Циклусот ми траеше 70 дена. На моменти паничев дека навистина ми настапила менопауза потоа за да си ја доведам психата во ред се тешев дека можеби на тој начин си ги штедам ј.к. Беше ли на преглед? Ми се јави ли на др?
Идентична терапија како @Cloverrrr и @*Mika имав и јас. Моја другарка која во Ремедика имаше успешно прво ин витро , ја примаше истата терапија. Ми личи дека е баш индивидуално како ќе влијае. Ама па баш затоа треба да има и посебен пристап кон секоја пациентка со оглед на тоа дека сите си имаме различни дијагнози.
Прашање до сите со биохемиска бременост - какво ви беше крварењето и колку ви траеше? По некоја логика очекував да биде многу пообилно барем споредбено со вообичаен циклус, но кај мене е многу оскудно..:/ Еве го трет ден, а како да завршува.
Повторно имам прашање за оние кои не сте од Ск сега за транфузиологија, никогаш не сум била а примав клексани па сакам да се посоветувам и со транфузиолог. Моето прашање е од кога и како со која шифра земавте упат?
Му кажав, рече да ја испровоцораме со апчиња да дојде ама јас не сакам. Не сакам веќе да се клукам со хормони.
Исто и јас не сакав. И си чекав 2 месеци и пред постапката од декапептилот исто не добив и ми се собра скоро пола година со хормонски дисбаланс. Сега се мислев и да идам на ендокринолог џабе ќе е...уште сум хаос
Ах мила... незнам што е "подобро" да касни или на 12ти ден од циклус повторно да се прокрвари... а не е баш овулациско -сега ќе чекаме ништо не останува додека ни се нормализираат хормони и организмот...
Здраво на сите! Веќе повеќе од 1 година будно го следам форумов и сите слични теми поврзани со неплодност поради машки фактор, неуспешни инсеминации и слично. Конечно јас успеав да стигнам до целта и за прв пат да ги видам моите две цртки! Верувајте, ќе ви се случат и на вас, иако се додека си во тој бубањ така невозможно ви изгледа. Сакам да ја споделам мојата приказна, со цел некому да му помогнам доколку го има истиот проблем. После 1 година неуспешни обиди за бебе ги направивме сите прегледи за да видиме што не е во ред. Сопругот мој имаше астенозооспермија па веднаш започнавме со сите можни витамини и суплементи (proxeed, цинк, селен, Е, C, D, A, фолна и се што некаде прочитав). Следен спермограм астенотератозооспермија - значи оди на полошо. Дополнително почнуваме со ајурведа и алтернативна медицина, чаеви од Стојанови и сл. (Секако витамините не ги прекинавме никогаш), за на крај, да доживееме спермограм олигозооспермија со 2mil и немерлива брзина поради количината мала. Во цел период го променивме секојдневниот живот, цигарите ги остаивме, алкохолот исто, спорт почнавме, здрава храна, мед со јатки и што уште не. 2 неуспешни инсеминации и конечно ваучер од фонд кој го искористивме во newborn и ни донесе позитивен резултат на првиот обид! На толку мака, тестови за овулација, обиди за бебе, фрлени пари на суплементи сфатив дека сме требале и порано да го почнеме инвитрото. Од се срце на сите ви го препорачувам др. Владимир Трајковски. Толку е опуштен, позитивен, смирен. Не можеш да не му веруваш. Сестрите златни, посветени, насмеани, достапни во секое време. Едноставно, чиста петка и секоја им чест. Неспоредлива е систина со ова што го има и нуди newborn. Со лесно на сите на патот до бебе, тежок е, ама нема откажување затоа што сите ќе успееме!
Од прв обид? Баш интересно. Честитки! Може да го споделиш ивф-протоколот во детаљи? Каков ембрион трансфериравте? Ти какви суплементи земаше? До каде си сега со бременоста? p.s. Спордбава со Систина не е во ред, ме буни и на друго ме асоцира.......како за нов член на форумов.
@Ivana#IM Честитки за твојот успех. Но, апсолутно се слагам со она што го напишала @Mimmi39, можеби не е лошо да споделиш повеќе информации околу целиот протокол, самата постапка, терапијата, бидејќи на тој начин ќе помогнеш, вака испаѓа дека на темава си била lurker се до моментов кога доби позитивен тест и дојде да ни соопштиш и да го испофалиш Трајковски кој сите btw го знаеме, еден куп членки тука се негови пациентки. Секој доктор кај кој што сме имале успех е Бог за нас и е неспоредлив со никој друг. Друго, ај објасни те молам како Систина што е комлетна клиничка болница со најдолга традиција во ин витро постапки е неспоредлива со Њу борн (центар за плодност). Викаш дека си со прво ин витро, значи ин витро во Систина не си правела и вака кога соопштуваш без аргументи лошо влијае на членки што се моментално или пред започнување процедура во Систина, а сите знаеме и од лични искуства и од форумов колку само парови добиле дете таму. Не ме сфаќај погрешно, ама такви тврдења не се во ред, а ги имало и претходно на форумов и претходно вознемирувале членки што биле кај конкретните доктори/клиники. Се извинувам на сите, не сакам да провоцирам и да се карам, ама не можев да преќутам кога го видов постов. ПС. Јас сум пациент во Ремедика, така што не застанувам субјективно во одбрана на Систина во случајов, ниту пак имам нешто против Њуборн и Трајковски, баш напротив, впечатокот после сите искуства од таму што ги читам ми е многу позитивен.
