Женски, ме интересира дали 10милиони семена течност -прочистена е задоволителен резултат за успешно ИУИ?
Жени ај ве молам да ми кажете за боцкање со супрефакт дали од старт сами се боцкавте или ве боцкаше некој. Дали е комплицирано? Треба да почнам со боцкање па гледав на нет видеа како, а страв ми е да не зезнам нешто. Сега не знам дали да почнам сама или да барам помош.
Нема што да зезнеш...штипнуваш 3-4 прста од папок лево или десно боцнуваш го опушташ местото стиснато вбризгуваш 4-5 сек задржуваш кога ќе завршиш и вадиш игла ... се надевам ме разбра од прилика
Жал ми е мила за негатовниот тест...14 дена од ЕТ треба веќе да има барем бледа линија... Но како што ти пиша членката,се е можно па затоа за сигурно направи си тест преку крв(не мораш на приватно да плаќаш...,со упат од матичен во Syn Lab за 100 ден.ке те боцнат,резултати ке имаш за 3-4 саати). Но биди спремна и на негативна бета..во твојот случај ова второво има предност... Само сум реална,затоа ова ти го пишувам... Дај Боже да грешам❤❤❤..ке се израдувам ептен ако пишеш дека имаш висока бета... Со среќа мила...
Првото боцкање нека ти биде со медицинско лице за да ти покаже, сестра кај општ или гинеколог. Јас така направив првиот пат и после си продолжив сама.
Жал ми е.. Исто имав трансвер со тродневен ембрион правев домашен тест на 12 ден на едниот беше бледа ама на другиот доста убаво се познаваше. На шурчек беше по бледа на поефтиниот оо убава
Negativan beta 0.7 denes na 12 den od transfer, toa e toadali e podobro da se pochnuva vo brzo vreme povtorno so invitro. ve molam za iskustva.
Жал ми е мила, но не се разочарувај. Ако имаш замрзнати, може да се продолжи, но секако тоа ќе ти го каже докторот - зависи од хормоните, што си примала и дали пак нешто треба да примаш. За нови стимулации се препорачува да почекаш барем 4 месеци.
Здраво девојки , денес бев кај матичниот гинеколог за да ми го даде потребниот образец потпишан од нејзина страна за да може да ја поднесам потребната документација во фондот. Меѓутоа ми рече и проодност на канали требало да испитам, јас имам направено 4DV ултразвук со кавум утери.Колку што имам прочитано на страната од фондот и тоа може, нели ?
Ќе си го прашаш најдобро докторот за тоа, ама би било подобро да почекаш неколку циклуси да се стабилизираат хормоните.
И тоа и тоа треба. Без Хсг нема да ти одобеат ваучер ќе те пратат на докомплетирање на документација.
Bas mi e zal...no odime ponatamu. Ajde pohrabro nareden pat... No zosto tolku brzanje? Pocekaj malku,odmori se,odmori go mozokot,no najmnogu teloto....neka pominat barem 2-3 ciklusa,da se iscisti teloto od hormoni... Vo megjuvreme probuvajte prirodno , napravi soodvetni ispituvanja vo konsultacija so doktorot, ke dobies vo vreme da soberes dokumenti za sleden vaucer(neznam koj ti e po red,ama ako imas sansi za uste 1 ili 2 vauceri, iskoristi si gi,nemas potreba da odis na privatno....za sleden vaucer se podnesuvaat dokumenti 6 meseci od denot na ET) Pozdrav i srekjno❤
Жал ми е... одмори го телото ако имаш замрзнато почекај 2 до 3 циклуса ако не тогаш сепак почекај си 6месеци ...сепак се хормони стимулации и пункција (со анестезија)во прашање...а о најдобро со докторот да се консултираш Треба и 4Д ехо И Хсг...моментално незнам дали на гак прават или приватно кај толовски околу 4000и нешто денари
Незнам сега дали прават на Гак. Јас правев кај Толовски 4200 ден беше пред 2 години имам број ако сакаш че ти дадам прашај