Во договор со Др. Мене ми врати 2 на првото, но бидејќи немаше имплантација, рече едно ќе вратиме следно, другите ќе ги замрзнеме, ако има.
Индивидуално е, мислам дека зависи од случај до случај. Јас сум кај него ама јас си кажав кога имав 2 дека 1 сакам, 1 да замрзнам, и тој не коментираше ништо. Ако сакате повеќе од 1 да вратите, разговарајте си со докторот, или прашајте го како мисли дека е подобро.
Душо, еднаш не значи засекогаш. Не успеало првпат, ок, затоа постои втор пат, трет пат и тн додека не успее. Немој те молам да си го ставаш на срце и да се разочаруваш,, ни со ивф нема 100% успех од прва. Исплачи се, одмори се, па со нови сили напред. Има време, ќе успеете еден ден. Природно ин витро, мислиш на природен циклус одевте? 1 ембрион имаше? Те , имај верба, ќе биде.
Da bash taka.edna j.kletka se oplodi .na 3 den mi ja vratija.se preraduvav.mada jas nemam iskustvo ko vas.ne mi kazaa za kvalitet.neznam.mozebi so stimulacija so povekje j.kletki ,mozebi ne bila dobra.dr mi kaza sum imala top jajnici,spermata super.i sepak nisto nazalost.za djabe site onie hormoni posebno estrofenot.sobiram hrabrost citam sto bi mozela da zemam za podobruvanje na kvalitetot i se razbira ke gi napravam site mozni ispituvanja pred da si lupnam pari na trefka taka.pa mozebi vo nesto se krie problemot.iskreno samo hormonite gi imam ispitano nisto drugo.
Мојот проблем е малку чуден. Имам успешно ин витро прекрасно синче. Веќе 2 години во истата клиника се обидувам за второ дете. Но условите не се исти. Персоналот како да е постојано изнервиран, има голема гужва пред ординациите, едвај стигнувам да прашам што ми треба. Можеби посветеноста на докторот што не е како порано ми е најголем проблем. Јас одам со голем ентузијазам ама не наидувам на истото таму. Се прашувам дали да ги сменам, зошто веќе имаме неколку неуспеси на одлични ембриони. Бев кај ембриологот рече не е до ембрионите и кога ги виде моите испитувања веднаш ми посочи каде е проблемот. Ама гинекологот едвај ги погледнува тие испитување. Вика само дојди кога си спремна. И после на мене е се да спремам и како да не сака да го замарам.
Појди си со сите резултати кај друг доктор или клиника. Ако имате замрзнати ембриони, и тие можат да се префрлат, не е проблем. Немој заради лојалност или благодарност кон докторот да си губиш време и нерви, па и ембриони. Отиди на консултација, види си кој ти одговара и среќно
Во договор со докторот. За предходниот трансфер докторот рече едно да вратиме, јас инсистирав за две. Ми ја исполни желбата, но од сегашен аспект требаше да го послушам. Затоа веќе не му се мешам за ништо (кај друг доктор сум јас)
Не смееш да имаш секс после трансфер Впрочем не смееш да имаш секс додека не провериш дали си бремена 14 дена после трансферот.
Ние два три дена откако ми заврши менструација имавме, но како што растеа фоликулите ме болеше стомакот и подуен ептен ми беше, па веќе секс не ми паѓаше на памет. Ден пред стоп инекцијата сестрата ни нагласи да немаме односи за да не ги испукаме случајно фоликулите. И после трансфер нема секс. Дај боже да ви е успешно, па ќе си почека сопругот квалитетно Нека си се снаоѓа самиот
Дали резултатот од хормони може да се поднесе во фонд ако е добиен на меил кај матичната или мора оригинал да се подигне?
Ти благодарам за поддршката. Одлуката е навистина тешка, но и јас веќе сум на таа мисла. Покрај разговорот со ембриологот, како голема причина ми беше и договорот за скречинг. Едвај успеав докторот да ме ислуша дека првиот успех ни беше со скречинг. И тој се согласи, а за претходните трансфери не се согласуваше. И кога дојде месецот за скречинг отидов и му кажав дека мислам дека сум овулирала. Бевме договорени штом овулирам да дојдам да видиме што како. Не ме ни прегледа. А јас сум со полицистични јајници и кај мене не е лесно да се препознае овулација. Така да мислам дека овулирав не е нешто на што треба да се потпреме. И така без ехо ми закажа скречинг. Сестрата ништо не ми кажа за подготовката, баш ништо. Само ми даде ливче да се јавам во 8 сабајле со пцр тест направен. Пред 5 години имам правено хистеоскопија и даваа лист како да се подготвам. Сега се јавив да прашам дали треба да не пијам Аспирин и испадна сум требала да го прекинам 10 дена порано. И на крај земав го откажав долго очекуваниот скречинг.
Zdravo.se resivme zosto po povekje od godina neuspesno neznam kako ostanav trudna prirodno no nemase srceva akcija na 6,7 nedela.i posle toa po 6 meseci odmor i uste 6 probuvanje rekov nesto mora da se napravi.iskreno od se sto mi kazaa hormoni,pap micro,se napraviv, ali tolku bese haos vo remedila i dr petanovski tolku e vo haos sto nesto mi skrtna za na transfuziologija i nesto lupus imunologija.maticnata ne davala za transfuxiologija i oni vo haos mi vika neznam koi se tie ispitivanja po sto si rekov nalet garant ne se mnogu bitni.i moze zgresiv na sledna kontrola rekov sakam invitro i togas nisto ne mi pobaraa.a i prolaktinot mi bese pokacen.ali mi rekoa nema veze toa.moze moja greska e trebase ubavo sama da se rasprasam da ne brzam
Ај не очајувај,ако не ти се допаѓа докторот смени го,зошто сте брзале... мора да направиш многу повеќе испитувања,прво за да имаш сигурна индикација за ин витро,друго за да добиеш соодветна терапија.
Здраво Ако може да го видите овој резултат. ова е втор сперограм го гледаше Гужанова, нејзината терапија е следна Sexovit, Gluatathione, Nac, bioastin и инекција за тестостерон Choriomon. Дали некој ја применувал и имал подобрување од неа, ве молам за искуства за дали да се почека сеуште или да се почне одма со инвитро постапка .
@WhiteAngell може да имаш со заштита за да се заштитиш од инфекции. Штом си со стимулација ќе приметиш и сама дека нема да можеш неколку дена пред пункција бидејќи ќе ти биде малце неудобно кај јајниците бидејќи како што растат фоликулите така и јајниците отекуваат и тежат. Малку болка и тежина е нормална пред пункција, ако веќе стане ептен лошо да одиш на доктор. Дури и да немаш болки пред пункција, немој незаштитен однос за да не се оплодат повеќе фоликули (тоа го читав на интернет). За трансфер не знам оти јас не правев. Ама, после пункција те советуваат да одмараш 2-3 дена, ама реално јас имав болки 10 дена после пункција. Така да, реално ќе видиш како ќе се чувствуваш ти. Исто така, на интернет читав дека две недели после пункција не треба да се има односи за да не се иритира цервиксот и вагината. Ти посакувам мноооогу среќа