Здраво девојки имам едно прашање, собирам документи за инв па пролактиот ми е 2.1 а мин е 4.5 но примав терапија бромергон бидејки минатит месец ми беше 40 е сега ми ја смени докторката дозата, прашањето ми беше дали ке ми направат проблем што е низок пролактинот?
Мислам дека не прават проблем за пролактинот. И јас сум ист случај, првиот пат кога испитав ми беше 63, почнав да пијам достинекс и сега ми е намалена дозата поради новиот резултат од 1.73. Првично во фонд го испратив резултатот со 63, па требаше да испитам ТСХ, покрај него го испитав пак пролактинот и заедно ги испратив пак во фонд. Таму ги имаат двата резултата па сега чекам одговор, се надевам дека нема да направат проблем...
Среќна нека е идни мамички, посакувам на сите годинава да се преселиме во Труднички Сакав да прашам тие што поднесовте скоро ваучер за колку време имавте одобрен ваучер? Јас поднесов на 29.12 знам дека е рано ама чисто ме интересира да знам кога да очекувам одговор.
Членката праша, јас и одговорив, она што веќе го имав прочитано. Извини ако мојата информација ја доживеа како паника. На форумов а и секаде по интернетов има купишта информации, сериозно страв да те фати, ти избираш дали за тебе ќе бидат "паника" или корисни информации за да донесеш некои одлуки или да консултираш стручни лица. Јас споделив мое знаење и мое искуство. Секако за секоја дилема јас би се консултирала со лекар, па дури и за маче по дома, со цел да ги сведам нервозите и негативните мисли на минимум и да ги максимизирам шансите за усшено ин витро. Со среќа на сите
Со лесно нека ти е и со успех. Правев и јас дијагностичка со скречинг и после имав успешен трансфер. Посакувам и кај тебе да е така Во врска со крварење, јас првиот ден не крварев, неколки капки само, после почнав малку повеќе, но не беше и тоа многу.. Мислев нема да знам дали е циклус или крварење од интервенцијата, ама после тоа почна малку погусто и знаев дека е веќе циклус. Болки воопшто немав и одмарав само еден ден. Уште еднаш, со лесно и со успех
Мачките ја фаќаат токсоплазмата преку јадење на заразени глувци. Мачката и е домашна на членката, а и мачката би имала симптоми ако е инфицирана, би имала температура и би била летаргична. А и човек да префати од мачка, треба на улична мачка да и го фати изметот или почва со траги од измет,да не ги измие рацете и да се фати за уста или нос. Најчесто ја фаќаме бактеријата преку почвата, на заразена почва(на која вршеле нужда добиток кој ја има бактеријата) каде се одгледува зеленчук па се носи на пазар и после не се мие темелно. Како и да е, лесно се проверува тоа, во сите лаборатории се проверуваат антитела на токсоплазма , дали сме ја имале некогаш и дали ја имаме моментално. Знам дека не ти беше лоша намерата само тука доста сериозно го сфаќаме секој пишан збор, да не дојде до недоразбирање па да мислат сите што имаат мачки дома дека имаат токсоплазма.
Мало е 2 месеци има и само дома го чуваме искапено е. Секако дека кога ќе почни процедурава нема да го чистам јас изметот ќе го одбегнувам колку можам се додека се види крајниот резултат од инвитрото се надевам нема да се случи некој проблем. Инаку имам и куче ама тоа го чуваме само во двор
За дијагностичка хистеро и скречинг - јас имав слабо крварење ден-два и немав некои болки. Имав само силна главоболка следниот ден, но тоа најверојатно од анестезијата, така редовно реагирам. И докторите ми напоменаа дека не се очекува значително крварење или големи болки. Дента зедов слободен ден, следниот ден се вратив на работа. Доколку е само дијагностичка и скречинг, нема потреба од многу одмарање. Тој ден добро е да си го земиш слободен, сепак се дава целосна анестезија. Јас поминав многу лесно, ќе биде и кај тебе така Многу среќа!
@BelataMasai @Milce89 @DTN Ви благодарам девојки за споделеното искуство и за убавите желби Тој ден секако ќе си го земам слободен, за повеќе немаше да можам. Да се надеваме на успех овој пат
Еве да споделам и јас Поминав мн.убаво,немав крварење никакво,малку главоболка и јас,ама малку...тој ден слободен земав и јас,другиот ден ,нормално беше се' Во Ремедика правев и имав после тоа успешно ивф. Ти посакувам успех овој пат и тебе.да биде среќна година на сите.
@Ѕвездички извини што ќе се умешам неповикана, само сакам да појаснам дека не е толку страшно, оти за да фатиш токсоплазма од мачка, треба буквално да и лизнеш од изметот. Значи ако мачката е заразена, некако нејзиниот измет треба да ти помине низ хранопровод. На ова миење и дезинфицирање денеска е практично невозможно. @veleska. за токсоплазма поголеми се шансите да фатиш од недоволно добро измиено овошје и зеленчук и од недоволно добро зготвено месо, како и сомнителни сувомеснати производи. Јас се консултирав околу ова со повеќе доктори и буквално сите ми се насмеаа на прашањето. Значи ни уличните мачки не се опасни. Совет беше во бременост да избегнувам јадење надвор од дома. На сите од срце ви посакувам да си наполните раце оваа година. Нека новава ви е среќна, бериќетна и плодна.
Ви благодарам на сите за одговорите. Ви ја посакувам целата среќа и оваа година сите да имате успешна бременост
Девојки дали треба да има размак помеѓу микрогинон и декапептил, денес почнувам со боцкање и навечер ги пиам апчињата а и инекциите исто навечер ми одговара да ги боцкам? Фала