Како тоа рекол дека е хипер? Кој доктор е тоа? Како тоа те плаши така. Како прво до хипер доаѓа евентуално после пункција кога се ослободува течноста од фоликулите а не сеа. Ако имаш индикации за хипер нема да ти дадат стоп инекција, место неа ќе примиш декапептил инекција. Мене ми беше над 6000 Е2. Па ништо не ми се случи. Не се грижи.
Мене со околу 3500 па ништо, ни спомна хипер ниту пак се деси.. Пиј си течности и не се секирај. Ти посакувам успех
Мене ми беше приближно таа вредност Е2. Примив 2 ампули Decapeptyl и половина доза Choriomon. Не дојде до хипер Ќе пиеш многу течности после пункција и не се грижи. Со лесно и ти посакувам успех
Здраво девојки во понеделник сум на тест за бременост преку крв па ме интересира дали се прави ехо толку рано инаку трансферот ми беше на 3 ден со 8 клеточни а позитивен домашен тест за бременост имав уште од 9 ден поздрав
За да се види точкичето на ехо, бетата треба да е мин. 1000. Обично во петта-шеста недела закажуваат ехо преглед. Честитки!
На ехо се гледа кога бета хцг ќе биде над 2000. Некаде кај 5-6 недела кога ќе си. Моето прво ехо беше на 5 недели и 6 дена
Точно и мојот организам е склон на создавање цисти особено после јака стимулација.Овој пат цистата е многу бргу формирана ,на 9ти ден е 28 mm .Цел циклус наопаку.
И моите беа толку, па може и поголеми.Не се секирај, ќе ги снема сигурно, само да знаеш можно е после терапија и после мензис сеуште да ги има, но после уште еден циклус ми ги снемувало.Така барем било кај мене.Микрогинонот е најдобар за цисти.
Доколку постои реален ризик од хиперстимулација, ќе ти го одложат трансферот и ќе ги замрзнат ембрионите. Кај мене бар беше така. Ти пишале девојчињава, не се паничи, си под надзор на лекар, ќе ти ја адаптираат терапијата. После трансфер ќе гледаш да пиеш колку можеш повеќе течности, електролити и изотоник, и да одмараш. Висок Е2 е ризик за хипер, ама па и значи дека супер реагираш на стимулации и ќе добиете доста ембриончиња
Девојки, последните два циклуси ми се изреметија, прво ми каснеше (32-33 ден) па сега ми дојде порано (26 ден). Тестирав на трет ден, хормоните ми беа добри освен Dhea - ми беше под нормалната граница. Прв пат го тестирам. Матичната ништо не ми рече, ама знам дека е значаен за јајце клетките. Дали сте имале искуство со него, кој лекар ве следел за ова и што ви препорачал?
Јас сум со полицистични јајници. Само што јас имав по 2 циклуси секој месец. На 15 дена. Секако ќе и дадат хормонска терапија. Кај мене не функционираше ни тоа 6 месеци терапија па пауза. Само што ќе ја прекинев терапија веднаш си се враќаше се по старо. На крај ми дадоа цикло-прогинова и 6 години континуирано ги пиев. Немав никакви несакани ефекти. Без грижи ќе и најдат решение, нека се консумира со доктор
Изгледа,е нешто до времето. Мене циклусите секогаш ми биле од 25-28 ден, а последните два ,на 20 ден и ми траат по 3 дена. Бев за хормони сите супер освен Е покачен, зашто пиев Кломифен, ендокринологот рече ќе се стабилизира, кај многумина овој период е испореметен циклусот. А за Дхеа, ќе отидеш исто кај ендокринолот и ќе ти каже што понатаму,можеби и ќе треба некоја доза да пиеш да се покачи.
Devojki zdravo, utre odam na kontrola za da mi kazat dali ke se pravi punkcija..denes maticniot ginekolog me vide na eho na 12 den od ciklus i mi kaza deka ednata e 16,8 mm a drugata 14mm i endometrium debelina 9mm koe e vaseto mislenje? Dali bi imalo sansi i dvete da gi punktirat? Vase iskustvo ve molam..
Девојки, дали некоја била во скоро време за инфективни скрининзи во Железничар, почнаа со работа? Или пак на некое друго место?
Одлично. Мислам дека и двата фоликули ќе ги пунктираат. Ендометриумот е добар и може ќе биде подобар за 2-3 дена.