Девојки што сте во Систина? Зарем навистина е трансфер 101илјада?Пред месец дена памтам коментиравме тука баш за цениве олкава сума непамтам да се спомнуваше.
Во Систина има една цена за долг стимулиран протокол и друга цена за природен циклус. Можно е оваа вена да е за долгиот. И пункција 30 250?! До пред 2-3 месеци беше околу 18000 ден. Е навистина претераа со цените!
Zdravo. Zdravo.Cisto sakam da se nadovrzam na vasiot post i prosto sum iznenadena od astronomskite sumi sto gi gledam.Jas ziveam vo Germanija i pravev vestacko oploduvanje vo privatna klinika i celata procedura bez zamrznuvanje na embrioni iznesuvase 1100 evra,vo Makedonija medicinata izgleda e ponaprednaPozdrav
Да, толку е изгледа, моја братучетка плати 101 000 само за трансфер на природен модифициран, пред три месеци некаде
Господе боже! Само трансфер 100 000? Без инекциите за стимулации ова? Па дали се нормални со цениве?!
Стварно незнам како вака цениве од ракав ги наплакаат. Сепак треба човек да е спремен да знае колку пари треба. Ја разбирам мала разлика ама ова е огромна.
i ona se sokirase, kazano i bese deka ke bide okulu 72, 73000 mkd, stvarno vaka izleguva ko od rakav da gi tresat, super sto clenkata pogore mesec dena predhodno prakticno pola i povekje pomalku platila, jas duri se javuvav kaj poznati da preprasuvam zosto na kazano edno naplakjaat drugo ama tolku bese, mi rekoa deka ne razbrala dobro zatoa i vi pisav deka bev vo tek i jas so nejzinoto ivf
Jaс имам замрзнато едно што го платив 49.600. Сакате да кажете трансфер го направиле 100.000?? Да знаев ич немаше да го замрзнам,ќе терав со нов ваучер
Епа за каков трансфер е 101 илјада тоа мене ме збуни знам дека членки што таму се пациенти никој олкава сума немаше спомнато. Незнам ке се јавам баш и на телефон ке ги прашам. Да ми објаснат убаво
Цената од 100000 е за класично ивф со стимулација. Исто такво како што се користи ваучерот од фондот. Има 3 различни цени: за трансфер на ембрион добиен на природен циклус, трансфер на замрзнати ембриони и трансфер на ембриони добиени со класично ивф со стимулации, затоа е и разликата во цени. Во темата прочепкај наназад има дискусија
Здраво девојки, денеска ми е 21ви ден од циклус бев на контрола кај докторот Таше сум ме прегледа на вагинално ехо ми рече од денеска да почнам да се боцкам со Супрефакт 0.5мг во стомак секој ден навечер во исто време до 3ден од циклус па на 3 ден од циклус да испитам хормони. Треба да добијам на 29ти јануари ама секогаш доцни по неколку дена па ќе видиме до кога ќе се боцкам(како ќе успеам со боцкањево незнам прв пат игла фаќам во рака) една примив денеска таму ми ја ставија. Е сега оти ми е прво ивф дали можи да ми објасните за што служи супрефактот и дали знае некоја како оди понатака процедурата кога ќе добијам менструација... Поздрав и имајте убав ден
Супрефакт спречува предвремено пукање на фоликули. На трет ден ќе ти направи ехо (биди си спремна за ехо на добиено ) и ќе ти вклучи стимулации. Тие обично се боцкаат мускулно. Ќе ти даде и прогестерон и се’ друго што треба. Ќе ти закаже наредно ехо, да видите како растат фоликулите, па ако е потребно ќе регулира терапија. Може и уште едно ехо да е потребно, секој случај е различен. После ти закажува пункција, па трансфер и чекаш тест Само препушти се, верувај му на докторот и со среќа!
Здраво феминки, денес бев на преглед кај матичниот гинеколог на 12 ден и имам фоликул од 17 мм. Имам речиси никаква резерва (0.01) а немам до сега правено оплодување. Ваучер имам и сакам да ве прашам дали би можела сега да одам на преглед, да направам пункција и терапија или е доцна мислење??
Ако можеш да закажеш одма можеби и ќе може, стоп инекција се прима кога фоликулите се од 17 до 22. Тебе утре би ти бил 19мм некаде. Врти одма ако успееш да закажеш. Со среќа