Zdravo devojki, Srekni praznici. Imav neuspesno invitro vo oktomvri, posle toa imav ciklus normalen kako prethodno, ovoj ciklus my docni 22 Dena, nekoj iskustvo so nesto slicno. Pravev test negativen e. Pozdrav, prijatna vecer
Им ѕвонев пред некој ден и ми рекоа дека почнале за инфективни скрининзи. Ќе одам оваа недела некој ден па ќе ти кажам за сигурно,ако не ти се брза. Позз
Da , jas minatiot mesec na toj ciklus bev so najslaba stimulacija i nisto ne bidna i ne porasna niedna jajce kletka i doktor Tase mi rece da dojdam segs za ovoj ciklus na 9 den i kogs otidov toj vide 2 jajce kletki togas bea po 9 i 10 mm i toj rece nemA sega da syimuliramd ke odime prirodno bez stimulacija i taka utre ke odam da mi kaze za koj den ke pravi punkcija vo plodnost bitola kaj tase
Јас добив, втор пат нормален циклус после спонтаниот, кој беше во ноември ептен ран и природно се исчистив. Со др.Трајковски се договоривме дека ќе одиме на прир.модифициран циклус следниот пат. Е сега, планирав да биде тоа во јануари ама сега кога добив малце сум во двоумење: да не треба да почекам? Да не штети што за празниците си се опуштив и си јадев и пиев и повеќе од што треба?си качив и некое килце и со благо претерав (уште сум во нормала, ама на горна граница)? Дали со тоа ги намалувам шансите да биде успешно? Треба да се јавам да закажам утре за преглед на втори ден.. Бев сигурна дека сум спремна и не сакам да чекам повеќе ама некако ми "спрпа" сега. Не знам дали да чекам уште еден циклус... Знам дека одлуката е моја, но секое мислење и искуство е добредојдено и ќе биде сфатено добронамерно
Исто и мене ми беше првиот циклус ок, а сега не добив. До денес ми доцни 24 дена, како да сум прескокнала цел циклус. Да не примаше Decapeptyl Depot?
Devojki ve molam za iskustvo, imav neuspesno invitro progesteronot MI bese visok 1,41no sepak vrativme na nase barajne edno embrionceto. Ve molam za iskustvo okolu ova
За какво искуство ? Висок прогестерон на 2-3ден може да ги намали шансите за успешност, со докторот ќе видите како да го средите прогестеронот за следниот пат... @Маја Т мислам имаше проблем со прогестеронот но сега е со успешно ифв
Девојки ве молам за искуство за инвитро со некој добар доктор, имав неуспешно инвитро кај Петановски па би сакала со некој добар доктор да ми препорачате ♥️
Vi blagodaram, PA toa kolku progesteronot mozi da vlijae na neuspesno inv, I Dali nesto dopolniteleno se pravi vo vrska so toa
Жал ми што не си успеала сега те прочитав, индивидуално е изборот на доктор, сите се добри што имаат најмногу гласови најгоре на листата но нормално сите сме со различни искуства и од најдобрите а сепак и до нас зависи одмори се, размисли убаво, читај искуства на форумов и сама ќе си одлучиш Со позитивна мисла и силно верување сите ќе успееме, порано или подоцна ❤️ Само нема кризи и откажувања
Бидејки не разбрав си имала неуспешно поради висок прогестерон или сепак чекаш да видиш каков ќе е исходот... ако докторот смета дека е висок и треба да се одложи трансферот најдобро е да се одложи но сепак членката кој го имаше тоој проблем со прогестеронот ќе пише кога ќе ја види ознаката и ќе те посоветува
Ист случај бев и јас.Кај мене прогестеронот беше 2,30 пред пункција.Добивме 6 ембриони и докторот сепак реши да направиме трансфер на едно ембрионче, но беше неуспешно.Вториот трансфер го симнавме прогестеронот со долг притокол и триптофем, но заврши со биохемиска.Третиот трансфер одевме со долг протокол и со декапептил депо.Прогестеронот се симна и беше успешно.Претходно имав хистероскопија и скречинг и мислам дека и тоа помогна.Кај мене прогестеронот беше постојано висок на почеток на циклус.