Поздрав. Јас сум со Полицистични јајници ( PCOS),сум примила 13 дена Фостимон, последните 4 денови ми дадоа Цетротиде (заедно со фостимон) После на пункција, 10 ооцити зедоа, трансфер на 3 ден 2 ембриона, 2 за замрзнување.. но за жал на 11 ден ми почна крварењето.. (негативна бета) Терапијата од после пункција па и после трансфер ми беше: Естрофем,Аспирин,Фолна кис., Достинекс (само 8дена после пункција) и Криноне гел. Сега да сме живи и здрави одиме за друг трансфер, да одмарам малку. Се најубаво
Кај мене цело патишествие со стерилитет траеше скоро вели 10 години. После 5години борба правев хсг и тогаш кај мене на хсг се дијагностицира матка т форма. Тогаш др прво што предложи беше хистероскопија.Но јас од страв ја одложував скоро 2 години.Потоа др ми објасни дека и со таква матка може да останам бремена и може да се износи бременост,но и ми кажа дека е голем ризик за спонтан.Поголема била веројатноста да се има спонтан отколку успешна бременост..Исто ми кажа и дека ако сакам ваучер кога ќе поднесам документи ќе ми бараат хсг и кога ќе ја видат таквата дијагноза одма ќе одбијат и ќе бараат хистероскопија (таква дијагноза спаѓала во стерилитет). И откако направив хистеро собрав документи,направив 3 иуи чекав циклус за да почнам подготовка на 4 иуи која за среќа не ја правев бидејќи неочекувано јас добив позитивен тест,поточно на 9тата година борба останав природно. Мене ова објанување ми беше од доктор за ифв,додека матичен гинеколог не го сметаше за проблем за бременост. Побарај второ,па и трето мислење.
Каде правеше ивф? Некако слабо покриена со терапија,односно со прогестерон. Не ти дадоа Пролутекс или Прогестерон депо? Еве јас после трансвер ова зборам за пред 2 години, имав Пролутекс сабајле Кринон вечер. Аспирин циклопрогинова само бели и Имприл во него има милијон витамини. Повеќето ја имаме таа терапија
Да, сее ова и мене ми е речено во врска со бременост, спонтан и сл., но мене ме буни дали вистина е таква матка бидејќи мене од Фондот не ми побараа хистероскопија. Ние се водиме као проблем со спермограм, друго ништо демек..
И јас бев со краток,ама терап ијата после трансвер нема врска дали е со краток или долг протокол. Еве членките кои имале постапки во Ремедика нека кажат каква терапија им давале.
Што знам мила.. прв пат.. (преку фонд) не знам ни сама што да мислам.. 24 часа после трансфер, се вратив пак во болница со Colica abdominalis, ужасни болки, сум примила инфузии (антибиотици) веројатно сите биле фактори за неуспешноста..
А дали го прати хсг? Кај мене на ехо не се гледаше убаво но на хсг јасно се виде. Мој совет направи консултација со повеќе др и ќе видеш колку мислења од колку доктори се совпаѓаат,ќе знаеш всушност дали е таква матката или не.Подобро пред време да се среди него отпосле.
@*Mika Терапијата е различна индивидуално по проценка на докторот.Јас правев пред неколку год. со долг протокол примав после трансфер аспирин, кринон савајле,естрофем и декортин фала богу беше успешно. Сега во постапка со замрзнати на природен циклус аспирин,кринон и нивестим.Сепак зависи и колку е прогестеронот и др хормони. Исто зависи и од докторот некои даваат кринон некои пролутекс сепак зависи од целокуната слика на пациентот и каква е потребата.
Даа, го пратив со опис и плус 4д пратив. Можеби има само триаглест облик и потсеќа на Т форма, али ја сум дефинитивно збунета, ке мора да барам мислење уште некое. Нс ехото пишува дека е триаглест облик со уредна големина и сл, а на ХСГ пишува дека е Т форма со уредна големина, проодни канали и сл.. А дали кај тебе пишуваше во описот на ХСГ нешто поинакво?
Знаев! И мене он тоа исто ми го кажа! Да си го смениш и оди кај Трајковски во New Born. Имаш подобри ресултати од многу од нас, а докторот е посветен и секогаш влева надеж и убава енергија.
Истата терапија ја имав и јас во Ремедика, кринон навечер по едно, естрофен, фолна и аспирин. Изгледа на сите истата или слична терапија ни ја даваат. И додека лежев после трансфер слушнав и на другите жени истото им го даваа. Стварно незнам што да мислам дали тоа е тоа или има некој пропуст ?!?!
Мене првиот пат ми дадоа Пролутекс сабајле Крион навечер и Естрофем 3 x 2, Аспир и Фолна. А овој пат ми даде Пролутекс и сабајле и навечер. Крион НЕ.
Јас еве што имав. После пункција: Пролутех сабајле во 9 Аспирин Имприл Прогинова Сумамед Медрол по шема 5 дена кај мене 3 дена зошто трансвер беше на 3 ден. После трансвер: Пролутекс во 9 сабајле Кринон вечер пред спиење Прогинова на 8 часа само бели Имприл Аспирин наутро на гладно Веројатно сркоја клиника и дкктор кмаат различен протокол
42ри ден од циклус и нон стоп имам топлотни бранови како во менопауза да сум. Значи хормонскиве терапии ме пореметија начисто! @marijamarkoska утеши ме
Првиот пат по пункција примав естрофем 3х2, пролутекс сабајле, кринон навечер, аспирин, а по трансфер истото плус клексани. Сега во постапка со замрзнати ембриони примам естрофем 3х2 од прв ден на циклус и аспирин, клексани 15 дена пред трансфер (по препорака на трансфузиолог), на 13 ден од циклус хцг инекција, 5 дена пред трансфер почнав 2х пролутекс сабајле и навечер. На ден на трансфер интраутерино инјектирање на хцг и по трансфер на секои 3 дена 1500 иу хцг и плус се што примав пред трансфер. И метилфолат, метилколбамин и витамин С во дози препорачани исто од трансфузиологот. Пријателка по мака, со иста приказна како мене кај истиот доктор, ја прима истата терапија. Двете во исчекување на резултати
Ви посакувам и на двете позитивна Бета . И јас имав исто пријателка по мака,двете успеавме и сеуште си контактираме дури летово и се видовме.. Чекаме убави вести да се размрда темата
За трансферот следен прашав треба ли нешто дополнително ми рекоа у пронцип таа терапија е само или аспирин или клексан зависи, ама јас тоа немам испитано и не ми ни рекоа Дај боже да вроде со плод, со среќа и на двете. Убаво да се знае ова само докторот се ова сам го препорача или има нешто и на ваше барање ❤️
Ти благодарам мила за убавите желби. Дај боже нека има успех кај сите што поскоро Ова се е препорака на докторот. Му верувам и не се мешам за ништо. Како ќе каже тој така правам.