Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    248 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    189 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    55 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    34 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    18 глас(а)
    1,1%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    96 глас(а)
    5,9%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    76 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    108 глас(а)
    6,6%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    104 глас(а)
    6,4%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    298 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    260 глас(а)
    15,9%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    31 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,4%
  15. ГАК (Сите доктори)

    45 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,6%
  1. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Браво за позитивните мисли, нека резултираат со успех!
    Во врска со ваучерот те читав дека дека стигнал на друга адреса, го чекам и јас мојот, ама уште нема ништо стигнато. Би требало ли да се јавам во Фонд да прашам дали ми е одобрен и пратен или да чекам?
     
    На NNA и WhiteAngell им се допаѓа ова.
  2. CvetCvet

    CvetCvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.292
    Пол:
    Женски
    Да ви е жива и здрава ќеркичката, само радост да ви носи:l:
     
    На princessp и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  3. _Vera_

    _Vera_ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    33.696
    Пол:
    Женски
    Кај мене некако постепено одеше прафаќањето на реалноста дека тоа е нашата најдобра опција, прво поминавме време во природни обиди, па инсеминации и тн. И беше тешко многу често, кога гледав мајки со деца, кога во мојата околина ќе имаше трудница и сл, но да ти кажам и тоа поминува како самиот повеќе си ја прифаќаш ситуацијата. Поддршката од страна е добредојдена, но се случувало и некој да има намера да ме поддржи а всушност тоа што го кажува да не ми помага па и да ми одмага. Не секогаш блиските знаат да дадат соодветна поддршка. Многу е битно да се поддржувате вие двајца меѓу себе, да се храбрите и бодрите, и да се потсетувате со која цел сте тргнал по овој пат.
    Искрено се надевам дека што поскоро ќе ви се оставари желбата за дечиња.
    Само спокојно и стрпливо со себе :inlove:
     
    На Sienna_MK, blackstyle, NNA и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Marie86

    Marie86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    661
    Пол:
    Женски
    Kako da se spravish ..... teshko e milaa ... veruvaj na site tuka sto sme mn im e teshko ... Site pominuvame okolu faktot deka okolu tebe trudni ostanuvaat po greshka ... pa kako trudnici praat muabet za nivnite problemi ... a tebe nikoj ne te prashuva kako ti e na dushata ... a tebe te obzemaa ljubomora , bes , gnev ... deka ete prirodno ne doaga kaj tebe i boli mnogu boli ... barash prichina sto si zgreshil vo zivotot i zoshto bash tebe ti se sluchuva toa ... Ama eteee taka trebalo da bidi ... SAMO EDNO ZNAJ ...NE SI SAMA ... vidi kolku ne ima ... ovoj problem veke e javna svetska tajna ... sekoj treti par ima problem so sterilitet ... Toaa e glavata goreee i borbaaa do realiziranje na zelbata sa detece ... Veruvaam i Veruvaaj deka ke bidi ... trnliv e patot ... ama se nadevam deka eden den ke zaboravime na bolkata koga nekoe malo bebule ke ni se nasmee ;)
     
    На Kateto333, ZvezdicaLea, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. CvetCvet

    CvetCvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.292
    Пол:
    Женски
    Да си се радуваш, си се дуплира важно(fingers)
    Со среќа да ти е:l:
     
  6. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    34.503
    Пол:
    Женски
    Јави се ако ти е одобрен за неколку дена стига (бидејки треба да се запази рокот кога го праќаат бидејки има нешто наведено Во рок од 8дена... затоа и брзо стига откако е одобрен )
     
    На babybubu му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stara

    Stara Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2016
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.802
    Пол:
    Женски
    Честитки:party:
     
  8. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Мене др.Билјана во четвртокот ме извести дека ми е одобрен, а во понеделникот веќе беше пристигнат на погрешна адреса, за среќа кај вистински луѓе и вчера ми го донесоа, си го земав :)
    Најубаво јави се прашај дали е поминат на комисија, дали ти е одобрен и ако си во можност оди лично земи си го, зашто стварно сме мизерија од држава.
    Ја имаа мојата адреса бидејќи претходно ми стигна писмо дома а сега ваучерот со мое име и презиме го пратиле на адреса на друга личност со исто име ама различно презиме, сега си размислувам можеби на моја адреса ќе пристигне некој сосема трет ваучер...
     
