Ај те молам без стрес само. Прифати дека ќе станеш мајка и убавата мисла да те повлече. Нешто се случува. Оди направи уште една бета, знам дека ти е стрес и исчекување ама ти си силна и ќе го издржиш тоа. Те гушкам и ти праќам сила и среќа
Preku matichen ginekolog ke zemesh upat za ambulanta za humana genetika,od tamu doktorot ke pishe se shto treba da se ispita i ke te prati da ti zemat krv.Termin imash ushte utre
Амх не ти е толку лош (ако ти е изразено во ng/ml), а фсх варира од циклус до циклус и овој е навистина висиочок ама следен месец може да биде понизок. На овие резултати одма да предложат донација навистина ми е малку чудно. Кај кој доктор беше? Број на антрални се гледа на ехо, веројатно докторот видел штом ти рекол дека имаш оскудна резерва. Вака, има неколку работи што можеш да ги направиш, за почеток да почнеш да јадеш смокви со маслиново масло, има членки што кажале дека им помогнало за спуштање на фсх. Второ, може да почнеш да земаш суплементи и витамини за подобрување на квалитет на јајце клетки, ама секако во консултација со доктор. Трето, оди на второ, трето мислење кај некој од специјалистите за стерилитет да видиш што ќе ти препорачаат. Јас сум со понизок амх од твојот, во моментот во процес за второ ин витро и на крај памет не ми паѓа да одам со донирани се додека не сметам дека опциите со мои јк не ми се целосно исцрпени и немам шанси. Се додека имаш редовен циклус и овулации шанса за бременост имаш и треба да се обидеш. Ти посакувам што побрзо да си дочекаш две цртички.
Здраво девојки, Прашање до тие што имаaт пиено DHEA микронизирана од 25 mg. Докторот ми кажа да пијам 3 X 1 дневно а од страната каде што треба да ја нарачам ми препорачаа да пијам по едно навечер пред спиење. Ваше искуство, по колку имате пиено дневно?
Немам пиено јас, ама да сум на твое место ќе го слушам докторот. Прилично стандардна е таа доза и ја даваат доста доктори. Верувам дека имаш испитано ниво на дхеа?
Девојки Клиничка биохемија работеше и во викенд за хормони на трет ден. Дали некој сега скоро бил за да ми каже дали сеуште е така?
Ти благодарам на одговорот. Доктор Поповиќ и искрено воопшто не ми се допадна... не е свесен што кажува и како го кажува. Ми виде само еден фолекул на еден јајник... Кога му спомнав инвитро стимулации и што да превземам, ми кажа тоа е биологија душо нема што, со донирани и ептен ме разочара. Така што секако уште утре одам на друго мислење, нема сигурно да го послушам. Знам дека сеуште има шанси, нашето тело е чудо и со упорност се ќе постигнеме ако сакаме
Zdravo Lara i mene pred edna nedwla mi dadoa da pijam DHEA 3x1 taka da verojatno taka treba prv pat ke gi pijam mislam deka gi davaat za optimalen broj na antralni folikuli ds se iskoristi i kvalitet na jajce kletki samo sakav da slusnam miskenje od nekoj sto gi primal veke
Devojki jas uste ednas bi ve zamolila ako nekoja ima iskustvo so pienje na DHEA i Bio Astin neka spodeli nekoe svoe iskustvo..Pozdrav
@Maci40 Јас ги имам пиено скоро две години со пауза,кај мене не дадоја никаков резултат.Од дхеа само се здебелив.