Така е, пред трансфер би требало да биде барем над 10.Кај мене беше 11, па ми го зголемија пролутексот.Колку повисок толку подобро, но ова само после пункција.
Ојјј еве убава вест отворив да видам што се случува со моите другарки и баш на тебе налетав те гушкам и ти посакувам среќа и за 9 месеци со бебче здраво живо, инаку да си се пофалам ја минам 13 недела јас.Гали меше и минува брзо веремето
Честитки Лунии, со лесно до крај. Тука сме, јас 10+ сум. Со лесно да ни е на сите, и на сите што се во исчекување само успеси годинава
Благодарам мила Те гушкам сосе бебенцето Јас во сабота сум на контрола па се надевам дека ке слушнам и срценце
Маја драга моја ти благодарам на одговорот, ми мереа прогестерон во понеделникот а пункција ќе биде во петок, прашањето ми е дали со одложен трансфер ваучерот си важи или не? Ако ми одложат и укинат ваучер ќе треба нов да вадам и пак се од почеток со документација?
Баш сега пред крај проблем пак, а правев и хистероскопија ради септум, и на декапептил сум со долг протокол, се супер на ехо и ете проблем уф ама се нервирам, кажи ми колку време се одложува трансферот? И извини што те малтрерирам драга моја
Мене ми одложија трансвер во декември, овој месец ако е се како што треба ќе правам со истиот ваучер. Така да ти важи ме се секирај
Мила за тоа сме тука, и јас поминав многу тежок пат, многу добро знам како е.За ваучерот не се секирај, ќе си важи и после ако го одложите трансферот.Прогестеронот сепак не ти е превисок, кај мене беше над два и пак правевме трансфер, иако беше неуспешен.Слична ситуација имаш како мене, и јас правев хистероскопија и отстранивме септум за третиот трансфер кој беше успешен.Доколку се одложи трансферот, може веќе и следниот месец да одите со трансфер.Прогестеронот може и веднаш да ти се среди сам по себе.Кај мене беше проблем што цело време беше висок, но на крај се среди си декапептил депо.Со среќа и со успех.
Фала мила така е со лесно нека ни е на сите и господ да не чува до крај на сите им посакувам полни мешиња живот
Да Мајче слична ситуација сме, фала ти на поддршката, едвај чекам да видам во петок што ќе каже Трајковски
здраво девојки, јас сум нова овде. Имам 26 години и се борам и јас за бебе. има околу 2 години што ве следам и ете денеска сакав да ве пишам. јас одам кај Трајковски имав пункција во 28 децембер, ама имам проблем со хормоните и ми го продолжат трансферот за некој друг месец. Имам 4 замерзни ембриони. пред една недела земав декапептил 3.5 или 3.75 не знам како беше, сега чекам да ми дојдат и да почнам со естрофем. Господ е голем ќе биде добро и за нас.
и сакав да ве прашам, кога ги завршуваш Cyclo Prongynova после колку дена ќе добиеш менстуален циклус?
И јас бев кај др.Трајковски.Прекрасен доктор и човек.Со последниот успешен трансфер бев со ист протокол, декапептил депо една инекција и после естрофем.Со среќа и со успех.