Предходниот трансфер пазев на се. Ни кафе пиев, ни благо јадев, алкохол ни да мириснам итн итн, со месеци пред. Освен проблем со низок притисок, спиење 'од на нозе' поради тоа и непотребни стресови од преиспитување да не направам нешто погрешно, друго ништо не добив. Затоа сега решив да си функционирам најнормално и да си правам како што ми сака срце. Знам дека сите сме во недоумици за одредени работи и сакаме да исклучиме се што би можело негативно да влијае на исходот, но еве кај мене барем иако "пазев", немаше резултат. И си сфатив дека дефинитивно треба само да се поклопат коцките за да бидне. Кога ќе сака да биде, ќе си биде и тоа е тоа Секако ова е само мое размислување. А тебе ќе ти кажам само да си го следиш срцето и што ќе ти каже тоа да правиш. За кога и да се одлучиш, ти посакувам успешно да биде и годинава со бебушка во раце да си бидеш
Еве сум и јас, прв циклус после неуспешен трансфер нормален, втор циклус ми доцни 23 дена. Немам примано Decapeptyl depot, само стандардната терапија после трансфер. Претходните трансфери сум немала проблем, ова прв пат ми се случува.
И јас бев иста.За првиот трансфер дури бев и кај нутриционист.Цел живот сум пазела на исхрана.Најмногу внимавав за првиот и вториот трансфер, а најмалку за последниот и баш тогаш ми беше успешно.Дури за последниот трансфер толку бев изгубена што имав заборавено и дел од терапијата (за тоа пишував и тука).Најважно од се, знам колку е тешко кога ќе ни се каже опуштено, но вистина е, колку помалку се замараме толку подобро за нас.Кога треба да биде, ќе биде.Не секогаш зависи од нас и од нашето однесување.Како што ми кажа докторот, ти правиш се што треба.Другото останува на докторот и на Бог.
Jas pak posle neuspesno ivf dobiv prv ciklus normalno, vtoroto dobicanje mi traese 11 dena,a obicno mi e samo 4 dena,od terapija primav crinon,kleksani,aspirin i estrofen
Иди на прегледи ,на консултации и кај други доктори,најважно е ти како ќе го доживуваш докторот и колку имаш доверба во него.Секој ќе ти го предложи докторот кај што е имал успех.Еве јас на пример имав неуспешни ивф кај еден ист доктор,а кај Др.Петановски имав успешен во мај минатата год. .Така да нема мерило,од тебе зависи се.Ти посакувам да се наместат коцките како што треба и да имаш успех наредниот пат независно кај кого ќе си.
Здраво на сите. Пред пункција на јајце клетки дали се дава инјекција што ќе предизвика овулација? Заборавив да прашам за тоа и колку ќе чини ако памти некој... Исто така, дали има начин како да си ја олеснам болката? Почнаа да ми растат јајниците дека имам поголем број на фоликули поради стимулација. Ми рекоа само да избегнувам физичка активност, да одмарам до пункција.
Докторот ќе одлучи за стоп инекција 36часа пред пункција...и да ќе избегнуваш физичка активност а по пункција ќе внесуваш мн вода течности и исоспорт да не дојде до хипер...
Јас и при стимулиран циклус и при природен циклус сум примала стоп инекција. Порано имаше прегнил околу 300 денари мислам а години наназад мене ми даваат овитрел, поткожно се боцка и е 2032 денари.
Пиј колку можеш повеќе течности (супи, вода, чај) за олеснување на болката. Се издржува, не е страшно, само take it easy. 36 саати пред пункција ќе те боцнат со една или две инекции хориомон, после пункција ќе можеш да се напиеш и нешто против болка.
Ако може да пишете пак до колку часот земаа анлизи во Институт за јавна здравје? Барав наназад , никако да најдан а скоро пишувавме
Devojki edno prasanje sakam da ispitam vitamin d i maticniot opst dojtor ne moze da mi najde termin veke 2 meseci za na internist dali e ova mozno? Dali nekoj sega ispituval ? Dali na privatno nekade ispituvaat ?
Приватно е околу 1800... инаку упат ти е потребен од специјалист за на клиничка биохемија Термини имА за на интернист
Да Во Рамус лабораторија во Капиштец испитуваат. Имаат и пакети со попусти баш за,д витамин, околу 1100 ,, заедно со калциум и уште нешто имаше,не ме фаќај за збор. Најдобро да се јавиш да прашаш или најди ги на фејсбук. https://www.facebook.com/pzuramus.mk/
Девојки денес бев во Железничар и почнале со испитување на инфективен скрининг. До 10h земаат крв,а резултати за 2,3 часа. Денес поднесов и документи во фондот,имав копии од сите ама само на барањето за БПО ми ставија печат,не на сите. Ми рекоа секоја недела има комисија. Кај тие што имате поднесено дали на сите документи ви ставија печат? Поздрав.