Добредојде со ново име јас те памтам и навистина ти посакувам успех и сила за наредно и дај боже последно
Кај нас во Мк само таа а е а на ихетб можеш билокоја метил фолат...и не заборавај Сите ќе станеме мајки
Соборки едно прашање - со упатот за имунологија каде се оди? Во амбулантата - тоа едно црвено баракиче пред Инфективна што е? Хелп
Не е тоа никаков проблем. Не си создавај грижи без потреба. Солгар има метилирана фолна и ја има во Зегин. Мислам дека е 680 ден., но провери си за ценава.
Да таму... од таму ако треба ќе те пратат до доктор за да напише што ќе се испитува но локацијата е таа
Леле малку незгодно ми е, ама да допрашам. Проштевајте Значи на терминот одам во бараката? Си помислив да не треба прво доктор да бркам.
Јас отидов прво на институт за имунологија и хумана генетика.Таму се видов прво со доктор, ми напиша на ливче што се треба да испитам и ме упати во црвената барака за да ми земат крв.Верувам дека и да отидеш прво таму па после на имунологија нема да згрешиш.
Здраво Би ве замолила за одговор AMH ми е 2,14 дали е добар резулатот за разлика што имам еден јајник а и останатиот е чепнат малце?
@Jovana-95 на доктор сега кај што бев ми рече за мојата вредност дека е ок, а мојата е пониска. Имам АМХ 1.89. И јас правев операција, кај мене е и на двата јајника. Не е идеално кај мене, ама ми рече дека не е лошо со оглед на операција. Пак ќе се консултираш нели ама мислам дека е солидно со оглед на тоа што си била на операција и имаш еден јајник. Тука треба да се земе во предвид и колку години си, и какви проблеми си имала за да отидеш на операција (ендометриоза, фиброми, дермоиди) и дали сега имаш цисти или сл. или ткивото што го имаш сега е целосно здраво. Прочитај го ова, убаво е објаснето. https://www.healthline.com/health/fertility/amh#what-it-is
Супер ти е вредноста, не знам само колку години имаш? Мојата вредност беше баш толку пред две години кога испитував на 34 години.Со првото инвитро добив 13 јајце клетки.Со оглед дека имаш и еден јајник, вредноста е навистина многу добра.
Мене докторот ми нагласи да е од (now) метилната фолна кесилина да земам 1х1 и сите други витамини шо ми ги пиша да ги пијам да се од таа фирма или евентуално имприл ми рече да пијам 2х1
Zdravo, ne gubi nadez. Vo ova bitka, sekogas ima light in the end of the tunnel. Moze da mi kazes kaj koi doktori si napravila IVF? i kakva diagnoza imas?
Девојки што мислите за мојов резултат..инаку за успешното ивф примив фраксипарин од ден на пункција..а последното ивф кое беше неуспешно клексан од 4 ден на циклус
Се случува, не е страшно, така се погодило. Сум имала и јас такви циклуси. Ако си била на природен циклус треба ептен да се истемпира стоп инекцијата и пункцијата. Следбиот пат ќе биде
Прво одиш на институтот за имунологија што е карши Министерството за здравство кај доктор, др. Петличковски или некој друг да ти пише што треба да се испита а потоа одиш во црвената барака кај Инфективно за крв
Не ми е јасно ова со празните фолекули, многу пати сум читала на форум жени што кажуваат дека на пункција добиле празен фолекул. Јасно ми е да добијат фолекул со лоша јајце клетка, незрела или деградирана или едноставно генетски неисправна, ама не ми е јасно како може да биде празна. Дали тоа значи дека и на природни циклуси имаме празни јајце клетки? Или е навистина се до темпирањето на пункцијата и стоп инекцијата? Ако има некој со повеќе познавање на темата би била благодарна ако објасни.