Само тоа ми збори срце. Дека сака, што ќе биде бебе кога ќе има. Се кршам начисто. Ама не ме слуша. Сите ги слуша , мене не. Едноставно во нејзини очи јас немам глас, нема сум.
Само затоа што не кажала дека прави испитувања и дека прави се што е во нејзина моќ-не значи дека дека не го прави тоа. И јас не кажувам ништо на никој и се правам наудрена кога ми зборат, а имам поминато низ сите испитувања и ивф. Јас не би се мешала во туѓа приватност, колку и да ми е некој близок.
Јас ич не се мешам, она ми кажува. Не само мене, на цел свет. Само што најверојатно слуша секој што и кажува да не се замара ќе фати , него мене. Имате право на крајот од денот, не и се мешам. Само да не биде и се ситам кога јас искрено се секирам. И тоа не ме чуди со народов наш чуден.
Девојки дали ви се изреметил циклусот после биохемиска? После трансферот и биохемиската добив нормално одма кога падната бетата.А сега 34ти ден ми е и уште чекам.
После биохемиска одма добив и јас нормално, но следниот месец добив толку минимално што не можам воопшто да кажам дека беше мензис.Дали беше причина самата биохемиска или сите лекови што претходно ги примив, не знам.
Еве ме пак со прашање. Денес проверував хормони и ехо кај Таше и на 2 ден немам никаков фоликул а се надевав да почнам постапка. Дали може помош околу резултатите не ми се случило до сега лх да е толку висок!?
Здраво. Да ве прашам доколку ви одредат ваучер со донирани јајце клетки дали одат под фондот или треба да се платет нахнадно? .Како оди процедурата
Јајце клетките ги купуваш дополнително, тие фондот не ти ги покрива и прилично коштаат многу. Кој има купувано може да сподели цена.
Јас платив 4.500 евра за 6 јк во Њуборн прошлава год. Ваучерот од Фондот ти покрива 1.500 евра што би ги дала за трансфер и оплодување.
Ако така збори тоа не значи дека може не оди, со такви муабети може си се штити сама себеси од прашања и сега што направи ? Што ти кажа докторот? Како ќе биде и слично. Еве пример за мене, јас имам 35 години и 5 години одам по лекари ама до сега со никого буквално со никого немам разговарано на таа тема. Ако некој нешто ме праша ајде што чекате одма кажувам... Чекај рано е сакаме да прошетаме, или едноставно кажувам па сега за сега не размислуваме има време. Јас инвитро правев во заедница живеам па на домашните и на моите родители им кажавме дека операција правев и дека морам да лежам, освен јас мм и докторот само знаеа. Едноставно така имаме одлучено и несакаме никој да знае додека не биде работата, здравје кога ќе биде тогаш ќе кажуваме. Може и твојата роднина си ги брка работите само несака да кажува, не секој е спремен интимата да ја раскажува без разлика колку со некого си близок.
fali srce, posle prviot ciklus zakazav termin i mi kaze doktorot deka treba da jadam dobro i zdravo, posle mi dade da pijam aspirin i toa e se
Девојки бива ли да сум толку баксуз има ли некоја како мене денес 8 ден од трансфер кафен исцедок на бришење и болки во стомакот, 25 ден од циклус прерано за мене добивам на 30 дена. Утре ќе правам бета за да видиме што е како е ама мислам у секој момент дека ќе пробие така ме боли стомак исто како пред циклус. И за бета е рано знам ама ми рекоа да провериме па ке видиме што ќе правиме
Може да е имплантациско да се вгнездува ембриончето...се додека си полриена со прогестеронска терапија нема да добиеш...почекај уште некој ден за бета да си провериш
Кафен исцедок тие денови од трансфер 90% е резултат на имплантација, немој да се грижиш многу од нас го имале исцедокот баш тие денови. Одмарај си и опушти се, рано ти е за бета барем уште 3 дена почекај. Со лесно и со среќа
И градиве денес престанаа да ме болат, незнам се изнаплакав сега, со викам ни до тест не издржав ќе добијам. Знам дека е рано а башка и 3 дневно е вратено, ама така ми рекоа ако имам утре кафено да проверам, ќе видам што ќе направам битно ептен се разочарав. Фала на подршката
Па да ставам по еден кринон навечер ама баш тоа прашав дали може да добијам и покрај тоа ми рекоа може, незнам што да мислам ама ептен сум down