Драги мои сите го одиме овој тежок пат, па ме интересира колку луѓе околу вас знаат за целиот процес,мајки,свекрви,другарки,роднини,комшии и слично. За мене и сопругот ова е интимна работа и знае само една другарка, никој од блиските, не сакаме да не тормозат нонстоп со прашања до каде зме, ќе биде ли, па зошто ме, па кога пак и слично, едноставно помирна глава и полесно ни е при секоја пречка или неуспех сами да си го пребродиме. Како е кај вас, колкумина знаат и ви прават дополнителен стрес и притисок?
Никој друг. Освен две блиски личности. И мене ми е ради притисокот, не сакам никој да ме прашува. Доволно е болен секој неуспех па уште да треба да го раскажувам. На некој му е утеха да разговара , мене не ми е.
Za mene znae cvekerva mi i cvekervot, i 2 od moite drugarki, na majka mi i na tatko mi ne mu kazev, i moite braka nistо neznat, bideki ne sakam da gi sekiram, ako ne uspehem ne sakam da gi vidal tazni moite roditeli i mojite braka. jas i koga se operirav koga pravev Histeroscopy i laparoscopy nikoj ne znaese osven svekerva i svekrv mi, i maz mi normalno, bideki ako ke gi vidam tie tazhni jas ke bidam uste po tazhna
И јас истите симптоми ги имав во Јуни и си реков ајде пак ништо не бидна. Ама сега чекам секој момент да го родам
Девојче полека без паника... Се додека не е чиста свежа крв нема место за паника кафеав исцедок е момност за имплантација,можеби си се гребнала дкколку ставаш кринон гел или сл,мене ми се имаше случено гребнатинка од кринон. Стомак исто боли и во бременоста. И јас како тебе мислев дека ви секој момент ќе добијам па имав успешно ивф. Почекај диши не брзај почекај за бета уште 3-4 дена. Сега релакс гали мешко и ужувај покриена си со терапија.
Не мисли на најлошо, може се работи за имплантациско.Кај мене беше исто.Имав кафеав исцедок на 7, 8 и 9 ти ден.На 8 ден веќе се разочарав и му се јавив на докторот, ми рече направи веднаш тест.Иако немав намера да правам толку рано тест, сепак го направив и тоа навечер.Тогаш си ги видов двете најубави црткиАко си со бластоциста можеш да направиш тест и Дај Боже и кај тебе да биде успешно.
Кај нас само мајка ми знаеше дека спремам документи за ивф. Од кога средив почнав со стимулации кажавме и на свекрва ми свекор ми и неколку пријатели блиски. Потоа веќе дознаа скоро сите и искрено мене не ми смета за мене и сопругот тоа е најнормална работа, и драго ми е и што околината околу нас го мисли истото и ми беа баш голема поддршка.
Секако дека е нормална работа, но немам сила истото да го повторувам и раскажувам на сите нон стоп и да одговарам на сите прашања што ќе им текнат зошто не биднало и што се десило
Ќе си правиш тебе како ти одговара и според тоа ти како се осеќаш. А и зошто мислиш дека нема да бидне? Само позитивност и се ќе биде Мене ми беше прво и успешно некаде длабоко во себе верував и навистина беше, сега за некој месец ќе се спремаме за втора среќа за бртче или сестриче А зоштда не па и тоа и тоа
Верувај дека колку помалку знаат толку полесно.Кај мене за првото инвитро знаеа сите од родители, пријатели, познаници.Многу ми беше тешко после неуспехот кога сите имаа да дадат по некој совет или да ми кажат да се опуштам.Мислам дека не постои збор што повеќе го мразам од Опушти сеЗа вториот трансфер исто знаеа доста луѓе но значително помалку.Само за последниот трансфер знаеа само моите со оглед дека мајка ми е доктор и ми беше потребна во целиот процес.Многу ми беше се полесно.Ова е само мое искуство, не значи дека е исправно, ама и сега да се вратам назад, не би кажала баш на никого и нема потреба никој да знае, зашто најчесто оние што не поминале низ ова, знаат и најмногу да повредат со своите коментари и совети иако ненамерно и несвесно.Јас баш овде на форумот ја најдов најголемата утеха и подршка и не верувам дека се ќе пројдев така лесно без членките од тука, кои најдобро ме разбирале и знаеле како да ми помогнат.
