Девојки ајде некој со искуство за пцос, знам ве има тука, мала помош. Се работи за од моја комшивка девојчето. Има 19 год, многу нередовен циклус, беше на др и установи дијагноза пцос и со некоја терапија добивала неколку месеци. Др и рекла нема место за паника, ама сега последен циклус и е во април мин год. Мене ова некако ми е многу, 10 месеци без циклус. Таа секако ќе оди од понед на контрола ама дај кажете некое мислење.
Да...4D мислам можеш и кај матичниот гин. да направиш ...зависи што апаратура има... ХСГ можеш и на ГАК со упат,ама незнам сега заради короништево дали прават,прашај го матичниот гин.(незнам дали и во Чаир може) Јас правев кај рентгенолог Толовски ,4000 ден.
Ако со сигурност има пцос и толку месеци без циклус, ќе и дадат апчиња за предизвикување циклус и можно е после тоа да продолжи со хормонска терапија за да добива редовно. Мене многу рано ми е дијагностицирано пцос и долги години бев на хормонските апчиња Јазз, се додека не одлучив дека сакам бременост ги пиев. Без нив со месеци абер немав од добивање.. Само мој совет за хормонските што имам и читано, 6 месеци се пијат па 3 пауза, и се така.. Секако нека си се консултира со стручно лице.
Девојки ај потсетете ме ве молам - колку чини ПСР тест за ковид во Ремедика? Беа 4000 ден. ми се чини, па ги намалија, ама не ми текнува колку беше последната цена. Претпоставувам уште го бараат пред било каква интервенција.
Да бараат тест, ама мислам дека не прават веќе таму. Јас наредна недела скречинг ќе правам, ми рекоа во друга лабораторија да си направам. Закажав во Авицена 2600 ден е.
Во петок ми е закажан скречингот, во среда ми рекоа тестот за ковид да биде. По ова иде 48 часа. Ако не ти е за итно, јас секако треба деновиве да идам за друга работа, па ќе прашам за конкретно инфо за важноста на тестот.
Поздрав Kris80 Мој совет, да си се консултира со ендокринолог (таму ќе и дадат насоки за хормонски и други испитувања). 19год е рана возраст, но сепак повеќе од 6 месеци без циклус е загрижувачко, и може да значи повисок развиен степен на пцос. Дополнително, добро е да се има слика за состојбата и степенот на пцос и да се прати развојот, пошо синдромот знае да си напредува. Искрен совет од слично искуство со овој проблем, да се консултира ендокринолог и да се одреди терапија и редовни контроли, за да се третира синдромот навремено и да се избегнат натамошни компликации.
По 6,7 фоликули на двата јајници добро е како за 8ми ден од менструација? И колку треба да има фоликули и колкави да се за да се дојде до пункција?
Поздрав И ова јас си го помислив, и го предложив и добро што ми го потврди, ти благодарам Мн ми значат луѓево и сакам да им се најдам Едит А добар ендокринолог да ми препорачате Може и од Ск
Добра е таа бројка И еден фолкул да има се прави пункција не е важно колку има Треба да се зрели, да бидат над 22мм, докторот одлучува за тоа.
На државно-на ендокринологија сите се добри доктори, Др. Катерина Адамова посебно. Со упат од матичен може да се закаже. За на приватно во ремедика има исто добри доктори. Важно е да се посети ендокринолог за пцос пошто матичните гинеколози не ја разбираат доволно добро оваа проблематика-овој синдром, кој го опфаќа цел организам, недобивањето е само еден симптом од ова метаболично заболување. Со добра терапија може да се контролира.
Како изумив и јас за ендокринолог. Јас дури сега почнав да посетувам кога веќе сакав да останам бремена, но најубаво уште од старт да си почне темелно се да се испита и следи. Јас имам позитивно искуство со др.Бранкица Крстевска од Срце, но и од др.Стефанка од Ремедика има многу задоволни што знам.
Денес на 11 ден од циклус LH 1.6 E2 2591,3 Progesteron 0.88. Малку сум исплашена. Докторот ми рече дека е хипер. Пункција закажана за во недела. Девојки ваше мислење
Јас.Обавезно после секој трансфер ми се појавуваа.Првиот пат пиев дабростон и ништо.После пиев микрогинон и ги снема.Околу два циклуси ми беа потребни за да ги снема.Нормално е да се појават цисти после неуспешно инвитро поради терапијата што ја примаме.Ќе ги снема сигурно со микрогинон.Јас пиев микрогинон обично од 4-5 ден од циклус, тогаш одев на преглед и тогаш ми даваа терапија.Колку што памтам мислам дека ги пиев околу 21 ден.