Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    248 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    189 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    55 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    34 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    19 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    96 глас(а)
    5,9%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    76 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    108 глас(а)
    6,6%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    104 глас(а)
    6,4%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    298 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    260 глас(а)
    15,9%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    31 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,4%
  15. ГАК (Сите доктори)

    45 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,6%
  1. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    А каков е тој модифициран? Се додава плис некоја терапија или..?
    Искрено незнам на 100 ума сум дали да си поднесам документи за класично ивф или и да пробам и вака... Додуша јас со стимулиран имав 2 ј.к па на природен може и ич :D
    Тебе ти посакувам што побрзо да гк доведеш во ред Тсх и да ни се пофалиш со убави вести :l:
    Среќни празници :d:
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е патолошка по дифолт. Ме интересираше што зборува праксата - колку жени реално се враќаат на работа по позитивен тест, без ниту една индикација да отворат боледување (во нормални услови, не во услови на пандемија кога бремените се ослободени од работа иако оваа мерка во мојот случај и не е релевантна затоа што доколку се' биде во ред, бременоста би ја водела во државата каде што живеам, а каде нема такви посебни мерки за трудници).
    По одговориве па можам да заклучам дека повеќето поради еден или друг дополнителен фактор, а и моменталнава ситуација со вирусот сепак добиваат совет да отворат боледување и да останат дома. Јас конкретно работам специфична работа на многу стресна и одговорна позиција во многу мала организација, каде еден мал милион работи зависат од мене, и моето евентуално боледување би придонело за голема главоболка кај сите, од причина што дејностите на организацијата се многу специфични, врзани на конкретни периоди во годината и за да некој ме замени во отсуство би морала претходно да го обучам што ќе ми истроши повеќе нерви и живци, време и енергија отколку сама да одам и да продолжам нормално работам. Работа од дома во одредени периоди е опција, иако стресот ќе остане, дури и физички да не сум присутна во канцеларија. А тоа не знам колку е во ред, сепак ние особено треба да внимаваме на се, и да се чуваме.
    Фала ти многу на одговорот, и на тебе, и на девојките @Evy81, @Milce89, @Maya12.
     
    На NNA, Bilka5T, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Одма по позитивната бета. Јас најнирмално функционирав се до 25 недела се додека не ми падне хемоглобин и бебе да се спушти во канал за пораѓај. Тогаш ме стопиира скроз ме пратија на хематологија и си примав крв секој 2 недели. Во 34 недела се породив поради намалена плодова вода. Така да слободно можиш да си функционираш нај нормално. Мене докторот ми рече бременоста ни е иста и како кај природно останатите жени. Исти прегледи анализи се исто.
     
    На Mihaela123456, NNA, Kris80 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.223
    Допаѓања:
    169.806
    Пол:
    Женски
    Модифициран е со минимална терапија/стимулации.
    Обично на 7-8 ден одиш на преглед и ти даваат по една/две инекции. На некои па и летразол/кломифен даваат.
    Модифицираниот протокол се покажал како доста успешен кај жени со мали оваријални резерви
     
    На NNA, Mimmi39, BelataMasai и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Фала ти многу сепак пак ќе размислам и ќе се консултирам со докторот секако:)
     
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.223
    Допаѓања:
    169.806
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе си збориш со докторот.
    Јас само гласно си размислувам.:D
    Ама поднеси си за ваучер бе дете.
    Со каков протокол и да идете без 100.000ки ( на приватно) од Плодност нема да излезеш.
     
  7. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Па и тоа шо викаш :D
    Ќе си соберам документи и ќе си поднесам и се надавам ќе успееме пак :*
     
    На NNA, Coco31, marijamarkoska и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Snaata

    Snaata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    247
    Јас од класично добивав малку јајце клетки на првото 5 на второта 1 на третото 3 при што секогаш се оплодуваше една. На природен модифициран 5 дена со летроназол и 2 дена со по два фостимона добив една јајце клетка и сум моментално 18 недела. Ако слабо реагираш на терапија и си со ниско ахм моето искуство е дека природен модифициран е подобро сепак треба да ти каже доктор.
     
