека би препорачале патолошка бременост, се си тече нормално.
Зависи од случај до случај. Не е патолошка под дифолт. Ако е нормална бременоста после инвитро, така и се води. Самата постапка и антикоагулантна терапија не се причини за боледување и мирување.