Од стоп инекцијата треба после 36 часа од примањето да прснат, така што односите темпирајте ги малце пред тоа и после тоа. Мене докторот ми кажа да внимавам и ако осетам болка во јајник, може да е показател дека прснал. За спа и вежбање не знам, ама јас би прескокнала
Не знам ни јас кој и е проблемот кога и кажав дека имам извештај, шема и фостимон само треба некој да ме боцне не знам зошто ја комплицира ама тоа е. Како не знам што да и барам невозможно нешто. Абе бог да чува.
И мене ми се случи да не самаат да ме боцнат, да не се искомлицирало, а и кажав дека ги имам примено. Ме има боцнато 2 пати една сестра што ме знае онака, ама баш кај др кога отидов, ме одби. Мене мускулно ме боцка една другарка, а и на итна помош ме имаат боцкано без проблем
Не знам зошто треба да ги молиме кога си имаме извештај и се. Се работи за услуга и по принцип должни се да не услужат ама ај. Ќе одам и јас во итна помош денес па ако не ќе барам некоја сестра позната да ме боцка од утре.
На дежурен и итна нема шанси да те вратат. Секогаш носев здравствена легитимација, извештај и шприцеви и игли. Едит: ова за мускулните, а за другите сестрата кај матичниот гинеколог ми покажа и сама се боцкав, ми беше малтретирање да одам секој ден.
За еден час сум таму опремена со се. Имам купено игли и шприцеви ќе носам се со мене, здравствена легитимација, извештај верувам ќе завршам работа. Во стомак сама се боцкам немам проблем за тоа него овие дека мускулно назад мора некој.
Последниот пат кога примав депо, го боцкав порано во текот на денот, сестрата на општата се симнуваше на приземје да ме боцне за да не се качувам по скали . Дај нека покажат човечност.
Јас дека си заборавив кога бев стоп инекција да ми стават, па вака си потсетувам хехех Дај боже, нека е радост оваа година кај сите
Честитки! Нека биде успешно од прва! Кога те известија и дали преку пошта или лично си го зеде? Јас вртам цел ден никако да ги добијам.
Ти благодарам многу, дај Боже Господ на сите само убавини да дава. Денес ме извести др.Билјана, бев во контакт цело време со неа и рече дека по пошта ќе ми го испратат.
Ѕвонев и на нејзиниот број ама фиксниот и никако не ја добив..ако сакаш да ми го пишеш мобилниот во порака.Фала ти.
Завршив работа со боцкање во итна помош не ме прашаа ништо им дадов извештај и завршив работа. Таму ќе одам на боцкање. Матичниве многу молење сакаат. Само за убаво нека е и плодна година на сите овде.
Фала ти, со убаво да се враќа. Поднесов на 10.12. на 29.12. ме вратија поради документ за ТСХ, сум го испуштила, им го испратив на 31.12. и денес ме извести др. дека е одобрен. Едит: инаку сум кај др.Поповиќ во Систина
Јас одев во итната помош за мускулните ниту еднаш не ме вратиле. Си носев од дома се игли шприц памукче и алкохол. И извештајот од докторот и здраствена легитинација. А за поткожните сама се боцкав дома и станав експерт од 3 месеци боцкање
Девојки фостимонот може ли да се боцка и поткожно? Дека на маж др. Лазаревски му пишал поткожно и така го боцкам веќе цел месец.. Да не не сум разбрала нешто грешно па да не му биде терапијата успешна?
Јас поткожно го боцкав, 2 прашоци и една вода. Така ми беше по шема. Ако ти пишува поткожно, така боцкај. Секогаш кажуваат како да се боцка. Без гајле.
Нас ништо не ни спомна ни прашоци ни води по тоа сфатив дека треба да е најверојатно 1 прашок и 1 водичка. Е дега Choriomon исто му е препишано од Лазаревски инграмускулно, ама дека не можевме да најдеме земавме Overtrile како замена и Лазаревски ни рече добро ама по половина. И тие ги боцкам поткожно дека игличката ем е многу тенка ем нема како поинаку...