Ден 9ти, тридневен ембрион, осетливи гради ама не многу, повремено чувство за (не) добивање, Sure Check со прва мокрача негативен. Рано е нели?
Другарки, моето ивф на природен циклус (само со летрозол 5х2) заврши со празен фоликул. Не сме се договориле конечно со докторот што понатаму. Треба да испитаме кариотип и двајцата, но освен тоа немаме дефинирано ништо. Ме интересира ако нркој има искуство дали и колку исхраната има влијану врз квалитетот на ј.к, ако некој има искуство, да сподели. @LunaGrey , знам дека со тебе дискутиравме овде и не се сеќавам кој друг. Ако некој има искуство било какво на оваа тема, ве молам споделете. Не знам веќе што друго да пробам да променам што е во моја моќ.
Секако дека влијае на квалитетот. Исхраната влијае на секој сегмет во нашето тело, па така и на репродуктивното здравје. Не сум медицинско лице , се што знам читкам од интернет. Неколку пати во темава ја имам спомнато книгата it starts with the egg. Таму има нешто информации. Не мора да се опседнуваме со храната ама повеќе зеленчук, здрави масти и протеини можат само добро да направат. И мислам дека е важно да се исфрлат шеќери и прости јаглехидрати од диета.
Дечки често ми стигаат пораки во инбокс, за мислење да дадам за ивф и слично. Искрено јас не знам ништо повеќе од другите, се што знам сум прочитала на интернет или сум го чула од мојот доктор. Подобро тука да пишувате во групава, повеќе девојки ќе ви одговорат и ќе споделат искуство. И јас сум изгубена моментално и не знам зошто ми се случува ова на мене,нема одговор на некои работи, така да што и да ви кажам ќе биде само нагаѓање а мислам дека не е во ред да изигравам Др и да зборам за работи за кои не сум квалификувана. Со среќа нека ни е на сите и да продолжиме да туркаме, само тоа ни останува
Jas imam chitano za lekot so suvi smokvi vo maslinovo maslo,koj go namaluva nivoto na Fsh,a so toa se podobruva kvalitetot na jajce kletkite. Nemam iskustvo okolu ovoj problem no imav Fsh negde vrednost 8,letovo napraviv od lekot i po edna doza zavrshena ispitav Fsh koj beshe 6,5.Dali navistina toa neshto pomognalo neznam tochno da kazam,no probaj nishto ne gubish.
Женки, терапијата што се прима пред и после трансфер ни ја даваат од болницата или сами си ја купуваме па ни прават рефундација од фонд ?
Пред трансвер ти ја дават од болница за толку дена колку што имаш стимулации. На лример денес ѕи даваат за 3 дена после имаш контрола па ти даваат за 5 дена. После трансвер терпијата си ја купуваш сама од аптека и за таа не рњфундира ништо фондот. Кај нас е доста по скапа за разлика од другите држави. Јас зимав од Грција Пролутекс беше 42 евра Кринон 36 останатата во форма на таблети од тука ги зимав. Ама сега со Ковидот незнам како би можеле да земете едино некој шофер кој вози натаму. Аптека има близу границата.
Терапијата сами си ја купуваме... А рефундирање може само на фраксипарини или клексани ако претходно земеш извештај од трансфузиолог...
Дечки, после долго време - има отворени термини на Ендокринологија. На кој му треба - закажувајте со време: МојТермин
Ќе ти пишам за некое време дали има ли нема Веќе трет месец сум на режим на исхрана па ако има подобар исход од претходното фијаско ќе ти кажам
Прашувам за терапијата(хормонска) која се прима пред пункција, да не не се разбравме... нели има листа од фонд што се спаѓа во ваучерот, ако треба нешто повеќе од тоа си доплаќаме ?
Книгата ја почнав, ама стигнав баш до делот со исхраната и ја прекинав. Мене благото ми е слабост и кога јадам, знам да јадам многу. Повремено успевам да не јадам и тогаш навистина не јадам. Мислам на благо чоколадно благо, преработено и нездраво. Периодот кога 4 месеци не јадев благо и нсмалив бело брашно, имав повеќе извадени ј.к и 2 добри ембриони. Последниов пат 5 извадени, 3 оплодени, 1 ок ембрион. Вреди да повнимавам, чисто за проверка дали ќе има разлика...
Се случува да има празни фоликули. Јас кога имав таков период почнав со витамин Е од 800IE, Q10 од 200mg како антиоксиданси.па после се подобри ситуацијата. Можеш да ги почнеш.
Еве кај мене доста добри резултати има во хормоните,посебно фсх кој не ми се качува над 7, откако почнав со хомеопатија. Исто,читав за ова и решив да пробам,но гледам има резултати. Пристапот е различен кај секој и се одредува начин на исхрана и одредени апченца така да ги наречам, во зависност од проблемот. Читав и за квантна медицина дека би можело да помогне. Има многу начини,треба да пробуваме...
@_Vera_ Здрава исхрана со чиста, индустриски непреработена и што помалку хемиски третирана храна, суплементи, редовна физичка активност (пешачење, планинарење, возење точак, јога, медитација) и контрола на стресот е комбинација која дава најдобри резултати. Ама мора решителност и дисциплина и лишување од многу мали задоволства барем во период од 3 месеци пред постапка.
Е не те разбрав ти пишав за по трансфер... Инаку да има одреден број на сримулации што се вклучени со ваучерот се што ќе се надмине се доплаќа