Сигурно имало ... иста ситуација...(и на ехо кај мене се увери затоа и ти рекол да провериш) ...но мила откажување нема во 2021 сите да успееме што не успеавме оваа...
Како тоа немаш сили за понатаму...сакаш да се откажеш??? Сакаш ќотек да јадеш изгледа.. Терај таму напред и не се врти назад жено...Јас во март одам на трансфер со ескими,во меѓувреме збирам документи за 3 (трет) ваучер..имам 37 год...абер немам од успех...па упорно газам по жар боса... Ете,Господ ти дава знак да одиш понатаму,се фатило,па се пуштило...значи за следен пат знаеш со докторот каде да го бараш решението за проблемот..барем 30-40% знаеш каде да тераш... Те молам биди оптимист,ни во сон да не си се откажала... Да ја имав старата тастатура од Фемина,ке ти ставев емотикон што се лути... но наместо луто емотиконче,ти праќам ❤... поддршка за понатаму
Да не се караме предновогодишно, те молам Инаку еднаш ти реков дека нема да ти треба втор ваучер и уште си стојам на зборот. Тебе така има да те изненадат две јаки цртки кога најмалку ќе очекуваш, сигурна сум во тоа. Нека е ова и новогодишна честитка
Мн ми пати се во животов ради ова. Ми пати бизнисот, врските со луѓето... избегавам да се дружам со луѓе пошто не сакам да ме прашуваат за деца, избегавам да седам со моите... не ми се оди нигде буквално, до толку влијае на секоја сфера од моето живеење. Се надевам ќе соберам енергија, моментално ја немам. За се сум силна , ете за ова не сум. Ти се восхитувам на тебе и на твојот дух
И мене ми влијаеше, и на многу други им влијае на социјалниот живот. Но, не треба така да биде. Треба да си го живееш животот, а ова попатно да го тераш, без оптеретување. Не е лесно, но треба да се обидеш. Сега одмори, шетај, оди на кафе со пријателки, а сопругот место да пати, нека те поддржува. Тешко му е, но тој не прима хормони и анестезии. Може е ова малку сурово, но е вистина. Најголемата тежина во процесов е на тебе.....на нас женските кои одиме по овој пат. Си постигнала бременост и иако неуспешна, сепак е бременост. А тоа значи дека повторно ќе забремениш бидејќи матката памти бременост.
I mene mi se sluci istoto na 6 den bleda linija kupeni 10 testa. Ne napraiv beta mozebi zgresiv neznam. Vecerta dobiv nenormalno jaki bolki neizdrzlivi do povrakanje. Na 11 den cela takva srekna da napravam beta. Ne pokaza nisto za zal. Negativna. Uste se kaam sto ne sum napravila na 6 dena da znaev barem . Sega ke mi bese psihicki polesno.
Не се грижи мила, јас примав 3 пати по 200 мг. утрогестан плус пролутекс инекција. Ин витро ми е успешно и имам шест месечна ќеркичка. И тебе ти ја посакувам истата среќа.
Првото ин витро лежев цело време ,цигари не пушев,газирано не смеело...негативен тестот. Второ ,од 12 дена само првите 3 ги лежев. Не правев физички напор ама станував,седев,правев за јадење,алишта пуштив 2 пати,ги пружив... Се напив и газирано и цигари пушев по некоја, од исчекувањето уште појќе ми се пушеше :/ ,одев во продавница...Оти мислев ќе биди исто. Ич ама баш ич не се надевав. За чудо се фати Еве 33 недела сум,ам цигарите ги прекинав од позитивен тест
Само да ве поздравам и на сите да ви посакам среќна нова година, многу здравје и остварување на најголемата желба . И само да кажам дека нема надеж губење, сите до една ќе станете мајкички .
Среќна нова 2021 година!!! Многу здравје, среќа и на сите оваа година да ни се исполни најголемата желба да станеме мајки
Среќна Нова 2021 жени! Ја знаете желбата. Ви посакувам на сите успешни постапки, природни бремености, и душички што ќе раснат среќни Сите од темава ве осеќам блиски, можеби не сум пишувала многу ама сте ми помогнале без да знаете во најтешките моменти.
Драги мои пријателки нека новата година ви биде многу среќна бериќетна и мнооогу плодна. На сите ви посакувам успешни постапки лесно и до крај износени бремености. И сите еден по еден да се исчистеме од групава
Мили мои лавици-храбрици. Среќна нова, само убавини и радости да дава Господ во неа. Срцата да ни бидат среќни а рацете полни со бебчиња. Нека оваа година биде наша најсреќна, и сите до една да не направи МАЈКА
Еве и јас да си кажам...те разбирам и јас на моменти помислував дека животот ми нема смисла и што и да правев мислата ми беше таму,ама во ниту еден момент не се откажав.Не дозволував луѓе да ме прашуваат сама си кажував дека кај и да е ќе имам бебенце ,затоа што длабоко во себе сите тоа го посакуваме и знаеме дека ќе ни даде Господ,а за тие другите "грижливите" реткост било некој жално да те погледне па како не сакаат да зборат осетлива ми била темата секогаш сум знаела што да им вратам ,така даа фала Богу здрава си..ништо не ти фали,верба во Господ,верба во себе,во докторот и главата горе...и ќе видиш кога ќе се оствари целта нема да знаеш на кај да тераш Ви посакувам среќа на тебе и на сите другарки во групава...нека оваа година биде добитната...Срекна Нова
Другарки, ви посакувам тоа што си посакувам и себе Имам прашање, знам дека после неуспешен трансфер можно е пореметување на циклусот но ова ми се гледа многу. По ЕТ добив по 2 недели. Сега второто доаѓање требаше да биде, но ми доцно 15 дена. Направив 2 теста негативни се. Се има ли случено на некој толку мн?