Ќе успее сигурно, верувај.Ако можеш би било добро да си направиш скречинг пред трансфер.Јас правев заедно со хистероскопијата.Верувам дека и тоа придонесе за успех.
Направив на природен циклус, но неуспешно... Затоа и прашувам дали има некоја членка што успеала со високо фсх и ниско амх да дојдат до бременост... фала
Здраво девојки , да ве прашам некоја да сподели искуство со д-р Органџиски Штип како сте задоволни и дали е комплицирано кога би се одлучила за таму во поглед на патувања за време на постапката за ин витро ? си поднесов документи на 05.01.2020 денес точно месец уште немам одговор ...ама како и да е во меѓувреме да се надевам и да си одберам клиника. Фала однапред , поздрав и убав ден
Majce projde punkcijata, sepak ke gi zamrzneme, taka odluci Trajkovski pa rece april zdravje ke ima transfer, sakav da spodelam so tebe bidejki si dusha coek i fala ti na sovetot
Многу ми е мило мила што добро прошла пункцијата.Докторот знае најдобро.Јас многу му верувам.Во некои случаи трансферот со замзрнати има многу поголеми шанси за успех за разлика од свежиот.Така беше кај мене, така ќе биде и кај тебе.Баш ќе имаш време до април да си го подготвиш организмот.Ако немаш проверено вит д, провери си за ако е потребно да си земеш да пиеш.Јас исто пиев поголема доза за последниот трансфер.Ако требам за било што, тука сум
Јави се прашај си во фондот. Денес имаше доста пликоа ги спремаа за во пошта. А со таа дата би требало да е разгледан предметот.
Здраво женски. Имам едно прашање до вас. Се надевам нема да пречам, чисто ми треба Ваше размислување во врска со ова. Моја блиска пробува бремена да остане повеќе од 6 месеци (не кажува точно колку, прво рече година, па откако и позборев малце рече 6м) и воопшто не мисли да се испитува. Вчера разговараме на телефон и слушам дека опуштено разговара со сите за ова и сите ја советуваат као да не се испитува дека е прерано. Колешки од работа и кажувале како некои немале деца и по 11 години брак и не се испитувале, некои како ин витро пробувале со години и било безуспешно се додека не им дојдела друга дешавка на глава (као селидба, свадба и сл дешавка која моментално им ги пренасочувала мислите) и останувале бремени... Многу ми е блиска, рода ми е, не знам дали да се мешам, се кога отварам уста ме сече и не дава ја да кажам нешто а е 34 години и ако слуша вакви совети се плашам дека бебе нема да добие доколку не се испита а може да има нешто што мора да се среди. Како за мене ете да речам се плашам. Си поќутев вчера на телефон, стварно не знам дали ми е место да се мешам, кога не сака да ме слуша, пробав да и кажам да оди да се ѕирне на гинеколог, он е стручен ќе каже ако треба нешто , она на обичен преглед не е отидена
Фала мила моја, ќе проверам и ќе пијам и витамин Д заедно со другите суплементи, ти благодарам на поддршката, ќе пишам сигурно пред трансфер да ми дадеш некој совет , ти благодарам сонце си
Лејди можеш само да и спомнеш дека основните испитувања треба да ги направи... немора директно за ифв да се спрема туку ако не ја знае состојбата своја и на сопругот и не превземе нешто во свои раце се друго е џабе (сите се различни со различни дијагнози и состојби и нека не чека 10год ,за да се оствари како мајка)...затоа што времето лета
На што конкретно мислиш кога велиш дали е комплицирано патувањето? Сите што не сме од Скопје патуваме до таму неколку пати кога е постапката за ин витро. Патувањето е заморно, одзема време да, ама не е ништо комплицирано. Едноставно мора така. Инаку за конкретниот доктор немам искуство, ама за секој ќе чуеш и позитивни и негативни искуства. Најубаво закажи си консултација кај кој доктор сакаш (или кај повеќе доктори), па сама одлучи.
Сигурно доколку заклучи др дека има потреба од скречинг ке предложи на све сум спремна да направам само дете да фатам враце многу години почнав од 2014год...само надеж тоа не изгубив...
Верувај му на докторот , сега ќе си се оплодат и ќе те чекаат во април Таман ќе го одмориш телото и ќе се спремиш и психички и ќе си ги земеш во меше
Фала мила моја на поддршката, да таман да се одморам од терапиите, и дај Боже да биде се како што треба
Надежта несмееме да ја изгубиме,ќе дојде и нашиот ред... А и да не предложи спомни му па ќе го чуеш мислењето.нема да ти биде потоа на мисла а да не требаше ова или тоа...
И спомнав 2 пати ама се прави глува. Не и е прв пат да ги слуша сите освен мене оти јас кажувам за да слушне. Не вртам и не лажам и не чекам друг да ми каже. Јас сама се проверувам. И не знам , ама стварно сакам да биде...
Најважно од се, мора да почне тогаш кога самата ќе се чувствува спремно.Сепак се работи за еден долг емоционален и физички тежок процес.Шест месеци не се ни премалку но ни премногу долг период, но возраста не е за занемарување.Мене ми требаше година и пол да се решам да почнам со целиот овој процес.Но после 34 година знаев дека времето не ми оди во прилог.Точно после две недели откако наполнив 34 почнав со сите можни испитувања.Дури направив и многу повеќе од тоа што ми беше препорачано да направам, односно не постои нешто што не испитавНа крај цела таа борба се исплати.И ќе се исплати кај секој што решил да се бори, но ако не се презема ништо тогаш не може ни да се очекува нешто.Најдобро би било барем да ги направи основните испитувања, како хормони, микробиолошки тестови, пап тест и гинеколошки преглед за состојбата на јајниците за неа и спермограм за сопругот.Ова се испитувања кои секоја жена и маж би требало да ги направаат кои планираат семејство па дури и да немаат никаков проблем.
mila i na mene doktorot mi rece taka, togas bese 28 december a sega ete cekam za okollu 14-16 dena da imam transfer, i jas togas se custvuvav loso ama denovite idat i za enedn moment se noagjas pred transferot, ti posakuvam mnogu uspeh vo april
Толку пројдовме па за малку ќе почекаме, таман одмор малку и со нови сили трансфер, мила ти посакувам се најдобро на трансфер и да се пофалиш со висока бета , само кажи ми после пункцијата кога ти закажаа преглед кај док?
Доволно е да кажеш еднаш. Тоа е интимна работа и колку и да сакаат роднините навистина не треба да се мешаат. Има луѓе кои и немаат толкава желба да се остварат како родители или можеби не по овој нашиов макотрпен пат. Со еден збор доста е. Веќе не е твоја работа.