Девојчиња има некоја од вад ѕвонето на мобилен кај некој од докторите? Јас имам еден број од др. Билјана ама незнам дали да барам на тој а на фиксните не креваат..
биди упорна на сите броеви наведени таму, јас успевав да најдам некој после неколку ѕвонења. (цел ден ) ако имаш уште некој број, слободно барај, тоа им е работа, не треба да се налутат.. ако си од Скопје, појди и до кај нив..
Не не сум од Скопје, а инаку овој моб што го имам може и да е приватен на докторката па затоа и незнам дали ќе ми крене а и ако ми крене дали ќе ми каже што и како е ...
Ѕвони и, ќе крене, јас и имам ѕвонето, ако не крене и пишувам смс и обавезно враќа. Ако во моментот има информација ќе ти каже ако не ќе ти рече дека ќе провери па ќе каже.
Феминки, упатот за кариотип за сопругот од кој доктор треба да биде, од негов општ матичен или друг? Да не знаете со која шифра?
Слободно ѕвони крева и ќе ти даде информација, јас со нејзе контактирав дури кога требаше за докомплетирање на документи ми рече на нејзино име да пратам по пошта
Конкретно ме интересираше на втор/трет ден од циклус што се прегледува дали е само ехо или и хормони. Дали треба да одам гладна жедна. Само ми рекоа да одам, а не спомна ништо за испитување.
не мора гладна и жедна. Ќе те види на ехо и ќе процени, но обично и хормони се испитуваат, за да ти одреди терапија
Благодарам,се надевам се ќе биди во ред само сум исплашена затоа што едниот јајник е скриен неможи убо да се види на ехо па незнам дали ќе можи да извади од него.
Ќе може, не се грижи. И јас имам еден таков јајник. Мене ме притискале со рака на стомак (или сестра или некој друг од лабораторија) и докторот боцкал (ова кога сум била на природен циклус, без анестезија). Со анестезија уште полесно ќе им биде.
Проба докторот ме притисна ама пак ништо а многу ме болеше а имам и матка завртена или наназад и веројатно заради тоа. Го прашав дали е страшно рече страшно е како не потоа пак го прашав рече без гајле ќе се потрудам и ме исплаши и затоа.
Ти фокусирај се на - без гајле ќе се потрудам. Си ја знаат работата. Сигурно и тој сака да биде успешно, ќе направи се' што треба.