Јас имав ивф со стимулации класично, не добив ниту една јк, дел беа прснати дел беа празни,,,, а Е2 одговараше според тоа што се гледа на ехо. А на природен циклус имав 2 пати мислам празни, тоа значи дека може јк не е доволно зрела кога е пунктиран фоликулот, едноставно не убаво истемпирана стоп инекцијата со пункцијата. Затоа кога се иде со стимулации е полесно т.е. поголем број фоликули и ќе се добијат повеќе јк. Не во секој фоликул има јк, затоа што не сите се зрели и со иста големина кога се пунктираат. *ова од мое скромно искуство
велиш може не е истемпирано, еве од твоето искуство, не било стоп инекцијата па по 36 часа пункција? дали имаш совет што сте згрешиле, па после било поинаку да успееш, мислам дека имаш успешно ивф зад себе нели?
Размакот меѓу стоп инекцијата и пункцијата си е во ред, бидејќи се знае колку треба да биде разликата. Можеби стоп инекцијата е дадена порано, па јк не е созреана, но тоа е сепак проценка на докторот според ехото и е2 и лх. Не секогаш се поклопува се како што треба. Не може докторот да каже каде погрешил бидејќи станува збор за организам, природен процес и никогаш не се знае. Но сепак ако реагираш слабо на стимулации како јас, дефинитивно препорачувам на природен циклус. Едит: не секој доктор се нафаќа на природен циклус, тешко е за следење а и шансите се 50-50.
Исто како кај мене. Матичниот мој рече дека нема проблем, а што точно треба да се земе ќе каже Др за Ивф. Така ми рече.
Девојки, се мислам кој доктор да го одберам за ивф Владимир Трајковски или Иванов Систина. Знам дека е индивидуално и кај секој различно, но ако можете да споделите ваши искуства. Со лесно на сите. Ви благодарам
Јас имав неуспешно 1 инвитро кај Ивановски, ми кажа следно што да испитам, да средам со лапаро-хистеро и не погреши се случи спонтана бременост и останав кај него еве 9ти месец. Опушта со муабетот, ти дава надеж и е многу темелен. Во бременоста изнаправив анализи колку што не сум направила за цел живот. Ама е пребукиран по месец дена унапред закажувам. Меѓутоа ако не бев таму читајќи по темава би го одбрала и Трајковски. Многу голем успех има кај пациентките и нема гужва како кај Ивановски. Оди на консултации кај двајцата и види.
Многу клиники и различни доктори,машки фактор,три бремености од 5-те ивф,првиот спонтан абортус,потоа изгубена бременост во 28 недела и последното ивф миссед имав.Последните два ивф кај Трајковски.
Добра си ти, јас ги имам сите твои мутации плус три други мутирани гени, на еден од нив хомозигот. Се консултирав со трансфузиолог и ми рече клексан 0,4 од ден на трансфер, ама ќе идам и кај Јани за второ мислење.
Девојки дали е можно од фондот да не одобрат ваучер заради тоа што Пролактинот на хормоните од 3 ден ми е изразен во мерна единица - 233.8 mU/L e реф вредности сe (102-496) а другите се изразени во mIU/ML што значи дека ми е во граница на нормала. Се јавив во фондот и вработената ми вика вратени се поради пролактинот. Спомнав дека е изразен во друга мерна единица и вика штом ти е вратен тоа е... Совет од вас, што сега?
Испитај го било кој ден во др лабораторија и ич не се замарај не е ограничен со ден на циклус само да си одморена пред боцкање и помалку стрес
Земав упат утре ќе го проверам. Само пролактинот нели? Се изнервирав дека ги мрзи да конвертираат и да видат дела во mIU/ml mi e 10 и сега ради нив нова проверка треба да правам... незнам дали да се јавам утре за да прашам дали може да ја проверат мерната единица или ич да не си трошам нерви и зборови?
Ако веќе го побарале дополнително Само него и ич не си троши нерви да се објаснуваш...провери го и достави им го
Javi se. Oni samo videle visoka cifra ne gi zabelezale mernite edinici. Veruvam deka ke ja ispravat greskata. Zvoni na nekoj od broevite na doktorite sto gi ima na stranata
Jaви се кај некој од членовите на комисијата, мислам дека нивните броеви беа јавно објавени. Објасни му ја ситуацијата, може ќе ја увидат грешката. Ништо не губиш. Во краен случај само тоа испитување ќе го доставиш дополнително.
Здраво девојки Веќе некое време сум со долг протокол за ивф имам некои прашања ако може некоја да ми пише лп би сакала да прашам нешто.