    На NNA и babybubu им се допаѓа ова.
  9. Prinsess_Eva

    Prinsess_Eva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Девојки денес бев кај докторот и направивме уште една бета.. 98 :( а вчера 128.. друга лабораторија е ама пак не е добро.. изгледа пак ништо :(
     
  10. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Мила а зошто не направи бета во истата лабароторија?Мој совет да си направиш пак бета во истата лабароторија
     
  11. Prinsess_Eva

    Prinsess_Eva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Јас правев 2 пати во иста. Прво беше 51 па за два дена 128 (вчера) и денес бев кај докторот и тој ми даде д димери да испитам и вика ај и бета направи ми. И направив.. :( Утре треба пак во истата од вчера да направам.. ама искрено надеж нема, тоа е.. и да има разлика неможе да е толку.. така требало да биде..
     
  12. Mirka_Miki

    Mirka_Miki Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Минатата недела имаше реагенси и на ГАК и Клиничка биохемија.
     
  13. PositiveChild

    PositiveChild Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, по првото неуспешно инвитро лани во февруари, каде резултатите покажаа кај сопругот лош спермограм, а јас имав хидросалпингс на десната туба и ми рекоа дека нема потреба да се отстранува, вчера бевме во друга клиника. Таму ни соопштија дека спермограмот е супер за инвитро со дијагноза астенозооспермија, но дека јас сум немала хидросалпингс, туку обична водна циста, на ехо нема ништо и моите јајници се хронично воспалени, мали по волумен и дека репродуктивно, имам оцена 4,5/10, наспроти гинеколошки 10/10. Ми рекоа малку да ослабам и дека мора да правиме пак инвитро со криопрезервација. Ме интересира дали некоја од вас имала вакво воспаление, како го решивте и дали треба да се реши прво, па да правам инвитро,или може да се прави инвитро и покрај воспалението?
     
  14. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Девојки имате ли проверено ли хемостаза па да ми кажете дали се ок резултативе. Кога ми ги читаше имунолог резултатите од генските мутации повеќе обрна внимание на мтхфр ама не ми појасни дали имам предиспозиции за тромбоза, а на фактор VIII ми е мутиран едниот алел...
    Протромбинско време и артт ми се на горна граница...
    8783D439-11CD-4986-A483-15B8B8914EF4.jpeg
     
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    5.401
    Девојки, ми требаат информации за висок прогестерон на втор ден од циклус, од што може да биде покачен, дали пречи на ивф за квалитет и број на јајце клетки, за трансфер знам дека пречи. 1,56 ми е, пред неколку месеци проверив ми бил околу 1, а претходно секогаш убаво низок. На ехо нема цисти и перзистентни фолекули. Како малце проблеми да си имав, па уште ова ми фалеше ;(
     
    На Маја Т и Hoppe 2021 им се допаѓа ова.
  16. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    34.503
    Пол:
    Женски
    Дајбоже да се случи чудо и да се избори херојчето...(fingers)
    :hug::hug::hug: но ако не , тотално те разбирам истото го поминав пред н.г само што несподелив :(
     
    На Kris80 и NNA им се допаѓа ова.
  17. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    34.503
    Пол:
    Женски
    За ова најдобро трансфузиолог да си прашаш но штом е во границите Ок се...
    Јас сум со предиспозиции за тромбоза и скоро секогаш ми е скратено времето (затоа и примав клексани)
    Пс.ако сакаш прати ми го тоа од имунологија кога ќе ги видам моите ќе можам да ти кажам ;)
     
    На LunaGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. _Vera_

    _Vera_ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    33.696
    Пол:
    Женски
    Душо, навистина се надевам дека е лабораториска грешка /разлика во прашање. Сепак, тука сме и за добро и за лошо, да се поддржиме. Ако не биде овојпат, ќе биде следниот. Наше е да сме упорни и истрајни. Јас бев во слична ситуација и знам дека е многу многу тешко, но верувај ми, по некое време ќе смогнеш нови сили. Те :hug::hug::hug:.
     
    Последна измена: 27 јануари 2021
    На spanija, Kris80, NNA и 2 други им се допаѓа ова.
  19. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Се слушнав со докторката одобрен ми е ама дали е пратен не ми кажа. До сега нема стигнато по пошта ништо, дали утре пак да и ѕвонам на докторката или на централа да прашам дали е пратен?
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Е не знам што да ти кажам, пробај ѕвони на централа, мене кога ми кажа дека е одобрен ми рече дека ќе ми го пуштат по пошта и толку беше муабетот.

    Кога ти го одобриле ? Претходната недела или оваа ?