Ехх женче ма ме наежи !!!!! Мојата борба 10 години траеше На крај останав природно бремена. Пред 9 месеци си родив едно мало слатко бебенце.
Мислам нема правило дека мора да е пообилен циклусот после биохемиска. Моето искуство е два дена пообилно крварење, што и претходно се случувало. Поздрав
Ете така кажи женче дека имаш втора линија Ајде за некој ден жар црвена ќе биде. Те чекаме да ни соопштиш висока бета
Од страв не можам ни да кажам ни пишам хахахха. Некако додека не испитам бета не ми е верно. Иако направив 8 теста ( немој да се смеете )
Се слагам, можеби и јас истото би го помислила. Имам најдобронамерна и најчиста мисла и најмногу од се сметам дека на оваа тема не се прави маркетинг. Ако така ме сфативте, жал ми е. Креирав профил само за да пишам во групава затоа што постојано барав членка со машки фактор, со подобрен спермограм, со лош спермограм а успех и слично, а никогаш не успеав да најдам. Коментарот ми беше само за некој кој ја дели истата мака да знае дека има начин и ќе успее, не за да се испофалам. Зарем фалење на форум ќе ми смени мене нешто? Се изнадавав премногу пари на месечни суплементи за маж ми, но ништо од тоа нас не ни помогна. Напишав за некој што го свртел цел интернет, пробал се, но немал ни напредок, ни успех, затоа што јас бев една од тие. Точно е, едно инвитро сум правела, но споредбата не ми беше за да промовирам некој туку еве зошто: - На првата инсеминација се боцкав со бемфола и пиев дополнително апчиња. Преголема стимулација која ми разви 6 фоликули, па немаше инсеминација и не ја бројам. - Дополнително 2 инсеминации, кои секако не беа успешни. Не кривам никој за неуспехот, но лута сум на нечовечноста што јас ја искусив таму. Дрскост и нељубезност. Со плачење си одев. Ни малку разговор, ниту позитивна мисла. Дур ми го враќаа материјалот докторката вика 'катастрофа, не ова не бива, ништо' - нож у срце. - кога отидов после инсеминацијата да ја прашам зошто, со дрзок муабет бев избркана од канцеларија и одговорот беше 'како јас да знам шо е работа. Знам дека материјалот е катастрофа' - колку и да е искрено тоа, не ср кажува така и на тој начин. Затоа и мојот гнрв од таму. - По добивање на ваучерот прв пат отидов на консултации во newborn. Тотално различен пристап и однос. Дури психички се олабавив и опуштив. Целиот процес го води докторот со сестрите. Сестрите знаеа да ми се јават да ме прашаат како сум. Постојано се убаво ми објаснуваа, со трпение и посветеност. Осетив човечки фактор, а не само фабрика за пари. Не ме сфаќајте погрешно ве молам, но јас имав страшно лошо искуство. Не генерализирам, не викам дека не е добра болница, туку моето искуство воопшто не беше позитивно таму. Во врска со мојата постапка: - не пиев ништо, затоа што се беше во ред кај мене. Пиев стандардни витамини кои под секогаш си ги пијам. - бев стимулирана на краток протокол со гонал и цетротиде. - принципот на оплодување кај нив е секогаш со icsi што за нас беше и најдобро решение. - неколку часа по оплодувањето ми се јавија и ми кажаа до каде се ембрионите, а од тогаш без утка ми кажуваа каква е ситуацијата секој ден - пред ембриотрансфер обавезително прават laser hatching што помага при имплантација. Доколку ме сфаќате погрешно, јас и ќе го избришам цел мој пост, затоа што најмалку помислив дека некој би се посомневал во маркетингшки трик. Преосетливи теми се ова, и самите ние сме сензитивна група на луѓе.
Дечки, прашање: има временски рок до кога треба да се достават дополнителни документи побарани од фондот за ваучер? Не успеав да најдам инфо на страната на ФЗО, не е спомнат никаков рок во овој дел.. Фала ви