Со 3 дневно сум затоа и уште порано е кај мене мислам за бета ама така ми рекоа да видиме утре, а ме загрижува и градите престанаа да ме болат незнам што да мислам веќе
Па тогаш почекај, рано е уште.За градите не се секирај, мене воопшто не ме болеа и сеуште не ме болат, само на почеток ги чувствував како поцврсти.Дури имав и крварење свежа црвена крв во петта недела, неколку дена после позитивниот тест, па пак се беше добро.Знам дека е тешко, но пробај да мислиш позитивно.Навистина може да биде позитивен знак.
Опушти се не барај симптоми, зошто навистина не постојат тоа се само психички. Еве да те утешам јас бев исто со тродневен ембрион тој беше и за напред и за назад беше еден и единствен па еве сега спие до мене. Ниту мене гради ме болеа цела бременост не осетив болка во гради, искрено моментално имам циклус ама градите ме убиваат од болка. Држам среќа да успееш и сета загриженост да биде напразно. И јас тука се паничев и кукав поготово кога ми кажаа дека имам 1 ј.к си реков тогаш готово смак света ама.. не било така се заврши добро а истото ќе се случи и кај тебе. Не ги заборавм никогаш зборовите на @dunika каде рече да се опуштам и да си купам еден букет цвеќе, па еве и тебе би ти го предложила истото зошто од тогаш еве веќе 2 години јас стално го применувам и да знаеш дека функционира и ќе те расположи
Фала ти мила на утешните зборови и баш ќе си купам цвеќе да ти кажам ќе си излезам после и си реков синоќа од коа се изнаплакав како е вољата на господ така нека биде од мене се беше направено што ми кажаа. ❤️
За нас знаат сите блиски. Но јас како личност не многу објаснувам но чуствувам дека нема што да кријам. Но мојте блиски сите знаат до каде е мојата граница и не ме препрашуваат и не ми прават никаков стрес напротив се мојата голема поддршка. На работа исто така знаат дека сум во процедура и толку.
Што се однесува до работа,јас имав многу спонтани и што и да ме прашаа им одговарав-Кога ќе биде ќе Ви кажам(се мисли кога ќе се породам),ич не ми чуе(наша одлука,моја и на маж),од најблиските само свекрва и татко мии кога им кажавме дали е успешно или не добивме утеха а потоа и честитки.На другарките им кажав дека ќе имам проблематична бременост и дека не се знае до крај како ќе биде(ми дадоа поддршка без многу ука бука),имам супер другарки,останатите роднини и подалечни пријатели,кога се породив се надурлија што не им кажав дека сум бремена,него сум кажала кога сум се породила,па ука букаа јас си ќутев.Потоа нивните ќерки се породија и замислете и тие не ни кажаа дека се бремени и после роднините со подвиткани опашки-Ама Мартка знаеш ние не кажавме,ти знаеш како е,а јас кисело се насмеав,значи на свое боли.Значи тоа е нешто мое и на маж ако сакам ќе кажам ако не неи тачка.Затоа мили мои,терајте го патот и терајте до целта,а другите кој ги шиша.Ви посакувам успех на сите
Не се секирај тоа е честа појава во многу случаи кафеавиот исцедок мирувај колку што можиш повеќе,болките во стомакот можи се од хиперстимулација јас ги имам дури во 7 недела понекогаш,а за болките во градите и мене ми ги снема преку ноќ биди смирена и опуштена имај позитивна мисла нема правила за симптоми
Фала ти мила, јас немав хипер мислам, имав само грчеви во цревата и тоа јаки после пункција и трансфер, а болката вчера почна како за добивање и исцедокот дури на 8 ден, еве денес само една капка на гаките а на бришење од синока нема и не бев за бета сепак оставивме да видиме како ке е денес и утре па Понеделник здравје ќе проверам и од време на време такво чуство како да сум добила денес исто имам. ❤️