Нарачките ги правев до 45 евра. Не платив ни царина ни ддв. Над 45 евра (мислам) се плаќа само ддв, а над 90 евра царина и ддв. Само немој преку ДХЛ да нарачуваш затоа што кога ќе стигне нарачката им се плаќа плус за извршени услуги. Одбери ја опцијата за по обична пошта да пратат.
@ladystardust , многу ми е жал, и особено криво за тоа што го сфаќам вложувањето и надежта од целите подготовки. Пробав и јас со подготовки во физичка и духовна смисла, пробав и баш без ништо да се спремам, ни вака ни така не успеа. Дури вториот пат кога имав каков-таков позитивен бета хцг, бев понеподготвена те не пазев многу на храна и вежби и сл. Но, после тоа , т.е сега пак сум на мислење дека сепак ќе ми е подобро да се подготвам, да се доведам во физичка и ментална добра состојба, па да пробаме пак. Сега засега одмараме од процедури, но освен што сфатив дека морам да застанам и да "издишам", сфатив и дека е добро да се грижам за себе најдобро што можам во меѓувреме. Една утешна мисла во врска со твојата ситуација ми е дека имаш уште замрзнати ембриони (или барем 1). Тоа е добро. Се надевам дека си добро. Воопшто не е лесно, но тука сме за поддршка.
И мене ептен, затоа сакав да слушнам мислење и дискусија тука на темава.. чисто ме интересира што докторите ги информираат тие жени што прават ivf со донор јајце клетки.
До 90 евра не се плаќа ни ддв (веројатно зашто се суплементи). И да, никако преку дхл, таа post plus што е втор избор (за долар два поскапа од првата) е најдобра. Последната нарачка ми беше 91 долар, ми ја донесоа до дома како на госпоѓа
Мила индивидуално е а и од трансфер до трансфер пак е различно за колку време но од 2до3 дена може и до 7до10дена за да добиеш...
Фала ти најмногу. Се исплакав, извадив се од себе и веќе сум подобра. Затоа и пишав овде, знаејќи дека ќе наидам на поддршка, разбирање и утеха, особено од оние што сте поминале (и повеќе од еднаш за жал) низ истото. Се видов и со докторот и договоривме лапаро-хистероскопија со скречинг и сум многу среќна што работите се движат напред. Најважно е тоа што викаш, да се грижиме за себе и своето физичко и ментално здравје најдобро што можеме и да продолжиме во борбата полни со оптимизам.
Знам, ама дека имам еден јајовод другиот ми е отстранет па затоа прашувам да не треба во тој случај две инсеминации а не четири
Мене последните две нарачки двете околу 70 евра ми наплатија ддв околу 1200 за една. И кога прашав зошто ми објаснија дека само до 22 евра нема ни ддв ни царина, од 22 до 90 има ддв а над 90 и ддв и царина, а кога го прашав зошто на некого на 50/60/70 евра ништо не му наплакаат ми рече зависи на кој цариник ке налеташ и каков му бил денот. Како и да е најсигурно е до 50 да се нарачува според мене.
A da otidesh tamu na shalter i da prashash najubavo ... toj sto gi prima dokumentite edno chiche bash ovaa informacija so godinite mi ja kaza ... fondot za zdrastvo ... pozadi majka tereza kukata ... a napravi veke dve ??? pa sega se mislish za ushte dve ???
Како бе тоа така, како му бил денот Јас пред два месеци за прв пат нарачав производи во вредност од 65долари ништо плус не ми наплатија и порачката ми стигна на домашна адреса
@La-loca мене со две инсеминации ми одобрија инвитро. Едниот јајник ми е изваден ама имав и 36 год. Така да не знам точно кој услов преовладуваше за да ми го одобрат.
Да не ти беа преку дхл нарачани? Само суплементи нарачуваше? Чудно навистина, дестина нарачки над 80 евра никад не ми наплатиле. Се надевам дека ќе продолжат фини царинари да ми се погодуваат