Здраво женски, бидејќи е најјактивна оваа група би сакала да прашам нешто кое секако е поврзано и со темава. Откако почнав со естрофем пред 4,5 месеци почна да ми се пореметува менструалниот циклус. На пример порано еден ден имав кафеаво и знаев другиот ден добивав. Сега веќе на 23,24 ден од последното добиено, почнува кафено со малку крв розенкаста на бришење едно 3,4 дена и потоа обилно крварење 2 дена и 3,4 дена плус крварење минимално со кафеаво. Веќе мука ми е а и не знам од кога почнува мензис да кажам на докторот од тоа што не знам од кога ни да рачунам Некој слично искуство и мислење молам
Јас правев во јули месец кога правев лапаро за тубите и сега се спремам за инвитро. Докторот не сакаше да ризикуваме без серклаж и во едно и тоа го направивме со тубите
Девојки, што чувствувавте кога стававте стимулации, до сега 7 инекции имам ставено бемфола вечер 8 та ама освен подуен малку стомак друго ништо. Се плашам дане не реагирам добро утре сум на мерење
Девојки да прашам кој ве боцка со фостимон, јас треба да почнам денес се јавив кај општ матичен за да одам да ме боцнат таму и негодуваше на тел. дали ќе сакала сестрата да ме боцне, требало на гинеколог да ме боцкат не ти знам што. Ќе се јавам и кај мат. гинеколог да видам. Каде одите за боцкање
Општ матичен доктор ме боцкаше. Дури и на сестрата не и' рече, тој ме боцкаше. Беше карантин тогаш, обично одев на брза помош ама самиот матичен ми рече да го барам него, беше спремен да ја отвори ординацијата кога и да ми треба. Нејќев да го замарам во недела и во време на карантин, но кога работеше ординацијата секогаш одев кај него и ниту еднаш не направи проблем, напротив. И на брза помош да одиш ќе ти кажат да си го бараш општиот матичен. Така што инсистирај си, или евентуално договори се со медицинска сестра што ја познаваш да те боцка секој ден во исто време.
Ve molam za info , slucajno na eho dva dobri folikuli , me interesira otprilika po kolku casovi od dobienata inekcija treba da se ima odnos? i uste nesto, jas si pocnav vezbanje i spa, dali denovive da preskoknam
Ќе одам денес во брза помош па ќе видам од утре што понатаму. Класично одбивање беше не знам зошто ми е матична уствари. Какви инекции биле, да не се искомплицирало нешто, а убаво објаснив што и зошто ама ај. Изгледа ќе треба да си барам друга матична тоа е.
Здраво женички, јас со убави вести, да се пријавам дека ни го одобрија ваучерот па здравје другата недела почнуваме со постапка Ви посакувам среќа на сите
Одев кај матичниот, сестрата ме боцкаше,а саб и нед на дежурен во Идадија и Ј. Сандански-ова за Ск. Инаку да, матичните прават проблем, едвај со молење.
Kaj opsht matichen odev jas tamy me bockashe sestrata,vo praznik ili vikend odev na dezurna sluzba vo poliklinika.Od shto ke se iskomplicira shto izveduva,si imash ti izveshtaj shto i po kolku treba da primash,samo nekoj treba da go prochita i da go sledi istoto.Sramota
Првата ја правев во Систина пред три години заради септум..после абортус пак се појави септум и повторно правев во Чаир каде ми кажа др.Зоки дека се е во ред со матката..сега одам во Бугарија и докторката сака уште една за се кој случај бидејќи секој различно гледал..одлучивме да направиме еден трансфер па во случај да не е успешен тогаш да направиме. Инаку на ехо се беше ок и ендометриумот супер беше и се ама заради тоа што некогаш ми се појавува полипче на грлото сакаше да ја виде внатрешноста..јас искрено се надевам на успешен трансфер оти стварно веќе немам сили.
Само да не заборавиш да си ја земеш шемата за боцкање или извештај каде што пишува што треба да боцкаш. @WhiteAngell Со лесно и нека биде успешно од прва