На централа. Или најдобро појди ако можеш. Др нема врска со испраќање пликоа...да не ги гњавиме за се. Тоа е административна раб.
Може ли да ми објасниш на што поточно мислиш, како е прогестеронот поврзан со тромбоза? Инаку немам испитувано ништо на имунологија...
Мила 3 ин витро ми е.. 2 пат вака.. ќе сака, па ќе нејќе.. И секогаш се молев ако не треба да биде, нека не бива.. само да не е вака.. биднало-не биднало.. страв ми е веќе и да се радувам.. Како и да биде тоа е.. со нови сили нареден пат
Не прогестеронот... туку хемостазата т.е времињата ги имаше објавено луна... јас со предиспозиции за тромбоза имам скратени времиња... На имунологија се испитуваат генетски мутации (17) меѓу кои и тромбофилија фактори и сл...
Еве јас да споделам ,со прогестерон 2 на денот на трансфер кажано одлучив за транфер,се фати едното ембрионче се подели на два значи близначка бременост,но за жал завршив со миссед во 6 недела а јас требаше 8 да бидам ☹.
Знам како ти е потполно,ама некогаш не зависи од нас ,не е во наши раце,може ембрионите имаат аномалија па телото ни ги исфрла,мене исто 2 пати ми се случи,како и изгубана бременост во 28 недела.И затоа сега не можам сама да се натерам пак по тој пат.
Девојки ве молам за совет, имав прво неуспешно инвитро. На 18 Јануари добив мензис после инвитро и до денеска уште тече поминаа 10 дена. Ама постојано ми тече кафеаво во поголема количина само малку има црвена крв. Што мислите да не е нешто пореметено утре морам да закажам на преглед, некако не ми изгледа дека е во ред ситуацијава
Уште и поболно И пак истото.. што згрешивме толку.. зошто така? И немаме избор, тоа е нашиот пат.. ке гл изодиме
Devojki eve me mene pak..slusam dobri vesti..Cestito kerkicka Delfina, neka e ziva i zdrava! Pa daj boze site da si dobieme..Princess Eva nemoj da se nervuras site go minimr istiot pat..Jas tri kiretazi za dve godini edno neuspesno in vitro edna neuspesna stimulacija ne ni stignav do punkcija i edna punkcija so prazen folikul..Sakam da prasam nekoj od vas dali ima isksutbo so DHEA i nizok testosteron pod 20 dijagnoza DOR ..Dr Tase mi rece kako posledna opcija so moi jajce kletki da pijam dva meseci DHEA i da nalravime posleden obid so stimulacija ako izleze nesto ako ne so donor jajce kletki...Mnigu se nervviram sto ne pijam..smokvi so maslinov na zdrava ishrana sum jaglehidrati ne jadam samo protenini i mnogu zelenuk i ovosje cveklo sekoj den i sto li uste ne..i sega ne znam so ke bide sakam nekoja od vas da mi kaze dali posle primanje na DHEA ima iskustbo so pozitiven izhod a i i doktorot so mi gi pokaza tie ne mozam da gi najdam nikade ..ve molam spodelete iskustvo ako imate
И јас тоа цело време се мислам каде згрешивме до толку ама нема одговор,ама се уште се надевам дека ке дојде крајот и на нашата мака ,знам годините си врват со тоа и шансите , ама кога читам некаде дека по неколку обиди успеале без да губат надеж,ми се врача и мене силата.
Јас го имав овој проблем и многу често пишував за тоа.Јас сум сигурна дека кај мене тоа беше главниот проблем за неможноста за забременување.Посебно затоа што кај мене беше постојано висок на почеток на циклус.Никој не ми даде причина зошто тоа се случува.Високиот прогестерон воопшто не влијае на квалитетот на јајце клетките но има големо влијание врз имплантацијата.Со виспк прогестерон од првото инвитро добивме 13 јајце клетки од кои 6 ембриони со најдобар квалитет аа.И покрај тоа што знаевме дека големи се шансите за неуспех, сепак се решивме за трансфер на едно ембрионче кој секако беше неуспешен.Постојат случаи кои и покрај високот прогестерон биле успешни но овде повеќе се работи за исклучоци.Високиот прогестерон се решава со долг протокол.Јас примив декапептил депо на 21 ден со што прогестерон драстично ми се симна.И тогаш трансферот беше успешен.Може кај тебе се случило само тој циклус и може веќе следниот да биде во ред.Но дури и да не биде во ред, тоа лесно се решава.За било што дополнително слободно можеш да ме контактираш во порака.
Најверојатно е од хормоните ништо страшно, јас имав 1 месец крварење после неуспешно инвитро со примолут нор ми се среди меѓутоа консултација со доктор.
Ќе ти препише докторот терапија ќе ти се среди. Јас бев така и еве и вториот циклус пак не ми е како што треба на 16 ден прокрварев па почнав со прогестерон дека терапија и естрофен плус 7 дена за да ми се регулира циклусот..ќе ти каже докторот не се секирај
Девојки, АХМ ми е ниско, а ФСХ високо.. но сепак имам овулации но резерви на јајце клетки оскудни. Дали некој има со слично искуство? Докторот ми вика со донирана јајце клетка, но тоа ми дојде како шок, сепак тоа би ми била крајна опција мислам... ве молам за искуства
Не има многу такви, колку ти е фсх и амх? Број на антрални фолекули? Колку години имаш? Дали имаш правено ивф до сега?
Zenski aj da prasham , vchera ili pred nekoj dena , mislam Lunaa imashe rezultati od ispituvanj an aimunologija , mutacii i sl ... kako uspevate da zakazite ??? Kaj matichnata mi vikaat termini nema i skoro nikogash nema ... najubavo e vika konekcija da si najdish nekoja , nekoj doktor tamu ... ??? Ima li nekoj polesen pat , za da se zeme upat za ispituvanje na mutacii ???
Девојки од стресои ке си умрам.. бета 179.. голема е разлика од една до друга лабораторија. Значи завчера 128, денес 179.. не изгледа добро.. ама вчера во друга лабораторија беше 98.. и да имало нешто од стресои ке го снема