Здраво Извинете да ве прашаам витамин D , мутациите доктор ви препишува да испитате или на своја рака? Прво инвитро ми е и стварно незнам
Јас испитував со упат од матичен гинеколог до клиничка биохемија, ама тоа лани. Пробај со матичната да види дали ќе и креира упат.
Мислам дека повеќето на своја рака ги испитуваме, ретко др да препорача. И јас од искуства овде што читав, ги испитав и не згрешив. Убаво е да си ги направиш,ќе имаш една подобра слика за својата состојба.
Здраво, сакам да прашам нешто..правам прв пат ин витро, веќе почнав со MENOPUR, матката ми била наназад и едниот јајник скриен.. Па сакав да прашам дали некој има таков проблем? Или некој совет...
Дали со дијагноза oligozoospermia бараат инсеминација за ваучер за инвитро? Колку пари требаат плус со ваучерот? Кои други документи ке ми требаат?
Не си ставив доволна доза хормони. На 8ми ден сум од стимулација. Вчера сестрата ми објаснуваше како се боцкаат гонал ф ампулите и јас сконцентрирана на тоа не ни приметив дека шишенцето со растворот не го ставила назад во пакувањето. И звонев, не ми крева, во никоја аптека не можам да го купам без рецепт, а треба да се боцнам. Ми фалат 75 единици. Дали ова би можело да ми направи проблем? Во петок најверојатно треба да правам пункција.
На страната на фзо има истакнато во кој случаи одобруваат и дали треба...провери си...таму има и што документи се потребни ...
Не би требало да биде проблем. Јас последното боцкање ставив 75 ед помалку ми истече од шприцот. Јави се утре на докторот и јажи му, ама сепак мислам дека нема да имаш проблем. Јас никаков проблем немав.
ovde Ti e najeftino, e sega kolku se dobri kako laboratorija ne znam, sekogas imaat ponudi na grouper ama bi trebalo da se ok rezultatite ako sakas da proveris dodeka da si zemes upat
Dea ** дали треба упат за испитување на инфективен скрининг ...и те молам инфо каде точно се наоѓа не сум од Скопје
И јас не сум од Ск колку ќе ти објаснам не знам хаха. Му доаѓа спроти Рамстор кај полициска станица Беко. А инаку ти треба лична карта и 300ден. таму ќе ти направат се. Поздрав.
Нетреба упат за инфективен скрининг, приватно е 300 денари во Железничар се наоѓа позади полициски станица Беко.
Здраво на сите за оние кои ме знаат Лост ангел ја изгубив лозинката сега сум Hoppe (надеж), поминати 5 ивф сеуште без дете во рака,хистероскопија ,скречинг и што уште не.Никако да земам чекор напред за уште едно ивф...Ве читам и се радувам за секоја од вас а за нас другите се надевам ке ни дојде моментот...Метилирана фолна само таа од Now ли е или има и други фирми?