    На Mihaela123456, NNA, Capricorn Taurus и 9 други им се допаѓа ова.
  9. biba818

    biba818 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    колку ти беше амх кога правеше на природен модифициран ?
    браво, честитки, лесна бременост ❤️
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Честитки и лесна бременост. Јас до сега имам правено едно ивф фала богу успешно ама со мал број на ј.к ама досега не сум правела Амх испитување.
     
    На NNA и tina2018 им се допаѓа ова.
  11. Twins256

    Twins256 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2020
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    6.648
    Пол:
    Женски
    Друшки мои,лавици најхрабри...

    Ајде оваа година,каква-таква да ја испратиме со насмевка,со крената глава и со полна снага за следната...

    Ајде да му се заблагодариме на Бога што иако нас не не израдува со меше оваа година, ни даде ЗДРАВЈЕ за да се бориме понатаму следната, да гриземе , да рушиме се пред себе како храбри лавици кои се борат за своето чедо...

    Ајде да се смееме и да пукаме од среќа и радост,насмевката од нашите лица никогаш да не исчезне...

    Ајде друшки ,спремете се зошто 2021 е НАША ГОДИНА...
    Па...НЕКА НИ Е СРЕЌНА,БЕРИЌЕТНА И ПЛОДНА 2021,од убавини да не куртулиме!!!!

    П.с лавиците што галат меше, нека се здрави,весели,среќни...нека им се наполнат рачињата што поскоро и нека си ги износат бебушките што полесно!!!❤❤❤

    ❤Ве гушкааамммм!!!!❤
     
    На Sienna_MK, Mirka_Miki, Bilka5T и 56 други им се допаѓа ова.
  12. Snaata

    Snaata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    247
    не го испитував оваа година лани ми беше 0.5 секако е бил помалку
     
  13. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    3.805
    Пол:
    Женски
    На Мишел*, Алек***, NNA и 13 други им се допаѓа ова.
  14. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Девојки докторот ми рече да направам бета за да видиме дали имало нешто, зошто имав бледа линија на 6ти ден. На 9ти ден бетата ми беше 30, па на 12ти ден после трансфер 36.... значи имало нешто :(
     
    На zamce, NNA и Stressed Out им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.270
    Допаѓања:
    112.517
    Пол:
    Женски
    Направи си.
     
  16. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Па направив тие беа вредностите што ги напишав...
     
  17. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    2.618
    Јас имав слични вредности од 55 на 14ти и 69 на 16 ден и за жал ми рекоа ниска бета ова е биохемиска бременост, јбг, се помирив со тоа и одиме напред ,само здравје ќе бидеме мамички наскоро сите што се обидуваме
     
    На NNA, IRBBB, LunaGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Alex*

    Alex* Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Имало...и сега уште повеќе боли, знам. Ама во случајов ова е подобро од негативен тест. Сепак погледни ја чашата полуполна наместо полупразна. Фактот дека забременуваш значи дека ембрион може да се всади во матката.
    Биохемиската бременост обезбедува малку светлина на крајот од тунелот и дава надеж за понатаму.
    Гушки и во новава година со нови сили во оваа борба :hug::l:
     
    На Мишел*, zverkica, NNA и 8 други им се допаѓа ова.
  19. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Да , знам... не знам што е проблемот веќе , зошто не можам да забременам, ова е физичка и психичка тортура.
    Ми иде да кренам раце од се, јас едноставно немам сила да поминам пак низ ивф.
     
    На Twins256, AneSk, marijamarkoska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.270
    Допаѓања:
    112.517
    Пол:
    Женски
    Јас те сфатив дека 12ти ден си направила, а докторот бара уште една (трета по ред) бета.
     
    На LunaGrey му/ѝ се допаѓа ова.