Зависи од клиника веројатно. Ама да, си требало да спомнеш дека си со ваучер. Прашај си да ти рефундираат. Овие патешествија се скапи и долги, не треба да плаќаш она што ти следува
И јас мислев како тебе ама на крај доплатив,уствари уште првиот ден ми мереле естрадиол,лх и уште еден и отишле бесплатните ,потоа уште неколку пати што мерев уште 5 сум доплатила...ја чувам и пресметката .8 мериоферт,6 цетротиде 3 естрадиол,1 прг 1лх.
Не си го дала ваучерот? Треба сите таму да знаат дека си преку Фонд, иначе како ќе знаеш што ти следува и вкупната сума што треба да ја дадеш.
Ова не е ок, не можеш и не треба да доплаќаш нешто што е задолжително да се истера протоколот. Или клиниките намерно погрешно го толкуваат. Исто и церотиде, дел е од секој краток протокол со антагонисти и треба исто да биде покриен. А веројатно има и нови подобри терапии до кои немаме пристап зашто правилникот не е ревидиран една деценија.
Мене уште на првото боцкање ми отишле 3те што следуваат хормони(кога доплаќав така ми кажаа)...и после другите мерења ги доплатив...можда ми беа и вонредни мерења не се качуваше естрадиолот па покачувавме и терапија,важно знам 5 хормона доплатив.И неколку инекции и тие ги рачунаат по единици,ја мислев по инекција.
И јас имав друга пресметка,ама не било по мое,ја инекциите по број си ги броев они по единици од фондот следеле од 75(незнам што мерна единица беше) и јас со една бемфола од 225 фактички трошам 3 што следат.
Ваучерот остана кај докторот, почнав со супрефакт да се боцкам па после една недела добив и на втор ден проверив естрадиол...
Па би требало да имаат увид и да се запознаени дека си со ваучер. Баш јави се и прашај ги дали е така и барај си да ти ги признаат тие испитувања што ги покрива ваучерот.
Поздрав ☺️ Јас сум на 10-ти ден после ембрио трансфер, исто бев преку фонд, за инсеминации 4 ви требаат мене така ми ги побара. Се најубаво ❤️
Да, тоа секако се подразбира и не разговарам за тоа, туку генетскиот код како се пренесува.. Чисто ме интересираше дали некој истражувал околу таа тема
4 инсеминациии, ако имате правено операција некоја, хсг, испитано хормони, крвна слика и хив од двата партнера, пап тест, микробиолошки брисеви, извод од венчани копија..и од лични карти и од мат гинеколог барање... Одите во фзо во вашиот град на живеење, на копиите ви ставаат печати и остануваат за Вас, а оригиналите ги испраќате до фзо Скопје.. (ОСВЕН ИЗВОД НА ВЕНЧАНИ И ЛИЧНИ КАРТИ) ТИЕ СЕ КОПИИИ И чекате одговор... Со среќа на сите што сте по тааа голгота.Верувајте и се ќе биде, само позитивно..
Мислиш дека се пренесува генетски код? Не ми е познато. Од тоа што го знам, генетиката е од двајцата родители, а мајката може да влијае преку епигенетиката: начинот на исхрана и што ќе му пренесе на плодот.
Негде прочитав дека 50% гени од таткото се добива, 30% од донорот на ј.клетки и 20% од мајката што го носи плодот.
Ахаа.... искрено, не знам. Тоа би значело ист сооднос и при сурогат мајка....така? Интересното е, кога се нудат донорни клетки викаат дека плодот прима нешто и од мајката која го носи, а во случај на сурогат мајка дека плодот е на родителите кои го дале генетскиот материјал. Мене искрено, ми е збунувачки.
Zdravo, dali nekoja od vas nekogas dobila sliki od stadiumite na razvoj na embrionite? Ili barem slika od embrionot sto go vratile vo fazata na transfer? Malku sum razocarana od klinikata kade sto pravev ivf, duri neznam kolku moze da ima se veruva. Odnapred blagodaram.
Девојки на ихерб до која сума на порачка не се плаќа царина? Инаку имат 14% попуст за Валентајн ако на некој му треба нешто
Не сум добила, ниту сум побарала. Слика од ембриони не ми е никаков показател за тоа дали можам да и верувам на клиниката. На крај краева и да добијам слика, која е гаранцијата дека тоа е слика од мојот ембрион, како ќе го препознаам Ако вака почнеме да се сомневаме, нема да има крај на сомнежите. Но ако едноставно не ти влева доверба клиниката во тоа што го прават, смени си ја да не ти оди на памет.
Здраво, јас имам добиено сликички, но искрено незнам колку тоа значи. Ако те интересира нешто треба да ги прашаш ембриолозите во кој стадиум се вратени и слично. Штом си се одлучила за таа клиника, треба да им веруваш, довербата според мене е многу важна во овој процес.